Министерства

За вршење на функциите на државната управа се основани следниве министерства:

 

Министерство за одбрана

Министерството за одбрана ги врши работите што се однесуваат на:
- остварувањето на системот на одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија;
- планирањето, организацијата, опремувањето, развојот и подготвувањето на Армијата на Република Македонија и спроведувањето на утврдените планови;
- организирањето и подготвувањето за одбрана и за цивилна заштита;
- организирањето и спроведување на обуката за одбрана;
- организирањето и подготвувањето на набљудување и известување, врски за раководење и криптозаштита;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.

Министер: Зоран Јолевски

Адреса: „Орце Николов“ бб, 1000 Скопје; тел: 3119-577, факс: 3227-835

Web Site: www.morm.gov.mk

 

Министерството за внатрешни работи

Министерството за внатрешни работи ги врши работите што се однесуваат на:
- остварување на системот на државната и јавната безбедност;
- пријавувањето на живеалиштето и престојувалиштето;
- државјанството и патните исправи за премин на државната граница;
- движењето и престојот во граничниот појас;
- контролата на преминување на државната граница, како и определени работи во врска со утврдувањето и решавањето на граничните инциденти и другите повреди на границата;
- престојот и движењето на странците;
- производството, прометот, складирањето и заштитата од запаливи течности, гасови, експлозиви и други опасни материјали и превозот на овие материјали;
- укажувањето на помош при елементарни непогоди и епидемии;
- набавувањето, поседувањето, носењето и контролата на обележувањето на оружјето и муницијата;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.

Адреса: „Димче Мирчев“ бр.9, 1000 Скопје; тел: 3117-222, факс: 3112-468

Web Site: www.mvr.gov.mk

 

Министерство за правда

Министерството за правда ги врши работите што се однесуваат на:
- судството, јавното обвинителство, јавното правобранителство;
- државната управа;
- кривичната одговорност и одговорноста за прекршоци;
- нотарските работи, адвокатурата и други видови правна помош;
- наследувањето, сопственоста, стварните права и облигационите односи;
- меѓународната правна помош;
- извршувањето на санкциите за кривични дела и прекршоци;
- организацијата и управувањето со казнено-поправните и воспитно-поправните установи;
- амнестијата и помилувањето;
- судските вештачења, експертизи и супер-вештачења;
- изборниот систем, водењето евиденција на избирачкото право;
- кривичната, прекршочната, парничната, вонпроцесната, извршната и управната постапка;
- управниот надзор;
- вршењето на работите што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државната управа и
- врши други работи утврдени со закон.

Министер: Валдет Џафери

Адреса: „Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000 Скопје; тел: 3117-277, факс: 3226-975

Web Site: www.pravda.gov.mk

Министерството за надворешни работи

Министерството за надворешни работи ги врши работите што се однесуваат на:
- надворешните работи и надворешната политика на Република Македонија;
- воспоставувањето, развивањето и координирањето на односите, претставувањето и афирмирањето на Република Македонија на меѓународен план;
- заштита на интересите, правата и имотот на Републиката и нејзините државјани и на домашните правни лица во странство;
- координирањето и известувањето за политиката од надлежноста за која е основано;
- грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји;
- организацијата и раководењето со дипломатските, конзуларните и други претставништва на Република Македонија, како и организирање на системот на врски со нив;
- склучувањето, ратификувањето и чувањето на меѓународните договори;
- определувањето и одбележувањето на државната граница;
- комуникацијата и соработката со странските дипломатски и конзуларни претставништва на странски држави и мисии на меѓународни организации во Република Македонија;
- акредитацијата на амбасадори, приемот на акредитивни писма, издавањето привилегии и имунитети на странски дипломатски претставништва и претставништва на меѓународни владини организации и други работи во врска со именувањето и отповикувањето на амбасадори на Република Македонија во странство;
- собирањето, проучувањето и грижата за странската и домашната документација од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.

Министер: Никола Попоски

Адреса: „Даме Груев“ бр. 6, 1000 Скопје; тел: 3115-266; 3110-333, факс: 3115-790

Web Site: www.mfa.gov.mk

Министерство за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика ги врши работите што се однесуваат на:
- работните односи, вработувањето и вработеноста;
- пензиско-инвалидското осигурување;
- заштитата на работниците при работењето;
- материјалното обезбедување на привремено невработените;
- платите и животниот стандард;
- социјалната политика;
- хуманата популациона политика заради усогласен економски социјален развој;
- правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница;
- односите меѓу родителите и децата, старателството и посвојувањето;
- унапредувањето на рамноправноста на половите;
- заштитата на децата и малолетните лица;
- заштитата на младината и жените;
- заштитата на лицата со пречки во развојот;
- заштитата на цивилните инвалиди од војната и на семејството чиј хранител е на задолжителна воена служба;
- заштитата на борците од Антифашистичката војна и од сите национално ослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.

Адреса: „Даме Груев“ бр. 14, 1000 Скопје; тел: 3117-288, факс: 3118-242

Web Site: www.mtsp.gov.mk

Министерство за финансии

Министерството за финансии ги врши работите што се однесуваат на:
- системот на финансирање;
- трезорскиот систем;
- царинскиот систем;
- даночниот систем и даночната политика;
- системот на девизното работење;
- системот на банките и штедилниците и други финансиски институции;
- системот на сметководството, ревизијата и платниот промет;
- заемите и кредитите;
- макроекономската политика и политиката за развој на националната економија;
- подготвувањето проекција на платниот биланс;
- подготвувањето и следењето на макроекономските биланси;
- осигурувањето на имот и лица;
- игрите на среќа;
- изготвувањето и извршувањето на Буџетот на Република Македонија и на завршната сметка на Буџетот на Република Македонија;
- сопственоста и други имотно-правни односи;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.

Министер: Кирил Миноски

Адреса: „Даме Груев“ бр. 14, 1000 Скопје; тел: 3117-288, факс: 3117-280

Web Site: www.finance.gov.mk

Министерство за образование и наука

Министерството за образование и наука ги врши работите што се однесуваат на:
- воспитанието и образованието од сите видови и степени;
- организацијата, финансирањето, развојот и унапредувањето на воспитанието, образованието и науката;
- воспитанието и образованието на децата на нашите работници на привремена работа и престој во странство;
- верификацијата на струките и профилите во образованието;
- ученичкиот и студентскиот стандард;
- технолошкиот развој, информатиката и техничката култура;
- информациониот систем;
- меѓународната научно-техничка соработка;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.

Министер: Пиштар Лутфиу

Адреса: "Мито Хаџи-Василев Јасмин" бб , 1000 Скопје; тел: 3117-896, 3117-277, факс: 3118-414

Web Site: www.mon.gov.mk

Министерство за економија

Министерството за економија ги врши работите што се однесуваат на:
- следењето на состојбата и појавите на пазарот на стоки и услуги и влијанието на мерките на економската политика;
- следењето на економските, структурните и техничко-технолошките состојби и предлагање на мерки за остварување на развојната и тековната економска политика во областа на производството, трговијата, туризмот, угостителството и занаетчиството;
- преземањето мерки против монополската положба и монополското однесување;
- следењето на тековните материјални биланси и снабдувањето на граѓаните со основните прехранбени производи и други стоки за широка потрошувачка и на претпријатијата со суровини и репроматеријали;
- системот и политиката на цени на производи и услуги;
- подготвувањето програма за глобален материјален развој на човечките ресурси;
- индустриската сопственост;
- заштитата на потрошувачите;
- малите и средните претпријатија и задругарството;
- следењето на меѓународните стопански движења, како и нивното влијание врз економските односи на Република Македонија;
- надворешно-трговското работење;
- геолошките истражувања и експлоатацијата на минералните суровини;
- енергетиката;
- примената на општите и техничките нормативи, прописи и стандарди;
- метрологијата;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.

Министер:Дритон Кучи

Адреса: „Јуриј Гагарин“ бр. 15, 1000 Скопје (зграда на БЕТОН А.Д.)
тел:3084-470, 3084-471, факс:384-472

Web Site: www.economy.gov.mk

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги врши работите што се однесуваат на:
- земјоделството, шумарството и водостопанството;
- користењето на земјоделското земјиште, шумите и другите природни богатства;
- ловот и риболовот;
- заштитата на добитокот и растенијата од болести и штетници;
- следењето и проучувањето на состојбите со водите, одржувањето и подобрувањето на режимот на водите;
- хидромелиоративните системи;
- хидролошките и агрометеоролошките мерења, како и противградобијната заштита;
- проучувањето и истражувањето на метеоролошките, хидролошките и биометеоролошките појави и процеси;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.

Министер: Михаил Цветков

Адреса: „Ленинова“ бр. 2, 1000 Скопје; тел: 3134-477, факс: 3239-429

Web Site: www.mzsv.gov.mk

Министерство за транспорт и врски

Министерството за транспорт и врски ги врши работите што се однесуваат на:
- патниот сообраќај и патната инфрастуктура;
- железничкиот сообраќај и железничката инфраструктура;
- воздушниот сообраќај и воздухопловната инфраструктура;
- внатрешната пловидба;
- телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
- радиодифузијата и радиодифузната инфрастуктура;
- поштенскиот сообраќај и поштенската инфрастуктура;
- други видови на транспорт и инфраструктура која е неопходна за вршење транспорт (жичари и ски-лифтови и слично);
- станбено-комуналните работи, соодветната инфраструктура, уредувањето на просторот и управувањето со градежното земјиште во сопственост на Републиката и
- врши и други работи утврдени со закон.

Министер: Владо Мисајловски

Адреса: Плоштад Црвена Скопска општина бр. 4, 1000 Скопје;
тел./факс 3123-292; 3126-228; 3145-497

Web Site: www.mtc.gov.mk

Министерство за здравство

Министерството за здравство ги врши работите што се однесуваат на:
- здравствената заштита и здравственото осигурување на населението;
- загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните продукти;
- организацијата и развојот на здравството;
- следењето на здравствената состојба на населението;
- заштитата на населението од заразни болести, од штетното влијание на гасовите, јонизирачките зрачења, бучавата, загаденоста на воздухот, водата и земјиштето;
- прехранбените производи и предмети за општа употреба;
- хигиено-епидемиолошката состојба;
- лековите, помошните лековити средства, медицинските помагала, медицинската опрема, санитетските уреди и материјали;
- отровите и опојните дроги;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.

Министер:Никола Тодоров

Адреса: „Водњанска“ бб, 1000 Скопје; тел: 3147-147, факс: 3113-014

Web Site: www.zdravstvo.gov.mk

Министерство за култура

Министерството за култура ги врши работите што се однесуваат на:
- следењето, анализирањето и предлагањето акти и мерки за развој и унапредување на културата;
- организацијата, финансирањето и развојот на мрежата на националните установи и финансирањето на програми и проекти од национален интерес во оваа област;
- заштитата на културното богатство;
- издавачката, музичката, сценско-уметничката, филмската, галериската, библиотечната, архивската, музејската и кинотечната дејност, дејноста на домовите на културата и дејноста за посредување во културата;
- заштитата на авторското право и сродните права;
- споменичкото одбележување на настани и истакнати личности од национален интерес;
- надзорот од негова надлежност и
- врши и други работи утврдени со закон.

Министер: Елизабета Канческа Милевска

 

Ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ бр.61, 1000 Скопје;
тел: 3240-555; 3240-500, факс: 3226-920

Web Site: www.kultura.gov.mk

 

Министерство за локална самоуправа

Министерството за локална самоуправа ги врши работите што се однесуваат на:
- следењето на развојот и предлагањето мерки за унапредување на локалната самоуправа;
- следењето на состојбата за територијалната поделба и развивање стандарди за големината, населението и потребите на единиците на локалната самоуправа;
- предлагањето на системот, политиката, мерките и инструментите за остварување порамномерен регионален развој и за поттикнување на развојот на стопански недоволно развиените подрачја;
- остварувањето и користењето на средствата наменети за стопански недоволно развиените подрачја;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.

Министер:Шурете Елези

Адреса: „Даме Груев“ бр. 14, 1000 Скопје тел:3106-302, факс:3106-303

Web Site: www.mls.gov.mk

Министерство за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање ги врши работите што се однесуваат на:
- следењето на состојбата на животната средина;
- заштитата на водите, почвата, флората, фауната, воздухот и озонската обвивка од загадување;
- заштитата од бучава, радијација, заштитата на биодиверзитетот, геодиверзитетот, националните паркови и заштитените области;
- реставрацијата на загадените делови од животната средина;
- предлагањето мерки за третман на цврст отпад;
- просторното планирање;
- просторниот информативен систем;
- надзорот од негова надлежност и
- врши и други работи утврдени со закон.

Министер: Башким Амети

Адреса: „Дрезденска“ бр. 52, 1000 Скопје (Градежен институт на Македонија)
тел:3066-930, факс:3066-931

Web Site: www.moepp.gov.mk

Министерство за информатичко општество и администрација

Министерството за информатичко општество и администрација ги врши работите што се однесуваат на:

-развојот и промоцијата на информатичкото општество;
-креирањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа;
-интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања;
-следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди;
-телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
-радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура;
-законското уредување на прашањата во врска со администрацијата;
-надзорот и обезбедувањето на единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавните службеници;
-развивањето на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници;
-класификацијата и описот на работните места, платите и надоместоците на плати на државните и јавните службеници;
-водењето Регистар за државните и јавните службеници;
-подготвувањето стратешки документи за ефикасното и ефективното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, организирање и спроведување на обуката;
-развојот и координацијата на политиките во врска со управувањето со човечките ресурси;
-реформата во јавната администрација;
-остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност и
-врши и други работи утврдени со закон.

 

Министер: Марта Арсовска Томовска

Адреса: "Мито Хаџи-Василев Јасмин" бб, 1000 Скопје
Тел : 3200-870 , Факс : 3221-883

Web Site: www.mioa.gov.mk