Муамет Хоџа - Портпарол на Владата на Република Северна Македонија

Дипломирал на Правниот Факултет „Јустинијан први„ при Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек правни науки, а во моментов е магистрант на Правен Факултет при Државниот Универзитет во Тетово.

Во 2000 година, ја започнува својата професионална кариера како новинар а подоцна и како уредник во Албанската редакција на Радио Скопје. Муамет Хоџа работеше и како дописник од Македонија за дневниот весник „Бота Сот” – во Приштина и Радио Телевизија 21 во Приштина.

Во 2002 година Хоџа работеше како новинар - уредник на дневниот весник на албански и македонски јазик „Глобал“.

Потоа во 2003 година беше избран за портпарол на Координативното тело за доброволно  собирање на нелегалното оружје, формирано за спроведување на Законот за доброволно собирање на нелегалното оружје усвоен од Собранието на Република Македонија.

Во 2008 година се вработува во кабинетот на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, а од 2009 година раководи со Секторот за односи со јавност во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

Во 2010 година Муамет Хоџа е именуван како портпарол на Владата на Република Македонија.

Инаку, Муамет Хоџа ги има положено Правосудниот и Нотарскиот испит, а во текот на својата професионална кариера учествувал на многу бројни семинари и обуки од областите на новинарството, односи со јавност и правните науки.