• Поддршка за 61 проект од креативните индустрии на четвртиот конкурс

    Шеесет и еден проект од областа на креативните индустрии ќе добијат финансиска поддршка од Министерството за култура. Тие се избрани на четвртиот конкурс на кој аплицирале 114 проекти. Триесет од прифатените се на физички лица, 31 на граѓански здруженија и други правни субјекти. Со нив вкупно 211 проекти добиле поддршка од почетокот на објавувањето на конкурсите во 2013 година.

  • Од мај повторно редовна авиолинија Скопје- Прага

    Авиокомпанијата Чех ерлајнс ќе ја обнови редовната авионска линија Скопје – Прага од 20 мај годинава, со три лета неделно. Билетот во еден правец чини 5.039 денари (85 евра), а повратен 9.725 денари (159 евра) со вклучени такси.

  • Спасов: 44 милиони денари за обука и субвенционирано вработување

    Со средства во висина од 44 милиони денари во наредниот период преку комбинирани мерки за обука и субвенционирано вработување ќе се вработуваат лица од социјално ранливите категории, долгорочно невработени, постари лица над 50 години, како и млади до 29 години.

  • Малигно болните ќе ја добиваат терапијата во или блиску до местото на живеење

    Почна спроведувањето на проектот на Министерството за здравство, кој ќе овозможи поголема грижа за лицата болни од малигни заболувања односно дисперзирано давање терапија на тие пациенти во нивното место на живеење или многу поблиску до нивното место на живеење, што ќе значи нивно растеретување од дополнителни трошоци, а ќе се овозможи и растеретување на Клиниката за онкологија во Скопје од зголемена фреквенција на пациенти.

  • Преку грантови за самовработување годинава ќе се отворат околу 1.000 работни места

    Сите невработени лица кои имаат бизнис идеја до крајот на јануари можат да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен мал бизнис. За реализација на оваа мерка за самовработување годинава се предвидени средства од 207 милиони денари, со кои треба да се отворат 920 мали бизниси и да се остварат околу 1.000 вработувања.

  • Италијанската „Кондоте“ ќе гради хидроелектрани во Македонија

    Вкупно 19 милиони евра е инвестицијата на италијанската градежна компанија „Кондоте“ која гради четири мали хидроелектрани во Македонија.

  • Техничка поддршка за одржлив регионален економски развој

    Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и тим лидерот од Германското друштво за меѓународна соработка во Македонија (ГИЗ) Бенџамин Мор денеска потпишаа Меморандум за соработка за техничка поддршка во врска со Програмата за одржлив и инклузивен регионален економски развој во Република Македонија.

  • Ристовски: Изградивме систем за целосно стипендирање на образованието на Ромите

    Министерството за образование и наука првпат ќе додели 30 стипендии за Роми запишани на редовни додипломски студии во академската 2015/2016 година на јавните и приватните универзитети. Во конкурсот, кој е објавен на веб-страницата stipendii.mon.gov.mk, се наведени условите кои кандидатите треба да ги исполнат, а рокот за аплицирање е до 11 февруари 2016.

  • Концептот на слободни здравствени зони проширен со банско климатско лекување

    Предлог-законот за слободни здравствени зони, како концепт за привлекување странски капитал кој предвидува воведување нови здравствени методи и постапки, трансфер на нова технологија во насока на подигнување на квалитетот на здравствена заштита во земјата е усвоен на Владина седница и е влезен во собраниска процедура, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

  • Договори за финансирање 17 иновативни проекти

    Иновативни проекти ќе спроведуваат десет „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија со грантови до 30 илјади евра од Фондот за иновации и технолошки развој, а седум фирми ќе ги комерцијализираат своите иновации со грантови до 100 илјади евра.

Pages