Бизнис клима и конкурентност

 

Во  наредниот  четиригодишен  период  ќе  се  реализираат  нови  и  мерки  кои  се  веќе започнати, а се во насока на натамошно подобрување на бизнис климата во Македонија согласно најдобрите светски  практики и препораките од „Doing Business“ извештајот на Светска банка:

Започнување бизнис- со цел да се подобри постапката за започнување бизнис ќе бидат реализирани следниве мерки:

· Регистрирање фирми преку овластени регистрациони агенти со нула трошоци и регистрирање на фирма за неколку часа (2014)

· Целосно исклучување на хартиената регистрација на ДОО, ДООЕЛ и ТП (2014)

· Исклучување на примената на печатот во правниот промет за трговските друштва

(2014 - 2016)

Добивање на градежни дозволи - со цел да се олесни постапката за добивање на градежни дозволи планирано е да се реализираат следниве мерки:

· Спроведување на постапките за добивање на одобрение за градење електронски преку информацискиот систем е-Одобрение за градење (2014)

· Скратување на постапката за издавање на одобрение за градење преку измени во

Законот за градење (2014)

     · Добивање на извод од детален урбанистички план од страна на приватни геодетски друштва преку имплементација на Законот за просторно и урбанистичко планирање (континуирано)

Добивање приклучок за електрична енергија- со цел да се овозможи полесно добивање на приклучок за електрична енергија ќе се реализираат следниве мерки:

· Одобрение за градење нема да биде потребно за мерните и разводни ормари (2015)

· Забрзување  на  постапките  за  приклучување  на  електро-дистрибутивната  мрежа (2014)

Регистрирање имот- регистрирањето на имот ќе биде олеснето преку:

· Забрзана постапка за проценка на пазарната вредност на имотот (2014-2015)

      · Промоција на е-Шалтерот за професионални корисници и мерки за забрзување на регистрацијата на имот (2014)

      · Обуки за нотарите со цел по солемнизирање на купопродажните  договори  за недвижен имот, нотарите да вршат запишување на промената на сопственоста во Агенцијата за катастар на недвижности и за истото на купувачите на имот да им издаваат имотни листови (2014)

· Дигитализација на катастарски планови (2014-2016)

      · Поврзување на системот за издавање градежни дозволи кој го користат општините со електронскиот шалтер на Агенцијата за катастар на недвижности (2014-2015)

Пристап  до  кредити-  условите  за  пристап  до  кредити  ќе  бидат  олеснети  преку спроведување на измени на Законот за договорен залог (2014)

Заштита на инвеститорите- во насока на зголемување на заштитата на инвеститорите ќе бидат преземени следниве мерки:

     · Измени на Законот за парнична постапка доколку се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието на  РМ, преку кои ќе се овозможи директно испрашување на сведоците во судската постапка и пристап до сите документи и информации кои се индиректно поврзани со судската постапка  (2014)

· Барање на задолжително мислење од независен ревизор во случаите кога трансакциите  изнесуваат 10% или повеќе од активата на акционерските друштва (2014)

· Измени на Законот за трговски друштва согласно кои акционерот  ќе  може  да иницира тужба до надлежен суд за враќање на несразмерната добивка во корист на акционерското друштво, стекната врз основа на штетен договор (2014)

· Измени на Кривичниот законик доколку се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието на РМ, со кои ќе се предвидат одредби за зајакнување на правата на малцинските акционери (2014)

Плаќање даноци - плаќањето даноци ќе се унапредува преку континуирано зголемување на бројот на регистрирани обврзници за е-Даноци (2014-2015)

Прекугранично тргување:

      · Развој и имплементација на е-Царина во насока на поедноставување и рационализирање на  царинските процеси и постапки во електронска и безхартиена околина

      · Имплементација на системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) (2014-2016)

· Надградба на Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) (2014-2015)

      · Имплементација  на  CCN/CSI  (Common  Comunication  Network/Common  System Interface) со што ќе се обезбеди поврзување со царинските и даночните системи на ЕУ (2016-2017)

· Унапредување на системот за селективни контроли базиран врз анализа на ризик

(2015-2018)

· Надградба на објектите за царинење на граничниот премин Табановце (2015-2016)

· Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин

Ќафасан (2016-2018)

· Опремување на Царинска лабораторија за контрола на горива (2015-2016)

      · Унапредување  на  соработката  со  високообразовните  институции  и  стопанските комори (2014-2018)

      · Надградба на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки тарифни квоти (EXIM) (континуирано)

Други проекти и активности:

· Изменување на Законот за парнична постапка доколку се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието на РМ, во насока на подигнување на прагот на износот при  постапувањето од страна на судовите во постапките од мала вредност и постапките во стопански спорови (2015)

· Намалување на бројот на процедури во текот на водење на една судска постапка (2014)

· Изработка на Правилник за наградување на учесниците во стечајната постапка и ограничување на исплатата на паушален износ на награда на стечајниот управник за  сметка на зголемување на исплатата заедно со побарувањата на стечајните доверители (2014)

· Надградба на системот за електронски стечај со развивање на компоненти за е- Аукција и фер-правична распределба на стечајни управници (2014)

· Формирање на Совет на работодавачи во рамки на Агенцијата за вработување, кој ќе  има  советодавна  улога,  ќе  ги  разгледува  Програмите  и  Стратегиите  кои  се спроведуваат во рамки на Агенцијата и ќе дава предлози за нивно подобрување и поефикасна имплементација (2014)

· Проект „Влада & компании“ во чиишто рамки ќе продолжи соработката со извозно ориентираните компании за подобрување на нивната конкурентност (континуирано)

· Проект „Тендерско Досие“ за изработка на систем кој ќе овозможи креирање на пакет документи  - електронски потврди, потребни при учество на јавни набавки (2016)

· Преминување на целосно електронско поднесување на пријави за уписи на промена и бришење на фирми (четврт квартал од 2015)

· Електронско поднесување на пријави за регистрација на залог и лизинг (четврт квартал од 2014)

· Формирање  на  централно  тело  за  ЈПП  за  подобрување  на  капацитетот   за реализација на проекти по пат на ЈПП (2015 - континуирано)

 

Унапредување на трговијата и инвестициите

Владата ќе  продолжи  со  спроведување  на  политики  за  унапредување  на  трговијата  и инвестициите  во насока на отворање на нови пазари, особено во брзорастечките земји, зајакнување  на  позицијата на Република Македонија во меѓународната   заедница, унапредување на регионалната соработка и добрососедските односи, како и повисоко ниво на трговска размена, што ќе придонесе да се зголеми економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност и пораст на  животниот стандард. За реализација на овие цели ќе се спроведат следните активности:

      · Склучување на нови договори за економска соработка со  Виетнам,  Мароко, Мексико и Индонезија

      · Нови   договори   за   заштита   на   инвестициите   за   привлекување   на   странски инвеститори, при што приоритет ќе бидат земјите членки на ОЕЦД и на Г20 со кои сеуште немаме склучено договори

      · Нови договори за одбегнување на двојното оданочување, при што приоритет ќе бидат земјите членки на ЕУ, Г-20 и ОЕЦД со кои Македонија сеуште нема договор

      · Либерализација на трговијата со услуги со земјите членки на ЦЕФТА (2014)

 

Иновации

Еден  од  клучните  приоритети  на  Владата  е  поддршка  на  иновациите  во  насока  на унапредување   на   конкурентноста  на  приватниот  сектор.  За  таа  цел,  подготвена  е сеопфатна Стратегија за развој  на иновациите за периодот 2012-2020, како и Закон за поттикнување  на  иновациите,  согласно  кој  се   формираше  Фондот  за  иновации  и технолошки развој. Имплементацијата на мерките и активностите  од  оваа стратегија ќе придонесат  за  започнување  на  трансформација  на  земјата  во  економија  заснована  на знаења, земја способна да биде конкурентна на меѓународните пазари преку нејзината обучена работна сила и иновативни и креативни компании.

Во наредниот четиригодишен период ќе се реализираат неколку значајни проекти со кои ќе се обезбеди поддршка за македонските компании да ги зајакнат своите капацитети да инвестираат во нови технологии, иновации и истражување и know-how.

· Проект„Фонд за иновации - системски  исчекор за поддршка на иновациите“.

Фондот ќе доделува 4 финансиски инструменти преку кои ќе се обезбедат средства наменети за поттикнување на иновативноста кај компаниите, и тоа:

o Кофинансирани грантови за start-up, спин-оф компании и   иновации до максимален износ од 30.000 евра

o Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации до максимален износ од 100.000 евра

o Кофинансирани грантови за трансфер на технологии до максимален износ   од 200.000 евра

o Поддршка за формирање на Акцелератори до максимален износ од 500.000 евра

o Фондот ќе доделува и средства за техничка помош на компаниите до максимален износ од 5000 евра (континуирано од 2014)

· Соработка  на  домашните  компании  со  странските  инвеститори,  во  насока  на вклучување  на  домашните  компании  во  ланецот  на  добавувачи  на  странските компании кои работат во Република Македонија (2014 и континуирано)

· Склучување на договор помеѓу МБПР и Европскиот инвестициски фонд (EIF) за сервисирање на EIP  инструментите во рамки на ЦИП (CIP) програмата,  за олеснување на пристапот до финансиски инструменти за мали и средни претпријатија (2014)

· Проект „Бесплатен патент - олеснување на пристапот до иновации“ (2014)

Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ)

Во  следниот  период  ќе  продолжи  интензивната  изградба  на  ТИРЗ.  Во  2014  година фокусот ќе биде на ТИРЗ Кичево со цел истата да биде функционална до крајот на 2015 година. Исто така во текот на 2014 година ќе започне изградбата на ТИРЗ Струга согласно најавените  инвестиции.Изградбата  на  ТИРЗ  Радовиш,  ТИРЗ  Берово,  ТИРЗ  Делчево  и ТИРЗ Виница ќе започне  во текот на 2014 година, со што  до крајот на 2014 година вкупниот број на основани технолошки индустриски развојни зони на  територијата на Република Македонија ќе биде вкупно 14. Ова ќе овозможи влез на странски инвестиции во сите делови на Република Македонија и поттикнување на рамномерниот регионален развој.

Во следниот четиригодишен период динамиката на комплетирање на изградбата на ТИРЗ ќе биде во согласност со новите инвестициски проекти. Воедно, во наредниот период ќе се анализира можноста дел од  зоните да бидат изградени и управувани според моделот за јавно приватно партнерство.

      · Проект „ИТ зона“ – во рамки на просторот на ТИРЗ  Скопје  2  ќе се формира слободна ИТ зона за компании кои ќе нудат услужни дејности и за компании од ИТ индустријата (2016)

 

Промоција на Македонија како инвестициска дестинација

Позитивните ефекти од интензивната кампања за промоција на Македонија како поволна дестинација   за  инвестирање  претставуваат  основа  за  продолжување  на  таргетирани настани, роуд-шоуа, рекламни  спотови и континуирано присуство во сите најзначајни и најрелевантни  светски  медиуми.  Ќе  продолжи  градењето  и  јакнењето  на  имиџот  на Македонија како добра дестинација за инвестиции, но и како туристичка дестинација, и тоа  преку  кампањите  „Invest  in  Macedonia”  и  „Macedonia  Timeless”,  во  реномираните медиуми како CNN, Euronews, Eurosport, Travel Channel итн.

Со цел промовирање на условите за инвестирање во Македонија, како и воспоставување на релации со  светските бизнис-лидери, во текот на следните четири години ќе бидат организирани низа настани и учество на неколку релевантни  конференции, саеми, конгреси и бизнис форуми.

Во  следните  четири  години  мрежата  на  регионални  канцеларии  за  промоција  на инвестициите ќе  се проширува, во согласност со зголемениот интерес и потенцијал за

соработка на полето на странските инвестиции и поддршка на извозот од Македонија, при што ќе бидат  отворени дополнителни канцеларии во земјите и регионите од каде има најголем интерес за инвестирање.

 

Мали и средни претпријатија

Во  насока  на  зајакнување  на  поддршката  на  малите  и  средни  претпријатија  ќе  се реализираат следните мерки и активности:

      · Нови 100 милиони евра за фирмите со субвенционирана камата од 5,5% наменети за малите и средни фирми, но и за поголемите компании, со рок на отплата до 8 години за инвестиции и до 3 години за обртни средства (2014)

      · Докапитализација  на  МБПР  со  10  милиони  евра  за  поддршка  на  извозот  и земјоделството, односно по 2,5 милиони евра годишно (2015-2018)

      · Издавање на сите нефункционални објекти во државна сопственост по пристапни цени (2015-2018)

      · Обезбедување  на  странски  експерти  за  македонски  компании  за  јакнење  на капацитетите и know-how на домашните компании (2014-2018)

      · Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди (2014-континуирано)

      · Финансиска  поддршка  за  тренинг  на  НАССР  тим  за  воведување,  одржување  и модификација на НАССР систем (2014)

      · Финансиска поддршка за воведување на ХАЛАЛ систем (2014-континуирано)

      · Финансиска поддршка за женско претприемништво (2014-континуирано)

      · Финансиска   поддршка   за   новоосновани   претпријатија   од   страна   на   млади претприемачи (2014-континуирано)

      · Кофинансирање на проекти за нефинансиска поддршка на МСП и промоција на претприемништвото и занаетчиството во Република Македонија  (2014-континуирано)

      · Организирање  на  бизнис  натпревар  „Биди  перспективен,  започни  свој  бизнис“ (2014-континуирано)

      · Организирање на промотивни настани „Награда  за најдобрите  и најуспешните“ преку избор на најиновативна компанија од технолошки аспект и организирање на настан „ Претприемач на годината“ (2014-континуирано)

      · Кофинансирање за организирање на специјализирани обуки - длабински и детални технолошки  обуки во следните сектори: автомобилска, текстилна, прехранбена и метало-преработувачка индустрија (2014-континуирано)

      · Поддршка на автентични занаети преку субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност (2014-континуирано)

      · Поддршка на занаетчиското производство и занаетчиските услуги (2014-континуирано)

За имплементација на индустриската политика и поддршка за зголемување на конкурентноста на македонската индустрија, ќе се реализираат следните мерки и проекти:

      · Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на производ  и развој на пазар (2014–континуирано)

      · Надоместување на дел од трошоците за поддршка на патенти (2014–континуирано)

      · Поддршка на проекти од кластерските здруженија (2014–континуирано)

      · Поддршка на општествено претприемништво (2015-2018)

      · Користење  на  нови  технологии  во  производството  и  градежништвото  преку организирање на различни семинари и обуки за трансфер на нови и иновативни технологии (2016-2018)

Финансиски систем

Во  насока  на  унапредување  на  финансискиот  систем  и  обезбедување  поддршка  на фирмите и граѓаните ќе се реализираат следните мерки и активности:

      · Намалување на каматите за субвенциониран станбен кредит за проектот „Купи куќа, купи  стан“ од 4,9% на 3,95% во првите три години, и од 5,5% на 4,44% во четвртата и петтата година (септември 2014)

      · Креирање на слободна зона/центар за меѓународни финансиски услуги и трговски друштва за меѓународни услуги, со посебна правна и финансиска регулатива

      · Фискални правила – регулатива со која ќе се утврдат правилата за ограничување на буџетскиот дефицит, јавната потрошувачка и долгот и ќе се зајакне одговорноста за користењето на буџетските средства (септември 2014)

      · Финансиско образование за граѓаните за поддршка при изборот и користењето на финансиските услуги (континуирано од 2014)

· Унапредување на Законот за кредитно биро (2014)

      · Унапредување  на   Законот   за    ревизија    и   зајакнување   на   одговорноста на ревизорските куќи и ревизорите (јуни 2015)

      · Унапредување на Законот за финансиски друштва (јуни 2015)

      · Измена на Законот за супервизија на осигурувањето со кој ќе се воведат нови класи на осигурување:  1/ осигурување на ануитети за корисници на пензии и пензиски надоместоци  од  задолжително  и  доброволно  капитално  финансирано  пензиско осигурувањето и 2/ доброволното здравствено осигурување (јуни 2015)

      · Проект „Европа Ре“ за осигурување од природни непогоди и катастрофи, преку кој ќе  се  понудат  производи  за  осигурување  од  земјотрес,  поплави  и  земјоделско осигурување,  како  и  други  производи  за  осигурување  од  природни  незгоди  и катастрофи (2014)

      · Подготовка  на  законска  рамка  за  издавање  сертификати  за  депозити  со  цел зголемување на видовите финансиски инструменти (2016)

      · Мобилна  верзија  на  Електронскиот  систем  за  јавни  набавки  (2015,  за  мобилна апликација 2016)

Симнете ја програмата во PDF