Земјоделство, шумарство и водостопанство

Владата на Република Македонија ќе продолжи со спроведување на досегашните но и на нови политики кои придонесуваат кон развој и поголема конкурентност на македонското земјоделство и руралните области.

Ќе продолжи спроведувањето на политиките и мерките со кои на земјоделците им се овозможува: поволен пристап до кредити, покривање на дел од трошоците за набавка на сточен  фонд, подигање   насади  и  култури,  како  субвенционирање  на земјоделското производство. Ќе се обезбеди поддршка за модернизација на застарената технологија на производство,  преку покривање  на  најмалку половина од  трошоците  за  набавка  на машини, опрема и системи за наводнување, како и за обнова и реновирање на сточарски и земјоделски објекти. Ќе се инвестира во локалната инфраструктура за подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и македонското село.

Владата на Република Македонија во наредниот период ќе продолжи да ја зголемува финансиската поддршка на аграрот и руралниот развој. Ќе продолжиме со субвенциите во земјоделството преку поддршка во  сточарството,  овоштарството  и градинарството, полјоделството, лозарството и тутуно-производството. Поддршката ќе биде обезбедена за стимулирање на земјоделски производи со висок квалитет и извозен потенцијал, но и за производи со пониска продуктивност кои се важни за обезбедување на основна храна за населението. Владата на Република Македонија ќе инвестира во руралната инфраструктура со цел да се подобрат условите за живот и  вршење на земјоделските и други активности во руралните средини.

 

Субвенции во земјоделството за периодот 2014–2018 година

Во следните четири години ќе продолжи поддршката на земјоделството со годишен износ на  средства  од   150  милиони  евра,  односновкупно  600  милиони  евра наменети  за субвенции  и   рурален   развој.   Субвенциите   во   најголем   дел   ќе   се   доделуваат   за конкурентните извозни култури: тутун, грозје, овошје и зеленчук, ориз, овчарството, но и на следните значајни култури: житарици, полјоделски,  индустрискии фуражни култури, говедарство, свињарство и производството на млеко, за кои субвенциите ќе бидат особено насочени кон зголемување на производството, приносите и квалитетот. Распределбата на субвенциите  ќе  продолжи  да  се  одвива  во насока на  порамномерна  распределба  на приходите  кои   се   остваруваат  од земјоделската  дејност.  Поголемите  стопанства  се економски помоќни и имаат подобра можност за пласман на производите и обезбедување на  кредити,  и  оттаму  помала  потреба  за надополнување  на  нивните  приходи  преку директните  плаќања,  за  разлика  од  индивидуалните   земјоделски  производители  или стопанствата со помали производни капацитети.

Покрај доделувањето на субвенции, ќе бидат реализирани следните активности:

· Реализирање на проектот „Календар на субвенции“ којшто има за цел да овозможи усогласување   на   времето   на   исплата   на   субвенциите   според   потребите   на земјоделците за финансирање на земјоделските активности

· Обезбедување на средства за нови поволни кредити за земјоделството, преработувачката индустрија и откупот на Земјоделски  производи со субвенционирана каматна стапка од 3 и 4% на годишно ниво (2014-континуирано)

· Осигурување со 60% кофинансирање од основните и дополнителни ризици од надворешните временски влијанија врз земјоделското Производство (2014- континуирано)

· Зголемување  на  субвенциите  за  најмалку  20%  и  користење  на  привилегирани стапки на задолжително социјално осигурување за стопанствата на кои земјоделството им е претежна дејност (2015-континуирано)

 

Инвестиции во земјоделството

Владата на Република Македонија ќе продолжи да инвестира во земјоделството преку следните мерки и активности:

· Поддршка за модернизација на земјоделството преку обезбедување на најмалку половина  од трошоците  за инвестициите во  модернизација  на  земјоделските стопанства од страна на државата преку проектот „50-50“ поддршказа модернизација на земјоделството (2015-континуирано)

· Модернизацијата на македонското земјоделство продолжува и преку средствата од Европската Унија. Притоа, овозможено е неповратно кофинанисирање со најмалку 50% на земјоделска опрема, проширен е опсегот на висина на инвестициите, а од европските  средства  ќе  биде  овозможено  и  финансирање  на  агро-еколошките мерки за производство на здрава храна и заштита на животната средина, како и на мерките за инвестиции во рурална инфраструктура (2014-континуирано)

· Ќе се врши изградба и реновирање на водостопанската инфраструктура. Планираните инвестициски проекти за изградба на системи за наводнување, кои треба  да   обезбедат  наводнување  за  нови  24.350  ха  земјоделско  земјиште  се следните:

o. ХС „Лисиче“ – започнување со изградба на мрежа за наводнување на околу 3.000 ха земјоделско земјиште во општините Чашка и Велес и изградба на цевковод во должина од 6 км за поврзување со Езеро „Младост“ (од 2018)

o  ХС „Злетовица“ – во првата фаза ќе се изгради систем за наводнување на нови 4.100 ха  земјоделско земјиште за општините Кратово и Пробиштип, додека во втората фаза ќе се изградат хидро-електрани (2015-2019)

o  Брана  „Речани“  на  Оризарска  река  –  изградба  на  брана  со  придружни објекти и акумулација, со која ќе се реши проблемот со водоснабдувањето на општините Кочани,  Виница и Чешиново Облешево и ќе се овозможи наводнување на 1.500 ха нови  површини на земјоделско земјиште (2014-2019)

o  Брана „Конско“ – ќе биде изградена брана со акумулација со која ќе се овозможи водоснабдување на општина Гевгелија и ќе се обезбеди можност за гравитационо  наводнување на 4.000 ха површини земјоделско земјиште кои сега се наводнуваат со пумпање (2014 - 2019)

o  Систем за наводнување „Маркова река – Куклиш“ – ќе биде пуштен во употреба системот со кој се обезбедува наводнување на околу 400 ха нови површини на земјоделско земјиште во атарот на населените места Куклиш, Свидовица и Градско Балдовци (2014-2015)

o  Отпочнување на изградба на 10 нови микроакумулации, со цел зголемување на  површините на земјоделско земјиште под системи за наводнување, за повеќе од 3.000 ха (2014-2019)

o Проширување на ХС „Стрежево“ во општините Могила и Новаци, со што ќе се овозможи  наводнување на нови 3.000 ха земјоделско земјиште (2014-2019)

o Проширување на ХС „Брегалница“ во атарот на населеното место Немањица во општина Свети Николе, со што ќе се овозможи наводнување на нови 850 ха земјоделско земјиште (од 2018)

o  Изградба на главен довод во рамки на проектот Равен – Речица со кој ќе се овозможи наводнување на нови 3.200 ха земјоделско земјиште (2014-2019)

o  Изработка на техничка и планска документација и изградба на брана на реката Слупчанска со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на вода од околу 6–7 милиони метри кубни годишно, во рамки на системот Глажња–Липково (2014 - 2019)

o  II фаза од проектот наводнување на јужната долина на реката Вардар, со што ќе се овозможи наводнување на нови 4.500 ха (до 2016)

o  Брана за мала акумулација на Тајмишка река во с. Зајас (2015-2017)

o  Зафат за наводнување од Тајмишка река за наводнување на површини во атарот на Драгомиште и Зајас џума за наводнување на 250 ха (2015-2017)

o  Рехабилитација  на  пумпна  станица,  потисни  цевководи  и  системот  за наводнување   во   Дебар,  кој  се  користат  за  наводнување  на  1000  ха земјоделско земјиште (2015-2017)

o Микроакумулација Црнилиште, Долнени за наводнување на 150 ха (2015-2017)

· Ќе се реализираат и засилени инвестиции за проширување и рехабилитација на сите хидросистеми во државата (2014-2018)

· Континуирано чистење на каналите за наводнување и одводнување на земјоделските површини. Годишно се предвидува да се чистат по 100 км каналска мрежа (2014-2018)

· Подготовка  на  „План  за  инвестирање  во  водостопанската  инфраструктура  за периодот  2015-2025  година“кој  ќе  ги  содржи  сите  предвидени  инвестиции  во водостопанството во  Република Македонија до 2025 година. Планирано е и формирање   на   АД   Водостопанство   во   државна   сопственост   на   Република Македонија (2014).

 

Вложувања во инфраструктурата на селата

Владата на Република Македонија ќе реализира стотици проекти од витален интерес на населението во сите рурални општини во Република Македонија. Меѓу позначајните се:

· Реализација на 114 проекти во периодот 2014-2015, од кои 71 за локална патна инфраструктура  и 43 за водоснабдителни и канализациони системи. Во периодот 2016-2018  година  ќе  се  реализираат  нови  проекти  согласно  приоритетите  на општините

· Реализација  на  27  проекти  за  изградба  и  реконструкција  на  селски  улици (вклучително  и  атмосферска  канализација  и  пешачки  елементи),  8  проекти  за изградба и реконструкција на  плоштади, зелени површини и/или шеталишта во рурални средини и 25 проекти за изработка на урбанистички планови. Во периодот 2016-2018 ќе се реализираат нови проекти согласно потребите на општините

· Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

Ќе се финансира вкупно 21 проект, од кои 13 проекти се инвестиции во локална патна инфраструктура (вклучително и мостови) за поврзување на населени места, односно села со  локалитет од значење за начинот на живот и работа на селската популација, 6 проекти во инвестиции за одбележување и унапредување на шумски и  велосипедски  патеки,  уредување  на   излетнички  места  во  рурални  средини (вклучително   и   нивно   поврзување   со   електрична   енергија,   водоснабдување, канализација) и 3 проекти за означување на културни и природни знаменитости во рурални средини

· Ќе  бидат  финансирани  проекти  за  изградба  и  реконструкција  на:  младински  и рекреативни центри, клубови за стари лица, интернет клубови, објекти за културни манифестации и слично (2014-2018)

· Изградба  на  водопоила,  обезбедување  на  вода,  патишта  и  електрификација  на пасиштата за понапредно сточарство (2015-2018)

· Реализирање на проектот „50% поддршка за проектите за производство и употреба на зелена енергија од земјоделството“ преку доделување на финансиска поддршка за проекти за искористување или производство на енергија од обновливите извори во   земјоделството   и   поддршка   на   спроведување   на   проекти   за   енергетска ефикасност во земјоделското производство (2015-2018)

· Отворање на нови откупно-дистрибутивни центри за зеленчук и овошје. Ќе бидат објавени  парцели во Гевгелија, Валандово, Богданци, Штип, Кочани, Облешево, Лозово, Карбинци, Свети  Николе, Битола, Могила, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Босилово, Василево, Пехчево, Липково и Долнени (2014-континуирано)

· Изградба  на  современи   расадници   за   саден   материјал   преку  привлекување инвеститори и покривање на половината од инвестиционите трошоци и доделување на  субвенции  по произведено   и  продадено  сертифицирано  растение  (2015- континуирано)

· Поддршка  за  инвестициите  за  изградба  на  мали  винарски  визби  во  следниве општини: Неготино со 23 локации, Кавадарци со 20 локации, Росоман и Битола со 8 локации и Дебарца со 5 локации. Локации за изградба на винарски визби ќе бидат огласени  и  во:  Велес,  Штип,  Свети  Николе,  Куманово,  Валандово,  Дојран  и Кратово (2015-континуирано)

· Отворање на нови подрачни единици во Јегуновце, Долнени и Боговиње (2015) и проширувањето и реновирањето на најголемите подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство  и водостопанство   (2015- континуирано)

 

Реформи за подобрување на структурата во земјоделскиот сектор

Во насока на започнување на промена на состојбата со мали производни капацитети и мали количини производство наменети за пазарот, ќе се спроведуваат политики и мерки за подобрување на функционалноста на пазарот на земјиште, здружување на земјоделците на пазарната  основа  и  поддршка   во  инвестициите  на  оние категории на земјоделски стопанства  кои  се  идентификувани  како   потенцијално  развојни  на  поедноставен  и поповолен начин. За таа цел, Владата на Република Македонија ќе ги спроведе следниве активности и проекти:

· Продажбата на земјоделското земјиште во државна сопственост за оние парцели за кои постои иницијатива од постојните закупувачи или на преостанатото нераспределено земјиште во државна сопственост (2014-континуирано)

· Консолидација  на  земјоделското  земјиште  преку  спроведување  на  проекти  на окрупнување на раситнетите парцели на едно место и по можност зголемување на земјоделскиот имот (2014-2018)

· Реализирање на проектот „Решавање на проблемот со недовршените постапки на арондација од минатото“ (2014-2015)

· Реализирање  на  проектот  ,,е-Наддавање  за  доделување  под  закуп  на  државно земјоделско земјиште над 10 ха“ (2015)

· Формирање и поддршка на земјоделски задруги (2014) и воспоставување систем на континуирани обуки за менаџерите на задругите спроведуван од овластени научни или образовни институции со посебни модули  (2015)

· Обезбедување на пакети за поддршка на инвестициони проекти за започнување на земјоделски бизниси со кофинансирање на 90% од трошоците и реструктуирање на земјоделски бизниси со кофинансирање на 70% од трошоците  (2015 континуирано)

· Поддршка на земјоделските бизниси на младите земјоделци (2014-континуирано)

· Државно  предфинансирање  на  инвестиции  од  заедничко  подсекторско  значење.

Инвестициите ќе бидат целосно финансирани од државата, а имплементирани од страна на правни субјекти формирани од официјално препознаени и функционални групации на најголемите производители на национално ниво (2015-континуирано)

 

Безбедност на храна, ветеринарно здравство и квалитет на земјоделски производи

Со цел зајакнување и унапредување на безбедноста на храна, ветеринарно здравство и подобрување  на квалитетот на земјоделските производи,  Владата на Република Македонија ќе ги спроведе следните мерки, активности и проекти:

· Спроведување  на  програми  за  здравствена  заштита  на  животните.  Активно  ќе бидат спроведувани и мерки за јавно ветеринарно здравство и засилен мониторинг врз безбедноста на храната (2014-2018)

· Следење и контрола на болестите на растенијата преку ставање во функција на системот за мониторинг на заразни болести на растенијата и издавање на „Пасоши за растенијата“ (2016)

· Ќе се воспостави систем на безбедно отстранување на остатоците од кланичната индустрија.   Проектот  предвидува  инвестиција  во  инцелератор  и  придружни објекти за уништување на  остатоците од животинско потекло и организација на системот за прибирање и транспорт на остатоците (I фаза до 2015, II фаза до 2017)

· Изградба  на  објекти  на  граничен  премин  Блаце  (2016)  и  Ќафасан  (2017)  за потребите  на   ветеринарните  и  фитосанитарните  инспекциски  служби.  Ќе  се изградат современи објекти за  инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство и Фитосанитарната управа (2016-2017)

· Ќе биде поставен систем на следење и контрола на прометот на пестицидите преку софтверско вмрежување на сите продажни места на пестициди и ѓубриња (2015)

· Поддршка на нови инвестиции за подобрување на хигиената во одгледувалиштата, редовна контрола на квалитетот на млекото од страна на овластените лаборатории, како и субвенционирање по проценет квалитет (2015)

· Вклучување   на   сите   домашни   животни   во   системот   за   идентификација   и регистрација на најголем дел на домашните животни (2016)

· Поддршка за класирање  на земјоделските  производи по квалитет и заштита на квалитетот   преку   целосно   спроведување   на   одредбите   од   правилниците   за класификација и обележување на квалитетот на земјоделските производи согласно Законот за квалитет (2015)

· Ќе  се  изврши  заштита  на  препознаениот  вкус  на  македонските  земјоделски производи, кофинансирање на половината на трошоците во процесот на заштита на квалитетот и поддршка на  производителите кои користат заштитени македонски називи.  Ќе  се  заврши  и  постапката  на  заштита  на  македонските  земјоделски производи „Охридска цреша“, „Овчо бело сирење Бистра“ и „Кашкавал Бистра“ и други (тековно од 2014)

· Ќе се финансира отворањето на органски продавници во поголемите потрошувачки центри во државата со покривање на трошоците за опремување и функционирањето во почетниот период (2015)

· Ќе  се  изврши  национална  промоција  на  македонските  производи  на  нови  или недоволно   застапени   и   алтернативни   пазари,   којашто   ќе   се   поддржува   со покривање на трошоците за закуп и изработка на изложбен простор на главните саемски  манифестации и спроведување на соодветни промотивни активности на овие пазари (тековно од 2014)

· Постепено  ќе  се  воведува  задолжително  користење  на  сертифицирано  семе  во првиот период  преку поврзување со висината на финансиската поддршка (2017). Дополнително,   задолжителна употреба   на   сертифициран   семенски и   саден материјал ќе се спроведува за новите закупци на државно земјоделско земјиште под  систем  за наводнување  (2014).  За  земјоделците  со  поголеми  земјишни површини од над 30 ха земја  ќе  се предвиди обврска за водење на дневник за примена на агротехнолошките мерки (2014)

· Ќе се продолжи со покривање на 70% од трошоците за спроведување на редовни агрохемиски  анализи за земјиштето и останатите услови од добрата земјоделска пракса (2014-континуирано)

· Реализирање на проектот „Доделување на стипендии за специјализации во делот на генетика  и   селекционерство  на  семенски  материјал  од  градинарски  и  житни култури“

 

Зајакнување на знаењето и иновациитезнаење достапно за земјоделците

· Ќе се реализира проектот „Систем за неформално образование за земјоделците“ (2017)

· Реализирање на проектот „Воспоставување на систем на апликативни демонстративни земјоделски стопанства“ преку финансиска поддршка (2015-2016)

· Во рамки на проектот „Рурални бизнис инкубатори“ ќе се формираат најмалку два бизнис инкубатори за стручна поддршка на земјоделските бизниси, при што еден во битолскиот и еден во струмичкиот регион (2016)

· Ќе  се  реализира  проектот  „Практични  и  применливи  истражувачки  проекти  од значење за земјоделците“ (2016-континуирано)

· Реализирање на проектот „Обука на домашни консултантски куќи и комори за аплицирање за ЕУ и ИПАРД средства“ (2015)

 

Шумарство и ловство

· Ќе  се  реализира  редовната  годишна  граѓанска  акција  за  пошумување  „Ден  на дрвото – засади ја својата иднина” (2014-континуирано)

· Ќе бидат поддржани инвестициите на приватните сопственици на шуми, а продолжува и финансиската поддршка  во  висина од 50%  од вредноста на инвестицијата преку ИПАРД (2015-континуирано)

· Реализирање  на  проектот  „Одгледување  на  брзорастечки  видови  дрва“  (2014-континуирано)

· Ќе бидат доделени уште 9 ловишта, кои со завршување на периодот на концесија ќе се објават со јавен повик. Посебно внимание ќе се посвети на поттикнување на развојот  на  ловниот  туризам,  особено  преку  промоција  на  македонските  ловни капацитети и привлекување на странски гости и инвеститори (2014-континуирано)

· Реализирање на проектот „Подобрување на евиденцијата на шумскиот фонд во Република Македонија“ во чиишто рамки ќе бидат спроведени следните активности:

o Изработка на Физибилити студија   за   квантификување на промените на земјиштето (2015)

o Разграничување на шумите и шумското земјиште од земјиштето со друга намена (2017)

o Воспоставување  на  Шумарски  информативен  систем  со  примена  на  ГИС  - географски  информациски систем и ТДС–техниките на далечински сензори во шумарскиот сектор (2014-2018)

o Завршување  на  воспоставувањето  на  информативен  систем  за  превенција  од шумски пожари (2014)

· Зајакнување на капацитетите на Шумската полиција преку доследно спроведување на   регулираниот   систем  на  посебни  овластувања,  обезбедување  на  засилени специјалистички обуки и нивно современо опремување (2015)

Симнете ја програмата во PDF