• Тодоров: Со руралните доктори подостапна здравствена заштита на ниво на целата држава

    Вкупно 73.820 прегледи се реализирани во периодот од март до ноември, годинава, во рамки на проектот Рурален доктор чија цел е да овозможи континуитет во обезбедувањето примарна здравствена заштита на жителите од руралните средини, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

  • Деветнаесет награди на вториот конкурс за создавање на класична музика

    Деветнаесет награди со износ од 3.515.000 денари се доделени на вториот конкурсен рок за 2014 година за нарачка на дела од областа на класичната музика. На конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика до Министерството биле поднесени 36 апликации за девет различни категории од кои само една не ги исполнила условите.

  • Нема носење закони без поставување на порталот ЕНЕР

    Надграден е Единствениот Национален Електронски Регистар на прописи, веб портал преку кој граѓаните, невладиниот сектор, синдикатите, стопанските комори, претставници на Владата... електронски се информираат за предлог-законите во фаза на подготовка и можат да дадат коментари и забелешки.

  • Ставрески: Реинвестираната добивка и натаму нема да се оданочува

    Фирмите во Македонија, кои што сакаат да реинвестираат, и понатаму ќе имаат можност да не плаќаат данок на добивка. Тоа го имаме само ние и Естонија во Европа, што значи Репубика Македонија и натаму е земја со најповолен даночен систем во тој дел.

  • Меморандум за соработка меѓу Министерството за труд и Мировниот корпус Македонија

    Министерството за труд и социјална политика денеска по повод Меѓународниот ден на волонтерството потпиша меморандум за соработка со Мировниот корпус Македонија.

  • Клинички центар ќе произведува струја и греење за сопствените потреби

    Владата на последната седница донесе одлука за почнување постапка за изградба на когенеративна електрична централа за производство на струја и топлинска енергија, со цел снабдување на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со електрична и топлинска енергија. Станува збор проект кој ќе се реализира во претстојниот период и кој се надоврзува на спроведената гасификација на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

  • Владата ќе го унапредува системот за превенција од насилство

    Владата ќе го унапредува системот за превенција од насилство особено сторено со оружје, кое е во посед и на приватни и на службени лица. Формирана е работна група која треба да ги даде решенијата, а Владата на наредната седница да излезе со конретни решенија.

  • Владата организира саем за вработување во Струмица

    Владата на Република Македонија на 25 овој месец организира Саем за вработување кој треба да овозможи да дојде до заедничка средба на рабодавaчите и лицата кои бараат работа можност за засновање работен однос. Досега се организирани саеми во четири градови, преку кои се вработени 160 лица.

  • Тодоров: Со набавка на апарати преку реагенси заштеди и побрзи услуги

    Со новиот лабораториски биохемиски анализатор на Универзитетската клиника за детски болести досега се направени околу 90.000 анализи, што, според министерот за здравство Никола Тодоров, говори за високото ниво на искористеност.

  • Македонија со раст над просекот во регионот, сметаат и ММФ и Владата

    Македонија ќе ја заврши годината со раст над просекот во регионот. Годинава ќе ја заврши со раст околу 3,5 проценти, раст кој го одразува зголемениот извоз, како и зголемената лична потрошувачка.

Pages