Забраната за вршење внатрешен промет, откуп и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг ќе се укине кога ќе се видат резултатите од мерките што Министерството за животна средина и просторно планирање ги предложи до Владата, со кои треба да се намалат кражбите на предмети од јавен интерес, информира денеска министерот Абдилаќим Адеми.