• Болничките амбуланти во Битола реновирани за пет дена

    Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во Клиничка болница-Битола ги претстави целосно реновинираните и реконструирани болнички амбуланти, кои пред пет дена или на почетокот од неговиот мониторинг на таа јавна здравствена установа ги затекна во лоша инфраструктурна состојба.

  • Кралев: МОН нема да донесе одлука спротивна на националните интереси

    Наш национален интерес е студиите по македонски јазик да останат и тоа никој не може да го оспори ниту да го доведува во прашање. Но, наша обврска е исто така за тие студенти што ќе ги завршат студиите да најдеме начин да не бидат на листата за вработување подолг период како што е сега случајот, изјави министерот за образование и наука Панче Кралев во врска со реакциите по објавената анализа за суфицитарни струки и препораката за мирување на македонистичките студии.

  • Презентирани инвестициските можности што ги нуди Македонија пред бизнисмени во Брисел

    Исклучителната макроекономска стабилност што Македонија ја постигна во изминатиот период и бизнис ориентацијата на Владата која ги разбира потребите на бизнисмените, беа во фокусот на денешната презентација на можностите за инвестирање во земјава пред стопанствениците во Брисел.

  • Тодоров задоволен од пилот-проектот за упатување на пациентите

    Министерот за здравство Никола Тодоров е задоволен од имплементацијата на пилот-проектот за упатување на пациентите кој се тестираше изминатите два месеци, со цел да се растоварат универзитетските клиники во Скопје.

  • Пешевски: Оптимист сум дека до крајот на годинава ќе се реализираат сите зацртани странски инвестиции

    Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски е оптимист и очекува да се реализираат сите планирани странски инвестиции за годинава.

  • Ставрески: Ефективни нови 50 милиони евра за малите и средни претпријатија од ЕИБ

    Кредитната линија од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) намената за финансирање на проекти за средните и малите претпријатија стана ефективна со денешното потпишување на договорите за гаранција на заемот.
    Средствата ќе бидат дистрибуирани од Македонската банка за поддршка на развојот преку комерцијалните банки со поволни услови. Каматната стапка ќе изнесува 5,5 проценти, а ќе бидат одобрувани два вида на кредити - инвестициски кредити за трајни обртни средства.

  • Ставрески: Нема зголемување на даноците или воведување на прогресивно оданочување

    Не се размислува за зголемување на даноците или за воведување на прогресивено оданочување бидејќи тоа би однело многу претпријатија во пропаст, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Во нашата програма нема предвидено зголемување на даноци, ниту воведување на прогресивно одданочување. Сметаме дека тоа е лоша политика посебно во вакви околности кога во економијата во Европа и светот се случуваат кризни ситуации зголемувањето на данокот не е добро и тоа би одвело многу претрпијатија во пропаст.

  • Ставрески: Очекувањата за растот на БДП е остварување на проектираниот од 3,5 проценти

    Владата останува на проекцијата за растот на БДП од 3,5 проценти и покрај тоа што има повисоки остварувања БДП во првата половина од годината. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. Тој додаде дека тоа дава солидна основа да се проектира повисок раст за целата година, но оти во последните 30-тина дена има информации за сериозни ризици во европската и светската економија кои треба да се вградат во очекувањата, бидејќи тие со временско задоцнување ќе дојдат и во Македонија.

  • Ставрески: Решен еден од историски наследените проблеми од поранешна СФРЈ - исплатени старите девизни заштеди

    Исплатена e последната рата од обврзницата за старо девизно штедење во износ од 25,7 милиони евра. Со ова, како што истакна денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заокружен е еден историски процес во самостојна Република Македонија и е испавена неправдата кон граѓаните и фирмите со заробени девизни заштеди. - Со заокружувањето на овој процес целосно се обештетија граѓаните и фирмите на еден транспарентен и ефикасен начин и се докажа цврстата определба на државата за навремено сервисирање на своите обврски. Дополнително со оваа исплата ќе се подобри ликвидноста на стопанството за нови 1,5 милијарди денари, рече на прес-конференција министерот Ставрески.

Pages