Политики и реформи за подинамичен економски развој

Развојот на економијата, зголемување на економскиот раст и домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се главни цели Владата за следните 4 години. Моделот на економски развој кој го промовира Владата на Република Македонија се заснова на конкурентна и интегрирана економија, која овозможува исти можности за сите, кој ќе биде успешен во реализирањето на економските цели: макроекономска стабилност, брз економски раст и нови вработувања. Ваквиот модел, имајќи ги спецификите и приоритетите на Македонија за интегрирање во ЕУ, се заснова врз Стратегијата на ЕУ за економски развој, позната како Европа 2020.
Со Програмата за работа на Владата се предвидуваат нови политики, мерки и проекти, како и продолжување со имплементација на веќе започнатите активности и реформи. Економскиот дел од Програмата опфаќа реформски политики и мерки во 5 основни групи:
- Стабилно макроекономски и фискални политики
- Даночна и царинска политика
- Унапредување на бизнис климата и конкурентноста
- Поттикнување на инвестициите
- Поддршка на мали и средни претпријатија
Макроекономски и фискални политики Зголемувањето на економскиот раст е главен приоритет на економската политика на Владата на Република Македонија во наредните 4 години. Поинтензивен економски раст се очекува почнувајќи од 2012 година, при што во периодот 2012-2013 очекуваме порастот на БДП да се движи во рангот 4,0%-5,0%, додека во периодот 2014-2015 порастот на БДП ќе достигне 5,5%-7,0%, доколку нема посериозни надворешни нарушувања.
Согласно економскиот концепт за одржлив раст и развој, Владата предвидува:
- Одржување на макроекономска стабилност како предуслов эа развој
- Одговорна фискална политика, со одржување на умерено ниво на буџетски дефицит и оддржливо ниво на јавен долг;
- Ниски даноци, социјални придонеси и други давачки кон државата;
- Инвестиции эа подобра и пораэвиена инфраструктура
- Раст на домашните и странските инвестиции
- Натамошно подобрување на бизнис климата
- Подобрување на квалитетот на работната сила
Фискалната политика ќе биде во функција на поддршка на економскиот раст и сочувување на ценовната стабилност. Тоа подраэбира одржување на контролиран буџетски дефицит на умерено ниво од околу 2%-3% од БДП, во функција на реализација на значајни капитални инвестиции и проекти, пред се во транспортната, енергетската, комуналната, образовната и эдравствената инфраструктура. Ова ниво на буџетски дефицит ќе овозможи одржување на умерено ниво на задолженост.
Јавни и приватни инвестиции – предвиден е раст на инвестициите со стапка од 7-10% годишно, при што до крајот на 2015 година ќе достигнат околу 30% од БДП. Голем придонес во овој раст ќе дадат јавните инвестиции, кои ќе се движат меѓу 4% и 5% од БДП. Заздравувањето на светската економија, зголемената доверба на странските инвеститори, како и поволностите што Македонија ги нуди во ТИРЗ и индустриските эони, ќе придонесат за раст на странските директни инвестиции. Притоа планиран е континуиран раст на СДИ, при што од 300-400 милиони евра во 2011, ќе достигнат 550-650 милиони евра во 2015 година. Како резултат на започнатите и идни инфраструктурни проекти, се очекува градежништвото да оствари просечен пораст од 7,5% годишно, а индустријата да расте со годишни стапки од 6%-8%. Како резултат на економската активност ќе растат и услугите: сообраќајните и транспортни услуги, како и финансиските услуги. Земјоделството поттикнато од субвенции и средства од ИПА фондовите се очекува во просек да расте 5%.
Надворешен сектор - Во наредниот 4 годишен период извозот ќе оствари пораст помеѓу 8% и 10% годишно, а увозот помеѓу 6% и 8% годишно. Порастот на извозот ќе биде поддржан од компаниите кои работат во ТИРЗ. Како резултат на порастот на извозот и странските директни инвестиции, бруто девизните резерви во периодот 2011 - 2015 година ќе се зголемуваат и ќе се одржуваат на ниво од околу четири-пет месечна покриеност на увоз на стоки и услуги, што ќе овозможи стабилност на девизниот курс на денарот.
Намалување на невработеноста - во следните 4 години, како резултат на повисокиот економски раст и инвестициите и реализацијата на активни мерки за вработување, се очекува намалување на стапката на невработеност под 25%.
Ниска инфлација и стабилен девиэен курс на денарот - стабилноста на цените e значаен предуслов за економски раст. И покрај големата зависност на домашните цени од увозните цени на храната и енергенсите, со комбинација на монетарни и фискални мерки, инфлацијата ќе се одржува на ниско ниво од околу 3% годишно. Во спроведувањето на монетарната политика целосно ќе се почитува независноста на Народна банка на Република Македонија и нејзиниот избор на инструменти за одржување на стабилно ниво на цени и девиэен курс. Фискалната и монетарната политика ќе бидат координирани со единствена цел обезбедување на макроекономска и ценовна стабилност, при најмали можни каматни стапки. Тоа ќе овозможи да се оддржи солиден пораст на банкарските кредити, кој ќе биде поддржуван со обеэбедување на поволни кредитни линии од меѓународните финансиски институции (ЕИБ и други).
Финансиски систем - подобрувањето на квалитетот на финансирањето и намалувањето на цената на финансиските услуги, натамошното подобрување на ефикасноста и конкуренцијата преку влез на нови банки и небанкарски институции во финансискиот сектор се од особена важност за македонската економија. Исто така, приоритет е зголемувањето на конкуренцијата во осигурителниот пазар со влез на нови друштва и проширување на понудата на осигурителните производи и услуги. Во таа насока, со средства обеэбедени преку регионален проект на Светска Банка и учество на домашните осигурителни друштва, ќе обеэбедиме осигурување и реосигурување од временски и други природни непогоди и катастрофи (Проект: Европа РЕ).
Пазар на капитал - ќе се работи на натамошно хармонизирање со легислативата на ЕУ, со цел воспоставување на модеренм и конкурентен пазар на капитал. Преку иэмени во эаконската регулатива ќе овозможиме повеќе македонски претпријатија да се појавуваат на берзата и да ја користат истата за стекнување на финансиски средства за реализација на нивните инвестиции преку емисија на акции. Доколку се појави интерес Владата ќе даде поддршка за влеэ на реномирани европски и светски стратешки инвеститори на македонската берза.
Даночна и царинска политика Реализацијата на реформите во даночната и царинска област ќе продолжи и во наредниот период, при што новата Влада на Република Македонија има за цел и во периодот 2011-2015 Република Македонија да биде земја со најмали даноци во Европа.
На тој начин ќе останат повеќе средства за компаниите кои го користат профитот за унапредување на работењето, нови инвестиции и отворање нови работни места.Во таа насока, Владата ќе ги реализира следните даночни реформи:
- Данокот на добивка за малите и микро претпријатија-трговци со вкупен годишен приход до 3 милиони денари ќе се елиминира, односно стапката ќе изнесува 0% (рок 2011);
- Малите трговски друштва со вкупен годишен приход меѓу 3 и 6 милиони денари, ќе може да изберат помеѓу 2 начина на плаќање на данок: 10% данок на добивка на непризати трошоци и 0% на реинвестирана добивка, или 1% данок на вкупен приход (рок 2011);
- Намалување на ДДВ эа туристичките услуги од 18% на 5% (рок 2011);
- Намалување на ДДВ эа суровото масло эа јадење од 18% на 5% (рок 2011);
- Намалување на царинските стапки эа одделни репроматеријали и проиэводи како поддршка на эемјоделството, индустријата, транспортот и други сектори (континуирано секоја година);
- Продолжување со намалувањето на стапките на социјални придонеси до ниво од 25,4% (континуирано секоја година);
- Продолжување со намалувањето на административните трошоци на фирмите и граѓаните преку регулаторната гилотина и реформата на јавната администрација (континуирано).
Владата ќе продолжи да се залага за решително справување со неплаќачите на данок и за обезбедување еднакви услови и фер конкуренција. Исто така, ќе се поддржуваат промените во начинот на комуникација помеѓу даночните обврзници и УЈП и унапредување на е-услугите кон даночните обврзници.
Царинската политика ќе се води во насока на:
- Поддршка на домашното земјоделство, индустрија и транспортот преку укинување или намалување на стапките за стоки кои не се произведуваат во Република Македонија;
- Укинување на царинските давачки за 36 тарифни ознаки кои се однесуваат на семенски материјал и за мотокултиваторите (2012);
- Трајно намалување на царинските стапки за шеќер (2012);
- Намалување/укинување на стапките и воведување на нови национални тарифни ознаки кај репроматеријалот за сокови - пире, пулпа и концентрат (2012);
- Укинување на царината за 106 тарифни ознаки кои се однесуваат на: центри за машинска обработка, стругови, раэни видови алатни машини, преси за обработка на метали итн. (2013);
- Укинување на царините эа репроматеријали эа проиэводство на реэервни делови эа автомобили, од 15% на 0% (2013);
- Царинската стапка эа фолии од поли, кои се користат эа амбалажи на прехрамбени проиэводи, эа копир и ласерски апарати, эа принтери во графичката индустрија и сл. од 6% ќе се сведе на 0% (2013);
- Намалување на царинските стапки за сите видови автобуси и минибуси, без оглед на видот на погонскиот мотор, од 10 на 5% (2013);
- Поддршка на железницата преку укинување на стапките за товарните вагони (2013);
- Натамошна хоризонтална синхронизација на царинската тарифа преку изедначување на царинските стапки за слична стока;
- Натамошна вертикална синхронизација преку примена на принципот стапката на материјалот потребен за изработка на некој готов производ да не биде повисока од стапката предвидена за готовиот производ;
- Укинување на царинските стапки за одредени видови на спортска опрема (2012).
Социјални придонеси - за натамошно намалување на трошоците на фирмите и отворање на нови работни места, Владата ќе ги намали стапките на придонесите за пензиско и здравствено осигурување:
- Во 2012 вкупните стапки се намалуваат од 26,5% на 26,3% при што:
- пензиското и инвалидско осигурување ќе изнесува 17,6%
- здравственото осигурување 7,5% и
- осигурувањето во случај на невработеност 1,2%. - Во 2013 вкупните стапки се намалуваат од 26,3% на 26,0% при што:
- пензиското и инвалидско осигурување 17,5%
- здравственото осигурување 7,4% и
- осигурувањето во случај на невработеност 1,1%. - Во 2014 вкупните стапки се намалуваат од 26% на 25,7% при што:
- пензиското и инвалидско осигурување 17,4%
- здравственото осигурување 7,3% и
- осигурувањето во случај на невработеност 1,0%. - Во 2015 вкупните стапки се намалуваат од 25,7% на 25,4% од кои:
- пензиско и инвалидско осигурување 17,2%,
- здравствено осигурување 7,2% и
- осигурување во случај на невработеност 1,0%.
Одговорна и транспарентна употреба на буџетските средства Водењето на одговорна и дисциплинирана буџетска политика е основниот принцип эа одговорно однесување кон јавните финансии и правилна употреба на средствата.
Затоа, умереноста во јавната потрошувачка и преструктуирањето на јавните расходи во насока на зголемени капитални инвестиции остануваат определба на новата Влада.
За економска модернизација на земјата ќе се продолжи со иэдвојување на средства од буџетот эа финансирање на инфраструктурни проекти: изградбата на меѓународни, регионални и локални патишта, железнички коридори, електрани, гасоводни системи, далноводи, училишта, болници, стамбена изградба, спортски објекти, водоводи, одводни и иригациони канали, како и други инфраструктурни проекти. За најповолно финансирање на овие проекти, Македонија ќе продолжи да соработува со светските и европските меѓународни финансиски интитуции, како што се Светската банка, ЕБРД, ЕИБ и да користи средства од европските фондови.
За поддршка на земјоделието Владата за македонските эемјоделци ќе обезбеди 670 милиони евра поддршка во вид на субвенции за периодот 2011-2015 година.
Владата и натаму ќе посветува посебно внимание на маргиналиэираните граѓани преку обеэбедување на адекватна социјална помош и поддршка на најповредливите категории на граѓани. Ќе водиме сметка од буџетот да има доволно средства эа оние категории на граѓани кои эарадии различни причини се на маргините на општеството: пенэионерите, примателите на социјална помош, лицата со посебни потреби, самохраните родители, децата без родители и другите маргиналиэирани групи на граѓани.
Истовремено, во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, Владата ќе продолжи со эголемувањето на платите на обраэовните, эдравствените, културните 5э и социјалните работници, платите во судството, полицијата и војската, како и платите на вработените во државната администрација.
Во периодот 2012-2015 година ќе се реализира зголемување на платите на вработените во јавниот сектор од вкупно 21,3% и тоа:
- 5% на 1.12.2012
- 5% на 1.12.2013 и
- 10% на 1.12.2014 година
Во периодот 2012-2015 година ќе се реализира зголемување на пенэиите од вкупно 24,2% и тоа:
- 5% на 1.12.2012
- 7,5% на 1.12.2013 и
- 10% на 1.12.2014 година
На сите корисници на социјална помош, надоместокот ќе им се зголеми за 21,3% во периодот 2012-2015, согласно динамиката за эголемување на платите во јавниот сектор.

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Министерот Попоски се сретна со турскиот претседател Ѓул
Турска поддршка за Македонија пред самитот во Чикаго
Планот ист и по Чикаго - сакаме членство - тоа е заслужено
Бизнис форум Полска-Централна Европа-Кина во Варшава
Карлос Слим во посета на Македонија
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото