Честитка од премиерот Груевски по повод ПЕСАХ

До: Г-ѓа Берта Романо – Николиќ,

Претседател на Еврејската заедница во Република Македонија

До: членовите и припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија,                                                                        

Почитувана г-ѓо Романо – Николиќ,

Имам чест и задоволство, во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник ПЕСАХ.

Како најсилен бележник на легитимно остварените права и слободи, но и симбол на еврејскиот идентитет, историја и традиција, овој празник претставува богатство за мултиетничкиот и мултикултурниот карактер по кој е препознатлива Република Македонија. Наша е должноста и обврската да ги негуваме ваквите обележја, затоа што Република Македонија обединува еден отворен простор во кој се слават различностите, простор каде односите се темелат на почитување на човековото достоинство и права, почитување на принципите на демократија, отвореност и соработка. Јас сум уверен дека и во иднина достоинствено ќе продолжиме да работиме за продлабочување и унапредување на ваквите вредности.

Честитајќи Ви го уште еднаш големиот празник ПЕСАХ, Ве поздравувам и Ви посакувам убави празнични денови.

        

Со почит,

 

Никола ГРУЕВСКИ