• Тодоров: Во рамки на здравствената мрежа на ЈИЕ ќе се формира центар за кризни ситуации

    Иницијативите во рамки на здравствената мрежа на Југоисточна Европа со фокус на формирање центар кој ќе се занимава со кризни ситуации од здравствен аспект, но поврзани со здравјето, како што беа поплавите во земјите од регионот, членки на здравствената мрежа, и улогата на регионалниот директор на СЗО за Европа во поддршка на функционирањето на мрежата, се дел темите на кои се осврна министерот за здравство Никола Тодоров.

  • Македонија и Србија со заеднички ДКП-а во некои земји

    Македонија и Србија се пријателски земји, во наш интерес е билатералните односи да бидат колку е можно подобри. Србија ја поддржува европската иднина на Македонија. Овој регион неоправдано е со години и децении потценуван во однос на другите делови на Европа и затоа целиот овој регион заслужува што поскоро да влезе во ЕУ.

  • Повисоки плати, пензии и социјална помош со буџетот за 2015 година

    Поголеми плати во јавниот сектор од годинава и поголеми пензии и социјална помош од следната година предвидува буџетот за 2015 година, кој помина синоќа на владина седница.

  • Податоци за градежни парцели и цени во Македонија од кое било место во светот

    Потенцијалните инвеститори ќе можат од кое било место во светот он лајн да добиваат податоци каде има слободни градежни парцели во Македонија, која е цената на недвижноста за која се заинтерсирани, стандардизирана адреса со точна локација.

  • Со новото АД за водоснабдување земјоделците очекуваат подобри услуги

    Со формирањето на Акционерското друштво за водоснабдување во државна сопственост, земјоделците очекуваат дека наводнувањето ќе биде поефикасно и ќе се подобрат услугите што им се нудат, со што и приносите ќе бидат поголеми.

  • Нови рокови за увоз на автомобили

    Во изминатите години Владата на Република Македонија донесе одлуки со кои се овозможи повластен увоз на автомобили од странство. Граѓаните во голема мера ја искористија оваа можност и го обновија сопствениот возен парк.

  • Централно акционерско друштво за водостопанство за поквалитетен инвестициски циклус

    Во насока на обезбедување на услови за реализација на еден обемен и амбициозен инвестициски циклус на полето на водостопанството, заради подобрување на ефикасноста, ефективноста и продуктивноста на работењето и функционирањето на водостопанскиот сектор, обезбедување на стручен кадар за развој на дејноста, Владата на минатата седница одлучи дека е неопходно да се формира Акционерското друштво за водостопанство на Република Македонија.

  • Проект за јакнење на капацитетите на АВРМ

    Со 1,2 милиони евра, средства од фондовите на Европската унија, ќе се зајакнуваат капацитетите на Агенцијата за вработување и нејзините центри за подобрување на пристапот на невработените лица на пазарот на труд преку проектот „Поддршка на АВРМ за имплементација на активни мерки и услуги на пазарот на труд“ кој беше презентиран денеска во Скопје.

  • Објавени конкурсите за финансирање проекти во културата од национален интерес за 2015 година

    - Министерството за култура на својата веб-страница и во дневниот печат ги објави конкурсите за финансирање проекти во културата од национален интерес за 2015 година. Првпат оваа година, а ќе важи и за наредните години, конкурсите за поединечните дејности од културата се објавени на 1 септември, наместо во јуни како досега, а нов е и начинот на аплицирање.

  • Доделено 100.000-тото решение за легализација

    Три години по донесувањето на Законот за бесправно изградени објекти, денеска во Агенцијата за катастар на недвижности беше доделено стоилјадитото решение за легализација.

Pages