Владини комисии

Основни Комисии на Владата на Република Македонија


 

  • Комисијата за политички систем разгледува предлози за донесување закони, нацрт-закони, предлог-закони и други прописи и општи акти од областа на политичкиот систем, како и прашања во врска со спроведувањето на политиката за извршување на законите, другите прописи и акти на Собранието и на Владата од областа на надворешните работи, одбраната и безбедноста и и предлага на Владата соодветни мислења по прашањата од овие области; прашања во врска со организирањето и спроведувањето на подготовките од областа на одбраната што се од надлежност на Владата; прашања што се однесуваат на функционирањето на парламентарната демократија и на владеењето на правото; децентрализација на власта и развојот на локалната самоуправа; изградувањето на правниот систем и законодавството; прашања од областа на внатрешните работи; судскиот систем; прашања од информативниот систем; организацијата и функционирањето на државните органи и реформата на јавната администрација; усогласувањето на националната политика со политиките на Европската унија; усогласување на правниот систем со законодавството на Европската унија; остварувањето на политиката за извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и на Владата; како и други прашања од интерес за развојот на овие области и и дава мислења и предлози на Владата за решавање на прашањата од нејзината надлежност.

  • Комисијата за економски систем и тековна економска политика разгледува предлози за донесување закони, нацрт-закони, предлог-закони и други прописи и општи акти од областа на економскиот систем и развојната политика, како и разгледува прашања што се однесуваат на: стратешките приоритети и мерките за нивна реализација; поттикнување на одржлив економски развој и порамномерен просторен и регионален развој, научниот и технолошки развој; утврдување на материјалните, енергетски и други биланси; заштитата на животната средина и одржливиот развој; финансиите, даночната политика, земјоделието; економските односи со странство, светски интегративни процеси; процесот на интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и усогласувањето на националната политика со политиките на Европската унија; урбанизмот; банкарството и осигурувањето; кредитно-монетарната политика; девизната и царинска политика; кредитните односи со странство; долгорочни хартии од вредност; пазарот и цените, јавната потрошувачка; техничката култура и иновациите; ги следи вкупните стопански движења и предлага мерки на економската политика преку донесувањето и спроведувањето на макроекономската политика; ја следи материјалната положба на стопанството и јавната потрошувачка преку донесувањето и извршувањето на Буџетот на Република Македонија, програмите за финансирање на одделни дејности и намени од интерес на Република Македонија, (јавните служби од материјалното производство); станбено-комуналните работи, животниот стандард; туризмот; имотно-правните односи; усогласувањето на правниот систем со законодавството на Европската унија; и и дава мислење и предлози на Владата за решавање на прашањата од нејзина надлежност; како и други прашања од интерес за развој на овие области.

  • Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој разгледува предлози за донесување закони, нацрт-закони, предлог-закони и други прописи и општи акти од областа на образованието, науката, уметноста, културата, младите и спортот, организацијата и условите за работа во овие области и стручното усовршување на работниците во нив; вработеноста и вработувањето; здравствената заштита; социјалната сигурност и социјалното осигурување; посебната заштита на децата; здравственото, пензиското и инвалидското осигурување; социјалната заштита на борците, воените инвалиди и цивилните жртви во војната; усогласувањето на правниот систем со законодавството на Европската унија, организацијата и условите за работа во овие области и стручното усовршување на работниците во нив; се грижи за положата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија; го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив; се грижи за остварување на економските и социјалните права на граdаните на Републиката во странство; потребите за што поефикасно остварвање на реинтеграцијата и репартијацијата на повратниците и иселениците; материјално и друго обезбедување на одделни определени категории повратници и иселеници, како и за други лица за кои дава согласност за прифаcање, помагање и поттикнување; разгледување на договори со кои се воспоставуваат материјални обврски на Република Македонија, а кои се однесуваат на повратниците и иселениците и во врска со тоа соработува со соодветните органи и организации во Република Македонија како и дава мислења и предлози на Владата за решавање на прашања од нејзина надлежност.

 

Комисии формирани со посебна одлука на Владата на Република Македонија


 

  • Комисија за информатичка технологија

  • Комисија за борба против недозволено производство,трговија и злоупотреба на дрогата

  • Посебна комисија за утврдување на условот владеење на македонскиот јазик за стекнување на државјанство на Република Македонија

  • Национална комисија за УНЕСКО на Република Македонија

  • Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција во Република Македонија

  • Национална комисија за интегрирано гранично управување

 

Посебните Комисии на Владата на Република Македонија


 

  • Комисија за станбени и иселенички прашања одлучува за давање под закуп станови во сопственост на Република Македонија на лица избрани и именувани за вршење на јавни и други функции утврдени со Уставот и законот; социјално загрозени лица и станбено необезбедени, согласно Законот за социјална заштита и Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства; на лица на кои им престанало станарското право согласно Законот за денационализација; лица од подрачја прогласени за погодени од природни непогоди и епидемии, како и на вработени во државните органи, кои вршат посебни должности неопходни за остварување на основната функција на органот.

  • Комисија за именување ги разгледува прашањата од областа на кадровската политика од надлежност на Владата; ѝ дава мислење на Владата, односно поднесува предлози до Владата за именување, назначување или разрешување од должност директор на орган на државната управа и нивни заменици; генералниот секретар на Владата, неговиот заменик и државните секретари; работоводни органи на јавни претпријатија што ги именува, односно назначува Владата, или што се именуваат по претходно мислење, предлог или во согласност со Владата; се грижи за спроведување на заклучоците на Владата во врска со кадровската политика; подготвува предлози на решенија за плати и други надоместоци на директори и нивни заменици на орган на државна управа, генералниот секретар на Владата, неговиот заменик и државните секретари; ги разгледува прашањата во врска со имунитетските права на членовите на Владата; и и дава мислења и предлози на Владата за решавање на прашања од нејзина надлежност.

  • Комисијата за приватизација ги разгледува условите и начинот за приватизација на општествената сопственост; предлага законски и други мерки за нејзино реализирање; согледување на состојбата на претпријатијата опфатени со програмите за приватизација на сопственоста; дава мислење за развојните програми кои се кандидати за финансирање од Агенцијата за приватизација, ја разгледува Годишната програма и Финансиската програма за работа на Агенцијата за приватизација на Република Македонија, ја оценува нејзината работа, го предлага начинот на продажба на акциите и уделите стекнати врз основа на државниот капитал, одделно и заедно со акциите и уделите издадени на Агенцијата; предлага на Владата да именува претставници во претпријатијата, односно друштва во кои има акции и удели стекнати врз основа на државен капитал, како и акциите и уделите издадени на Агенцијата; врши и други работи од нејзината надлежност утврдени со закон.

  • Комисијата за наменско производство ги следи состојбите и развојот на производството за вооружвање и воена опрема во мир; развојот и оспособувањето на основните и дополнителните капацитети наменети за производство за вооружување и воена опрема, како и на производството санитетски материјали и други производи, опрема и услуги за потребите на одбраната.