Честитка од премиерот Никола Груевски по повод Денот на македонските и сесловенските просветители

Ми претставува особено задоволство во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители, Светите Браќа Кирил и Методиј.

На овој ден се потсетуваме и поклонуваме пред големите светители, мислители и дејци, чиј живот и дело со децении наназад останало да се прераскажува и празнува како едно од најголемите и најзначајните настани во историјата. Нивната просветителска улога на културен и на религиозен план ги претставува скалилата по кои голем број народи зачекорија. Меѓу сите тие народи е и македонскиот народ. Преку својата дејност, како изумители на глаголицата и основоположници на словенската писменост, солунските браќа Свети Кирил и Методиј активно допринесоа за верскиот соживот, традицијата и духовниот развој во Македонија, но и во многу други делови во Европа.

Од тука, празнувајќи го големиот празник 24-ти Мај, да се потсетиме на големината на македонските и сесловенските просветители, да земеме пример од нивната работа и посветеност, да ги чуваме и негуваме вредностите со кои не задолжиле и да помогнеме нашата земја да продолжи да се развива издигнувајќи го образованието и просветувањето како клуч за подобар живот за граѓаните.

Нека е вечно нивното име и нека ни е за многу години големиот државен празник Свети Кирил и Методиј !

 

Со почит,

Никола ГРУЕВСКИ