Туризам

 

Туризмот е еден од најбрзо растечките економски сектори во нашата држава кој располага со големи можности за привлекување на странски и домашни инвестиции, што воедно значи и можност за нови работни места. Ќе продолжиме да работиме на подобрување на туристичката  понуда на државата, преку унапредување на културниот, езерскиот и речниот, планинскиот, бањскиот, спортскиот, ловниот, винскиот, зимскиот, археолошкиот, верскиот, селскиот и руралниот, еко-туризмот и конгресниот туризам. Ќе преземеме низа активности за развој на Националните  паркови и нивно ставање во функција на развој на туризмот и промоција на природните убавини на Македонија. Во наредниот период Владата ќе работи на надминување на неколку предизвици во оваа област, како што се пристап до квалификувана работна сила, подобрување на квалитетот на услугите и подобрување на локалната туристичка инфраструктура.

За  развој  на туризмот ќе се реализираат следните проекти и активности:

· Промоција на Македонија како туристичка дестинација за промоција на Македонија како атрактивна туристичка дестинација во Европа ќе продолжиме со долгогодишната рекламна кампања „Macedonia Timeless“ во светските медиуми и одредени туроператори

· Развој на Националниот парк Маврово – по пат на ЈПП (2015-2018)

· Развој на Националниот парк Галичица – по пат на ЈПП (2015-2018)

· Развој на Националниот парк Пелистер - по пат на ЈПП (2015-2018)

· Развој на Мариово во центар на руралниот туризам (2016-2018)

· Формирање на Национален парк Шар Планина, при што ќе се овозможи целосна реализација и развој на Скијачкиот центар “Попова Шапка” (2015-2018)

· Развој  на постојните туристички развојни зони и формирање   на нови  во планинските предели (2016-2018)

· Отворање на сезонска авио-линија Охрид–Лондон (2014-2016)

· Развој на бањски, здравствен и рекреативен туризам преку поволности за изградба на  велнес  и   здравствени  центри,  домови  за  стари  лица,  центри  за  спортски подготовки и др. (2014–2018)

· Финансиска поддршка за бизнис идеи за туризам, креирани од студенти (2014–2016)

· Остварување контакти со туроператори и угостителски фирми во светот (континуирано)

· Обезбедување на 20 стипендии за најдобрите ученици и студенти од областа на туризмот (2014-2018)

· Продолжување на проектот за туристичка сигнализација натуристичките потенцијали (2014-2018)

· Продажба,  издавање  и  подобрување  на  условите  за  туристичко  сместување  во ловните и детските домови (2015–2018)

· Проект „Еко Македонија“ за позиционирање на земјата  какотуристичка  дестинација со квалитетна и автентична органска храна (2015-2018)

· Субвенционирање на кредити за изградба, адаптација и уредување на мали сместувачки капацитети преку Македонската банка за поддршка и развој (2014-2018)

· Довршување на проектот „Македонско село“ (2015)

· Категоризација на индивидуални сместувачки капацитети и онлајн платформа за следење и промовирање на сместувачките капацитети во сите туристички места во државата (2015-2016)

· Изградба  на  рибарски  куќички  за  промоција  на  туризмот  на  Дојранско  Езеро (2014-2018)

· Изградба на Скијачки центар „Попова Шапка“ – во тек е изградба на првата фаза која се предвидува да се реализира во периодот 2014-2017 година од страна на АД ЕЛЕМ,  а втората фаза    ќе се реализира преку заедничко вложување со заинтересиран инвеститор во периодот 2016 2021 година

· Изградба на Ски Центар – Водно (2015-2017)

· Изградба на жичница од црквата Свети Јован до Средно Водно (2017–2018)

· Развој на Ски Центарот – Копанки, Пелистер (2015-2017)

· Изведба на ски-патеки на планински локации во  Македонија,  (Беровско  езеро, Голак  и  Плачковица) во соработка со општините Берово,  Делчево  и  Радовиш (2015-2018)

· Изработка на Физибилити студија и Мастер план за развој на скијачки центар на планината Јабланица преку јавно приватно партнерство (средина на 2015)

· Изработка  на  Физибилити  студија  и  Мастер  план  за  развој  на  ски  центар  во Националниот парк Галичица (средина на 2014)

· Проект„Обележување на препознатливи производи, локалитети, објекти, настани   од значење за туризмот“ (2014-2015)

· Развој на манастирскиот и друг верски туризам преку идентификување на сместувачките капацитети и изработка на веб страна и промотивни материјали (2014–2015)

· Евиденција на сите туристички потенцијали во регионите на Република Македонија (крај на 2015)

· Уредување и обележување на 184 планинарски патеки од цела Македонија (2014-2015)

· Уредување и обележување на 80 велосипедски  планински  патеки од цела Македонија (2015)

· Развој на алпинизмот и негово ставање во функција на туризмот (2016)

· Развој на параглајдинг туризмот како алтернативна форма на туризам (2014)

· Уредување и обележување на гранични премини (2014-2015)

· Изработка на детална урбанистичко-планска документација за изградба на спортски аеродром Калишта–Струга преку концесија(2014-2015)

· Изработка на четири потстратегии за развој на конгресен, спортски,   културен и активен туризам (2014-2015)

· Продолжување  на  проектот  за  субвенционирање  на  странскиот  организиран туристички промет во Република Македонија (2014-2018)

· Зголемено учество на меѓународните саеми за туризам и поддршкана туристичкото стопанство за учеството на овие саеми (2014-2018)

· Изработка на квалитетни промотивни материјали за туристичките вредности на Република Македонија (континуирано)

· Подобрување на условите за сместување во планинарските домови (2014–2018)

· Подобрување на условите на старите автокампови и давање на локации за нови автокампови (2014-2016)

· Изградба на автокампот Ливадиште (2016-2018)

· Мапирање на римска магистрала Via Ignatia“ со цел збогатување на туристичката понуда во соработка со тур-оператори од Италија (2014-2015)

· Вмрежување  на  туристичките  места  во  руралните  средини  по  региони  преку изработка на заеднички промотивни материјали за развој на туристичката понуда (2014-2018)

· Проект „Рибарско село“ преку зачувување на автентичната архитектура и оплеменување на крајбрежјето во селата Трпејца и Радожда (2017)

Симнете ја програмата во PDF