Бил Павлески

Бил Павлески стапи на фунцијата министер за странски инвестиции без ресор на 28 јули 2011 година во Скопје, Република Македонија.

Роден е на 8 октомври 1974 година во Охрид.

 

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО:

2011

  • Министер за странски инвестиции без ресор на Република Македонија.

1997 – 2011

  • Вработен во американска мултинационална информатичка технологија Hewlett-Packard Company (HP), со седиште во Пало Алто, Калифорнија. Во текот на неговата 14 годишна кариера во HP бил поставен на различни високи инженерски и менаџерски позиции во организацијата за склaдирање на информации, вмрежување и технолошки услуги за Северна Америка, Европа и Азија.
  • Со тим дисперзиран на три континенти, бил одговорен за извршување на финалната стратегија за пред и попродажба и  поддршка на мултинационални Fortune 1000 корпорации. Одржува честа комуникација и соработка со големи корпорации и е вклучен во склучување на сложени проекти со истите.
  • На претходните позиции извршувал одговорна позиција за производство на софтвер и блиска соработка со HP India.
  • Активен претприемач во Harvard-MIT Entepreneurship Society, и е поврзан со фонд за ризичен капитал за почетни инвестиции во Бостон.
  • Член е на Harvard Faculty club.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

  • Магистер за Компјутерски науки на Northeastern University – Boston.
  • Магистер за Бизнис Менаџмент на Harvard University - Boston.
  • Електрофакултет на State University од New York – Binghamton.
  • Завршува средно образование во САД.