• Ристовски: Позитивен извештајот на Кембриџ за примената на наставните програми

    Од идната учебна година сите основци ќе учат математика и природни науки по адаптирани наставни програми од Меѓународниот центар за наставни програми на Универзитетот Кембриџ. Проектот почна пред три години и засега програмите се применуваат од прво до шесто, а од септември ќе бидат воведени во седмо, осмо и деветто одделение. Со тоа, адаптираните наставни програми по овие предмети ќе го опфатат целото основно образование.

  • Ристовски: Македонските дипломи ќе имаат европски предзнак

    Квалификациите кои ќе се стекнуваат во сите степени на образование ќе имаат еквиваленти во квалификациите на ЕУ, со што дипломите на македонските граѓани ќе бидат вреднувани од европските работодавачи. По двегодишен процес Македонија успешно ја усогласи рамката на квалификации со европската - извештајот бил едногласно прифатен од Европската комисија во Брисел минатата недела и оценет како јасен и прегледен.

  • Бесплатни обуки за 2.000 млади за компјутери и странски јазици

    Сите невработени млади до 29 години кои имаат завршено минимум средно образование од денеска ќе можат да аплицираат на огласот за обуки за странски јазици и компјутерски вештини за 2.000 лица, што ги овозможува државата преку Агенцијата за вработување на Република Македонија. Огласот за обуките е отворен денеска и ќе трае до исполнувањето на квотите. За реализација на обуките државата има обезбедено 12 милиони и 400 илјади денари.

  • Општествено корисна работа во општините за 200 лица од ранливите категории

    Двесте невработени лица од социјално ранливите категории, приматели на социјална помош, лица во социјален ризик и потешко вработливи лица годинава ќе можат да бидат ангажирани за општокорисна работа во општините за период од шест месеци за што ќе добиваат месечен надомест од 6.200 денари. Во периодот на ангажманот лицата кои примаат било каква парична помош од државата нема да ја изгубат.

  • Грантови од по 1.500 евра за 200 нови работни места

    Нови 200 вработувања ќе се реализираат преку мерката за финансирање поестоечки микро и мали претпријатија за што се се издвоени вкупно 18 милиони и 400 илјади денари. Со по 1.500 евра ќе се финансира секое новоотворено работно место во претпријатијата. Огласот за мерката е отворен денеска и нема временско ограничување односно ќе трае додека не се испони предвидената бројка.

  • Осум театри опремени со нова и современа сценска, светлосна и тонска опрема

    Осум театри се опремени со нова и современа сценска, светлосна и тонска опрема, проект кој се наоѓаше во програмата на Владата и на Министерството за култура за кој беа издвоени средства во висина од 17,6 милиони денари.

  • Проект за развој на Кокино како туристичка дестинација

    Со изработка на новата веб-страница www.kokino.mk, промотивно видео, мобилна апликација, реновирање на информативните табли, поставување на патокази и заштитни прегради на ранливите делови и оградување на локалитетот НУ Музеј Куманово во соработка со Локалната акциска група „Абер 2015“ и со поддршка од Проектот за експанзија на мали бизниси, финасиран од УСАИД и Владата на Швајцарија ќе се развива мегалитската опсерваторија Кокино како туристичка дестинација.

  • Нова авионска линија Скопје - Прага

    Авиокомпанијата Чех ерлајнс ќе ја обнови редовната авионска линија Скопје – Прага од 20 мај годинава, со три лета неделно. Билетот во еден правец чини 5.039 денари (85 евра), а повратен 9.725 денари (159 евра) со вклучени такси.

  • Изработена Стратегија за развој на полицијата 2016 - 2020

    „Полицијата е организација која ние сите ја гледаме секој ден на улица, во одредени објекти, во установи. Тоа е организација на која треба да ѝ веруваме, да ја врши својата работа на заштита и помагање.

  • Работилница за поголема компатибилност на образовниот систем со пазарот на труд

    Постигнување поголема компатибилност на образовниот систем со реалните состојби и потреби на пазарот на труд преку поврзување на потребите на пазарот на трудот и образовните програми со нова алатка „Опсерваторија на вештини“, најави денеска заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Pages