Груевски: Имавме комуникација со СДСМ, но без успех

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска потврди дека во изминатиот период имало одредена комуникација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но оти средбите не вродиле со успех.

- Во целото ова меѓувреме имаше одредени комуникации на различни нивоа меѓу двете партии, но, за жал, без успех. Ние сме секогаш отворени за средба, изјави премиерoт Груевски. 

Тој ова го соопшти одговарајќи на новинарско прашање во врска со политичкиот дијалог и враќањето на опозицијата во Парламентот по промоцијата на книгите од проектот „Превод на илјада стручни книги“.