Горан Мицковски

Горан Мицковски, како Министер за привлекување странски инвестиции, е задолжен со водење и обезбедување на бизнис и инвестициски можности во Македонија. Преку водење на директни кампањи и сеопфатни настани, министерот Мицковски развива и одржува односи со значајни и одлучувачки личности во сферата на бизнисот во Европа и Азија во многу индустрии, што доведува до создавање на инвестициски можности во Македонија.

Претходно, г-дин Мицковски работел во финансискиот сектор во Лондон и, исто така, имал значајни улоги со водечки меѓународни правни фирми во Лондон и на други места, за советување на водечки меѓународни компании за голем број на различни комплексни финансиски производи.

Мицковски поседува диплома и магистерска диплома од Правниот факултет на Универзитетот во Мелбурн, Австралија.

Мицковски, кој, исто така, е државјанин на Велика Бринанија и Австралија, течно зборува англиски и има познавање од францускиот јазик на напредно ниво. Тој е роден во Скопје, Македонија каде што сега живее.