Инфраструктура

Владата на Република Македонија и во следниот мандат ќе остане посветена на изградба на квалитетна  инфраструктура за подобрување на животот на граѓаните и економските перспективи на Република Македонија. Покрај започнатите, предвидена е реализација на многу нови проекти со кои ќе се обезбедат услови за забрзан економски раст, зголемена конкурентност на стопанството и побрз проток на стоки и патници.

Во следниот период ќе се градат новите автопати од Скопје кон Штип, од Кичево кон Охрид, од Демир Капија кон Смоквица и од Требениште до Струга, со чија реализација автопатската мрежа во Република  Македонија ќе биде зголемена за 50%. Исто така, ќе продолжи изградбата на нови експресни, регионални и локални патишта и ќе се врши реконструкција и рехабилитација на постојната патна мрежа.

Во тек е изградбата на првата делница од пругата кон Бугарија и во наредниот период Владата интензивно ќе работи на реализација на преостанатите делници. За подобрување на железничкиот сообраќај ќе се реализираат проекти за реконструкција и рехабилитација на   железничките   пруги   и   железничките   станици   и   проекти   за   модернизација   и зголемување на ефикасноста на железничкиот транспорт.

За подобрување на условите за живот на граѓаните ќе продолжи изградбата на водоводни системи, канализациски мрежи, пречистителни станици и станбени единици наменети за социјално-ранливите категории на граѓани.

За реализација на крупните инфраструктурни проекти Владата и во следниот период ќе ја продолжи  соработката со меѓународните финансиски институции, како што се Светска банка, ЕБРД, ЕИБ, и искористување на расположливите средства од европските фондови, во  насока  на  обезбедување  на  финансиски  средства  под  најповолни  услови.  Дел  од проектите ќе се реализираат преку изнаоѓање на концесионери.

Во наредниот 4 годишен период предвидена е реализација на следните проекти:

 

Патна инфраструктура

Изградба на автопати

· Изградба на автопат Демир Капија–Смоквица (2016)

· Изградба на автопат Миладиновци (Скопје)–Штип (2017)

· Изградба на автопат Кичево-Охрид (2018)

· Изградба на автопатска делница Требениште–Струга (2016–2018)

· Изградба на автопат Гостивар-Кичево, доколку има интерес од приватниот сектор, проектот ќе се реализира по пат на јавно приватно партнерство. Во случај да нема заинтересираност, ќе се  разгледуваат алтернативни можност за изградба на овој автопат (2015-2018)

· Изградба на автопатска делница Скопје-Блаце, доколку има интерес од приватниот сектор, проектот ќе се реализира по пат на јавно приватно партнерство. Во случај да нема заинтересираност, ќе се разгледуваат алтернативни можност за изградба на овој автопат(2015-2018)

· Проектирање  на  автопатска  делница  Струга–Ќафасан  (2015–2017).  Почеток  на градба 2018 година.

Рехабилитација на автопатски делници

· Рехабилитација на автопат  Велес-Катланово (2014-2015)

· Рехабилитација на автопатска делница Смоквица-Гевгелија (2015-2017)

· Рехабилитација на автопатска делница Неготино–Демир Капија (крај на 2017)

· Рехабилитација на автопатска делница Куманово-Миладиновци (крај на 2017) Експресни, регионални и магистрални патишта (изградба/реконструкција)

· Изградба на експресен пат Куманово–граница со Р. Бугарија, делница Ранковци-

Крива Паланка, со можност за идно прераснување во автопат (2016-2018)

· Проширување и  реконструкција  до  ниво  на  експресен  пат  на  делница  Штип-Кочани (2015-2017)

· Изградба на нов експресен пат Охрид–Пештани (2015–2018)

· Изградба на експресен пат Штип–Радовиш (2017–2019)

· Рехабилитација на магистрален пат Битола-Ресен–Буково (2015–2016)

· Експресен пат Велес–Штип (до Кадрифаково) (2014–2015)

· Изградба на експресен пат од Градско преку Росоман и Дреново до Прилеп(2015–2019)

· Доизградба на регионален пат од Кичево до Дебар преку Извор (2015-2017)

· Рехабилитација на регионален пат,  спој со А4 (НовоСело)–Маврово–Жировница–Дебар (2015–2016)

· Рехабилитација на регионален пат Мелнички мост-Центар Жупа, општина Центар- Жупа (2016-2017)

· Рехабилитација на регионален пат Делчево–Планина Голак (2015-2016)

· Доизградба на регионален пат крак 1 од Р-418 (фаза 2), на потег фабрика „Вевчанка“ - Здравствен дом Вевчани, општина Вевчани (2017-2018)

· Рехабилитација на регионален пат Мокрино–Смолари (2015-2016)

· Рехабилитација на регионален пат Нов Дојран-Николиќ (2015-2016)

· Рехабилитација на регионален пат Лажани-Ропотово-Црнилиште   (општина Долнени) (2016-2017)

· Рехабилитација на регионален пат Кривогаштани-Обршани-Воѓани (2016-2017)

· Изградба на регионален пат Пробиштип-ски-центар Пониква (2016-2017)

· Изградба на  регионален  пат  Тораница–Саса  (Крива  Паланка-Каменица)  (2016-2017)

· Изградба на регионален пат Старо Коњарево-Ново Коњарево (2015-2016)

· Рехабилитација  на  регионален  пат  Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар  (2015- 2016)

· Изградба на регионален пат Опае–Бељаковце–Станчиќ–граница со Косово (2014–2017)

· Доизградба на регионален пат од Скопје до Сончев Град (2016)

· Довршување на  рехабилитација  на  регионален  пат  Липково–Арачиново  (2015-2016)

· Рехабилитација на патна делница Кочани  (Превалец)–Македонска Каменица–Делчево (2016- 2017)

· Рехабилитација на патна делница Тетово-Пирок-Гостивар (2014–2017)

· Рехабилитација на патна делница Попчево-Белотино-Рич (2014-2017)

· Надградба на патна делница Карбинци-Зрновци-Виница (2014–2017)

· Надградба на патна делница Кавадарци-Неготино (2014–2017)

· Изградба на патна делница Коњух-Бељаковце (Кратово-Куманово) (2014–2015)

· Надградба на патна делница Пробиштип-Крупиште-Штип (2014–2017)

· Надградба на патна делница Струмица-Ново Село-граница со Република Бугарија (2014–2017)

· Надградба на Регионален пат Р 2246 до село Могорче (2014–2017)

· Надградба на Регионален пат Р 1308 до с. Брајчино (2014-2017)

· Рехабилитација на патна делница Арачиново-Умин дол-Куманово (2014-2018)

· Рехабилитација на патна делница Кондово-Радуша (2015-2018)

· Рехабилитација на патна делница Сарај-Групчин (2014-2018)

· Рехабилитација на патна делница Тетово–Попова Шапка (2015-2018)

· Рехабилитација на патна делница Гостивар-Стража (2014)

· Рехабилитација на патна делница Гостивар-Србиново (2015-2018)

· Рехабилитација на патна делница Струга-Калишта (2014)

· Рехабилитација на патна делница Тајмиште-Зајас (2015-2017)

· Рехабилитација на влезот во Кичево (2015-2016)

· Рехабилитација на транзит низ Кичево (2014)

· Рехабилитација на излезот од Кичево (2015-2016)

· Рехабилитација на патна делница Осломеј-Туин (2014)

· Пат Тетово–граница со Косово. Врз основа на резултатите од физибилити студија ќе се разгледа можноста за реализација со косовската страна за економски оправдано решение (2015-2018) Други проекти

· Трета фаза од проектот за рехабилитација и зајакнување на мостовите во Република Македонија на Коридорот 10 во соработка со НАТО (2015)

· Рехабилитација на мостовите во Македонија (Мелнички мост, мост Гемиџии Велес, мост кај Злеово, мост кај Пишица, мост кај Сиричино) (2014–2016)

· Доизградба на клучката Брвеница (2014–2015)

· Изградба на клучка Смилковци на обиколницата на Скопје (2014-2015)

· Осветлување на клучки и крстосници во Република Македонија (2014-2015)

· Изградба на  пат  до  Граничен  премин  помеѓу  Република  Македонија  и  Србија (Голема Црцорија – Голеш) (2015-2018)

· Систематско испитување на свлечиштата на патиштата и нивна навремена санација

(континуирано)

· Изградба на пат село Костинци–село Зрзе–Манастир Св. Преображение Христово, општина Долнени (2014-2015)

· Изградба на пристапен пат до откупно дистрибутивен центар за јаболка „Макази“

во општина Ресен (2014)

· Надградба на патот за Чучер Сандево (2016-2017) Изградба на локални патишта

· Продолжување на проектот за изградба на локални патишта со кој во 2014 и 2015 година ќе се изградат 122 локални патишта со вкупна должина од 200 км и вкупна инвестиција од 20 милиони евра

 

Железнички сообраќај и инфраструктура

Изградба на пругата кон Бугарија

· Изградба на пругата Куманово-Бељаковци (2014-2016)

· Изградба на делница Бељаковце-Крива Паланка (2016-2020)

· Во последната трета фаза од железничкото поврзување со Бугарија ќе се изгради нова делница Крива Паланка-Деве Баир, граница со Бугарија (2019-2022) нa што претходи изработка на целокупната техничка документација

Железничко поврзување кон Албанија

· Подготовка на  oсновен  проект  и  друга  потребна  документација  за  изградба  и надзор на  нова железничка делница Кичево–граница со Република Албанија со крак до Охрид (2014-2017). Градбата се очекува да започне во 2018 година

Други проекти за железничкиот сообраќај

· Ремонт на железничка пруга Ногаевци (Велешко)–Градско–Неготино во должина од 30 километри (2014)

· Изградба и реконструкција на делницата Битола–Кременица и изградба со крак кон Индустриска зона Жабени (2015-2017)

· Изработка на проекти за поврзување на РЕК Битола и РЕК Осломеј со постојната пруга (2016–2018)

· Рехабилитација и надградба на железничката станица во Скопје (2014-2015)

· Рехабилитација, надградба и реконструкција на железнички станици

· Набавка и инсталација на опрема за Глобален систем за мобилна комуникација во железница и опрема за Европски систем за контрола на возовите (2015-2017)

· Подготовка на  проектна  документација  за  реконструкција  и  рехабилитација  на железничката делница Велес-Битола  (2015-2017)

· Подготовка на  проектна  документација  за  реконструкција  и  рехабилитација  за градежни работи и надзор за железничката делница Скопје-Кичево (2015-2017)

· Обнова на  возен  парк  на  МЖ  Транспорт  преку  набавка  на  6  нови  патнички гарнитури (4  дизел-моторни и 2 електромоторни гарнитури), реконструкција на постојните електро-локомотиви и набавка на 150 товарни вагони од различен тип (2014 – 2015)

 

Политики за подобрување на транспортните услуги за граѓаните

· Енергетска  ефикасност  -  рехабилитација  на  работилниците  за  одржување  на железнички возила (2014-2015)

· Воведување билети за повеќе патувања во железницата (септември 2014)

· Воведување информациски  систем ЕМИС за управување со енергија во железницата (2015 година)

· Модернизација и електронска наплата на патарини во Македонија (2014–2015)

· Изградба на логистички центри на граничните премини и на влезот во поголемите градови на територија на Македонија преку ЈПП (2015-2017)

· Подобрување на патната сигнализација (Декада на Road safety-2020) (2014-2017)

· Паркинг за велосипеди пред јавните установи (2015-2017)

· Креирање на велосипедски патеки низ градовите (2015–2018)

· Вградување филтри на автобусите од јавниот превоз (2015–2016)

· Обезбедување паркинг простор за автобусите (2017)

· Електронско  поврзување  меѓу  Министерството  за  транспорт  и  врски,  Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за внатрешни работи (2016)

 

Комунална инфраструктура

· Проект „Водоснабдување и одведување на отпадни води“сосредства обезбедени од Европската  инвестициона банка и од Буџетот на РМ, а со кој ќе се реализираат комунални инфраструктурни проекти во сите општини во Македонија (2014-2017)

· Проект „Водовод и канализација на општините“, финансиран од германската банка за обнова KfW за обезбедување на одржливо снабдување на населението со вода за пиење во општините:  Гевгелија, Гостивар, Битола, Радовиш, Неготино, Кочани, Кавадарци, а во тек е реализацијата на проект во Тетово (2017)

· Изградба на  фекална  канализација  во  населено  место  Сопиште  и  локалитетот Сончев  град  и  одведување  кон  постојните  канализациони  мрежи  во  Општина Кисела Вода и Општина Аеродрoм (2014-2017)

·   Изградба на системот за водоснабдување за дел од населените места во општина Сопиште, Регионален водовод Патишка Река(2017)

· Изградба на колектор по десниот брег на река Вардар до идната пречистителна станица за Скопје (2017–2018)

 

Станбена изградба

Станбената политика е еден од приоритетите во Програмата на Владата, преку која се реализираат голем број проекти насочени кон изградба на нови станбени единици. Во таа насока Владата и понатаму ќе продолжи со имплементација на следните проекти:

· Станови и куќи за лица во социјален ризик и други ранливи групи – во рамки на Проектот за  изградба на станови за лица во социјален и други ранливи групи во текот на 2014 и 2015 година ќе заврши изградбата на 118 станбени единици

· Станови и куќи за станбено необезбедени  лица (млади брачни двојки, лица со посебни  потреби, самохрани родители, самци и други лица) – во периодот 2014-2018 година ќе започне изградбата на 108 станови

 

Други проекти

· Надградба на ГТЦ - изработка на основен проект до мај/јуни 2014 година, по што ќе се определи најдобар модел за реализација и финансирање на овој проект

· Урбанизација и изградба на инфраструктура во индустриска зона Визбегово (2017-2018)

· Изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување на езерата во Република Македонија во општините Дојран (втора фаза), Маврово и Ростуша и Берово. Исто така, предвидено е и уредување на делови од крајбрежјата на Езеро Козјак, Преспанското Езеро и Охридско Езеро (2014-2018)

· Уредување на плажи на брегот на Охридското, Дојранско и Преспанското Езеро (2014–2018)

 

Внатрешна пловидба - капетанија на пристаништата

· Обележување на  пристаништата,  пристапните  мостови  и  платформи  и  каналот Студенчишта со сигнални светла и пловидбени знаци  (2015–2016)

· Обележување на пловните патишта за обезбедување на минимална оддалеченост на пловилата од брегот на Охридското Езеро (2015–2016)

· Набавка на брод за чистење на езерското дно, одржување на пловни патишта и поставување   сигнализација   на   пловни   патишта   за   Охридско,   Преспанско   и Дојранско Езеро (2017–2018)

· Мобилни пловила за инспекторската служба при Капетанија – Охрид (2016–2017)

· Санација на пристаништа и пристапни платформи по Охридското Езеро (2016–2018)

· Поставување на понтонски пристаништа на Охридското Езеро (2016 2017)

· Изградба на марина „Охрид“- проектот ќе се реализира доколку има интерес за јавно-приватно  партнерство.  Во  случај  да  нема  заинтересираност  на  приватен партнер, ќе се разгледуваат  алтернативни можности за финансирање (октомври 2016 за изработка на проектна документација–2018 за изградба)

Авиосообраќај

За надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација во следниот период ќе се реализираат следните проекти:

· Набавка, инсталирање и тестирање на нов ATM (Air Traffic Management) систем, вклучувајќи и техничко оперативна сала за истиот (2016)

· Набавка,  инсталирање  и  тестирање  на  опрема  за  комуникација  и  радарско набљудување (2015)

· Набавка на метео опрема за аеродромите во Скопје и Охрид (2014)

Проекти за развој и унапредување на авиосообраќајот во Република Македонија:

· Нови дестинации за македонските граѓани - во соработка со концесионерот на македонските аеродроми „ТАВ“, ќе им овозможиме на патниците широк избор на дестинации и фреквенции кон сите европски метрополи (континуирано)

· Спортски  аеродроми  -  за  развој  на  спортското  воздухопловство  спортските аеродроми  и  леталиштата  ќе  се  дадат  под  концесија  или  ќе  се  изврши  нивна приватизација (2015-2018)

 

Градежништво и урбанизам

За обезбедување на полесен пристап и поквалитетни услуги за граѓаните во областа на градежништвото и урбанизмот ќе се реализираат следните проекти:

· Изработка  на  основни  проекти  за  објекти  за  индивидуално  домување,  кои бесплатно ќе бидат отстапени на граѓаните преку општините, а кои ќе може да се прилагодуваат во делот на статиката во согласност со спецификата на локацијата (јуни 2015)

· Овозможување  на  склучување  на  купопродажни  договори  за  недвижности  по електронски пат (2015-2016)

· Воведување на систем за електронско управување со постапката за донесување на урбанистички планови (2014–2015)

· Воведување на систем за електронско издавање извод од план (2014–2015)

· Изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на 30 комерцијални градби (бензински пумпи, мотели) на автопати, магистрални и регионални патишта (2014-2016)

· Воведување на  специјални  мерки  и  рокови  за  донесување  и  спроведување  на планови финансирани од бизнис заедницата (2015)

· Воспоставување Регистар на цени за недвижностите (јули 2014-март 2018)

· Национална инфраструктура за просторни податоци (НИПП) со што ќе се обезбеди подобар пристап до просторните податоци и поквалитетно планирање  (2015-2018)

·   Воспоставување  на  регистар  на  градежно  земјиште во  Република Македонија (2015-2018)

· Воспоставување на адресен регистар во Република Македонија (2016-2017)

 · Воспоставување на    дистрибуциски   систем    на    Агенцијата   за    катастар на недвижности со кој ќе се обезбеди подобар пристап до податоците со кои располага АКН (2016)

 · Гравиметриски премер на територијата  на Република  Македонија  со што ќе се обезбедат податоци кои ќе се користат во рударството,  хидрологијата, сеизмологијата и при проектирање на инфраструктурни проекти (2014-2015)

· Воспоставување на 3Д катастар (2017)

· Орто-фото карта и ласерско скенирање на целата територија на РМ (март 2018)

· Воспоставување на инфраструктурен катастар во РМ (2014)

· Продолжување на процесот на предавање на градежното земјиште во надлежност на општините (континуирано)

· Ќе продолжи имплементацијата на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со цел конечно завршување на овој процес (континуирано)

· Бесплатно  изготвување  на  геодетски  елаборати  за  легализација  на  бесправно изградени објекти на приматели на социјална и постојана парична помош и лица со ниски примања (ноември 2014)

· Дигитализација на катастарските планови (2015)

· Изработка на урбанистичко плански документации за автокампови (2014–2015)

Симнете ја програмата во PDF