Деветнаесет награди на вториот конкурс за создавање на класична музика

Деветнаесет награди со износ од 3.515.000 денари се доделени на вториот конкурсен рок за 2014 година за нарачка на дела од областа на класичната музика. На конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика до Министерството биле поднесени 36 апликации за девет различни категории од кои само една не ги исполнила условите.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска на прес-конференција на која ги соопшти резултатите од конкурсот, рече дека се доделени 10 први награди со износ од 2.830.000 денари, седум втори награди со износ од 555.000 денари и две трети награди со износ од 130.000 денари.

Посочи дека Комисијата задолжена за избор на оркестарски копозиции одлучи во таа категорија да биде доделена една прва награда со освоени 22 бодови за композицијата на авторот Вања Николовски, а Комисијата за должена за избор на композиции од категоријата за гудачки оркестар одлучи да бидат доделени една прва награда со освоени 33 бодови за композицијата на авторот Никола Крстевски и две втори награди: со освоени 29 бодови за композицијата на авторот Александар Пејовски и со освоени 29 бодови за композицијата на авторот Сони Петровски.

- Комисијата за должена за избор на композиции од категоријата за гудачки квартет одлучи во оваа категорија да бидат доделени прва награда со освоени 20 бодови за композицијата на авторот Маријана Јаневска, втора награда со освоени 17 бодови за композицијата на авторот Валентина Велковска Трајановска и трета награда со освоени 14 бодови за композијата на авторот Филип Иванов, рече Канческа-Милевска.

Таа потенцира дека Комисијата за избор на композиции од категоријата мешан хор утврди дека во оваа категорија ќе бидат доделени: прва награда со освоени 23 бодови за композицијата на авторот Јана Андреевска Димитровска, втора награда со освоени 20 бодови за композицијата на авторот Никола Крстевски и со освоени 20 бодови за композицијата на авторот Маријана Јаневска, како и трета награда со освоени 20 бодови за композицијата на авторот Тодор Трајчевски.

Нагласи дека Комисијата задолжена за избор на композиции од категоријата за вокално инструментални дела одлучи во таа категорија да биде доделена една прва награда со освоени 40 бодови за композицијата на авторот Панде Шахов, а Комисијата за избор на композиции од категоријата за дуо утврди дека во таа категорија ќе бидат доделени: прва награда со освоени 32 бодови за композицијата на Никола Димушевски, втора награда со освоени 29 бодови за композицијата на Ана Пандевска и трета награда со освоени 27 бодови за композицијата на авторот Илија Илиевски.

Комисијата за избор на композиции од категоријата камерна опера утврди дека ќе биде доделена прва награда со освоени 46 бодови за композицијата на авторот Горан Начевски, а Комисијата за избор на композиции од категоријата солист и гудачки оркестар утврди дека ќе бидат доделени две први награди со освоени 24 бодови за композицијата на авторот Михаило Трендафиловски и со освоени 24 бодови за композицијата на авторот Дамјан Темков, а Комисијата за избор на композиции од категоријата за солист и оркестар одлучи да биде доделена само една прва награда со освоени 34 бодови за композицијата на авторот Сони Петровски.

- Во однос на оваа стимулативна мерка на Министерството за култура во 2014 година на првиот конкурс (чии резултати без соопштени во јули кога беа доделени 23 награди) и на вториот конкурсен рок се поддржани вкупно 42 композиции на 27 автори кои се наградени со вкупен износ од 5.305.000 денари од буџетот на Република Македонија. Министерството и следната година ќе продолжи со реализација на оваа мерка и веќе во втората половина на јануари ќе биде објавен нов конкурсен рок за нарачка на нови дела од областа на класичната музика, додаде Канческа-Милевска.

Таа ги повика сите автори, композитори без оглед на која генерација и припаѓаат да се информираат и да учествуваат на конкурсот.

Сони Петровски, претседател на СОКОМ и композитор, рече дека неколкукратно е зголемен е фондот на нови музички дела и тоа им овозможува на институциите, фестивалите и ансамблите да го збогатат својот репертоар со македонски дела.

Според музикологот и член на неколку комисии, Марко Коловски истакна дека годинава веројатно ќе ја завршат со исклучително висок број создадени композиции од македонските автори.

- Оваа година вложениот креативен труд на авторите на класична музика е вреднуван сосема солидно, пристојно и достоинствено, додаде Коловски.

Еден од наградуваните автори Горан Начовски потенцира дека во врска со неговата композиција камерната опера не би сакал да открива детали, но оти со задоволство и нетрпение го очекува моментот кога ќе дојде да се подготвува во нивната национална установа Македонската опера и балет.

Наградениот автор Дамјан Темков рече дека ова е еден најмотивирачките периоди во македонското музичко класично творештво.