• Писмо со сочувство од Емил Димитриев до Тереза Меј

    Почитувана Екселенцијо, Со огорченост, вознемиреност и тага ја примив информацијата за грозоморниот терористички чин во Лондон.

  • Попоски се сретна со Тилерсон

    Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски вчера учествуваше на состанокот на коалицијата за борба против Исламската држава во Ирак и Сирија, кој се одржа во Вашингтон. Домаќин на состанокот на алијансата против ИСИС беше американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, при што на маргините на самитот Попоски ја имаше и првата средба со новиот шеф на американската дипломатија.

  • Димитриев: Владата функционира нормално и во полн состав

    Владата функционира во едни специфични услови, меѓутоа функционираме согласно закон и без разлика што изборите поминаа и нема формирано нова влада, државата не може да престане да функционира и сето она што го претставува државниот апарат, рече премиерот Емил Димитрив, во Дневникот на Сител телевизија.

  • Попоски: Интеграцијата во ЕУ најдобра гаранција за стабилен Балкан

    Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски во Виена оствари средба со австрискиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц. Министрите разговараа за регионалната стабилност и потребата од интегрирање во ЕУ како најдобра гаранција за развој на Балканот.

  • Димитриев: Потребна е соработка, а не мешање во внатрешните работи на земјите од Западен Балкан

    Неопходна е соработка, а не мешање во внатрешните работи и силно почитување на сувереноста и интегритетот на секоја држава. Само така регионот ќе оди напред и политички и економски, порача премиерот Емил Димитриев на денешниот Самит на земјите од Западен Балкан што се одржа во Сараево.

  • На Онкологија отворена најсовремена лабораторија за хемотерапија

    Нa Клинката за радиотерапија и онкологија веќе е пуштена во работа и функционира најсовремена лабораторија за подготовка на хемотерапија во поширокиот регион, во која може да се изведуваат и подготовки на вештачка храна за специфични пациенти. Станува збор за инвестиција од околу 21,5 милиони денари, односно над 350 илјади евра.

  • За две години најголем дел од Македонија ќе биде приклучен на гасоводот

    За две години, ако се биде во ред, најголем дел од Македонија ќе биде приклучен на гасоводот, најави директорот на Македонски енергетски ресурси Крсте Миладинов при денешниот увид во градежните работи за изградба на магистралниот гасовод од Скопје до Гостивар со крак за Тетово.

  • Тодоров: Со проектот „Домашна визита“ посетени 250.000 лица

    Откриен е дијабет кај три до пет отсто од вкупно 250.000 граѓани кои биле посетени од медицински екипи во домашни услови во изминатите три години преку проектот „Домашна визита“. Новооткриени пациенти со зголемени нивоа на маснотии се околу два процента од вкупно посетените.

  • Миноски на средби во Светска банка и ЕК на економски теми

    Министерот за финансии Кирил Миноски оствари средби со претставници на Светската банка и Европската комисија по повод реализацијата на тековни проекти и Програмата за економски развој.

  • Примени нови 90 професионални војници во АРМ

    Нови 90 професионални војници, кои поминаа преку ригорозен процес на селекција кој вклучува медицински и психофизички проверки, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје беа примени на служба во Армијата на Република Македонија.

Pages