Рената Тренеска Десковска, Министерка за образование и наука

Рената Тренеска Десковска е министерка за образование и наука во Владата на Република Македонија.

Проф. Д-Р Рената Десковска е родена 03-05-1972, Скопје, Македонија. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 1994 година со просечен успех 9,55.

Постдипломски студии завршила со просечен успех 10,00 и магистрирала на тема “Типови извршна власт” во 1997 година, на Правниот факултет во Скопје.

Докторирала  на Правниот факултет во Љубљана во 2002 година, на тема “Конституционализмот, уставите и човековите права, со студии на случаи од Република Словенија и Република Македонија” со што се стекна со назив Доктор по правни науки.

Од 1995 до 1998 година била демонстратор на Правниот факултет – Скопје, а во 1999 година се вработува како асистент на истиот факултат, каде во 2012 година е избрана за редовен професор на научната област уставно право и политички систем.

Во 2014 и во 2016 година е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во периодот од 2015 до декември 2016, Десковска ја извршува функцијата Потпретседател на Собранието на Република Македонија од септември, и  Шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ. Од  септември 2015, како член на Парламентарното собрание на Советот на Европа, е и член на ад хок комисија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на парламентарните избори во Бугарија во 2017 година, и член на ад хок комисија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Србија во 2017 година.

Во 2012 година, на предлог на Венецијанска комисија, Проф. Д-Р Рената Десковка  е избрана за член на Советодавниот панел на експерти за слобода на вероисповед на ОДИХР (ODIHR Advisory Panel of Experts on Freedom of Religion or Belief).

Во периодот од 2008 и 2009 година таа е консултант за избори на UNDP , а во 2003-2004 е  консултант на DIFID.

Со своето професионално искуство, Десковска се јавува и како домашен експерт за „Правната и институционалната рамка за интеретнички дијалог (2009), член е на работна група за подготовка на „Националната стратегија за интеграција на Република Македонија во Европслата Унија (2003), Советник за уставни и правни прашања во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија (од 2004 до 2009), и член на ад-хок комисијата за испитување на настаните од 24 декември 2012 година.

Учествувала на четириесетина конференции, тркалезни маси и семинари. Има објавено 38 трудови на англиски јазик, и 14 трудови на македонски јазик, а учествувала и во повеќе од 35 домашни и странски проекти.