• Клиниката за токсикологија доби нови апарати

    Голем број нови апарати се набавени и донесени на Клиниката за токсикологија, а најголем дел од нив се ставени во функција. Станува збор за опрема во вредност од 11,5 милиони денари (околу 180 илјади евра).

  • Ќе се реконструира Кумановскиот театар

    Кумановскиот театар ќе се реконструира. Со реконструкцијата се очекува да се подобрат условите за вработените и да се подобри општиот впечаток кај гледачите и кумановци за оваа установа, која идната година одбележува 70 години од постоењето.

  • Очната клиника доби најсовремен апарат за фако хирургија во Македонија

    Најсовремен апарат за фако интервенции е ставен во функција на Универзитетската Клиника за очни болести. Ваков апарат имаат само некои земји и е единствен во регионот.

  • Попоски: Непристојно е кога премиер или претседател од соседна земја се меша во внатрешни работи

    Не е пристојно ниту соодветно кога Премиер или Претседател од соседна земја директно се меша во внатрешни работи. Особено не во период по демократски спроведени избори и пред формирање на влада, бидејќи се испраќаат погрешни сигнали во регионот, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски во однос на прашањето за мешањето на Тирана и Приштина во внатрешните работи на Македонија.

  • По 80 години стара градска ќе добие комплетно нов лик

    Со реконструкцијата на внатрешноста на старата градска болница „Свети Наум Охридски“ во која повеќе од 80 години ништо не е променето ќе се подигне стандардот на негата и услугата на болницата, истакна денеска министерот за здравство Никола Тодоров при увидот на градежните работи во болницата кои започнаа во септември минатата година.

  • Иванов и Димитриев на божикна литургија во Соборниот храм во Скопје

    Во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје денеска по повод големиот празник Рождество Христово - Божик се одржа Архиерејска Златоуста литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан.

  • Честитка од премиерот Димитриев за Божик до Евангелистичко-методистичката црква

    Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведуванје на изборите, Емил Димитриев, по повод големиот христијански празник – Божик, упати честитка до претседателот на Евангелистицко-методистицката црква, Емил Заев и до сите верници на оваа црква во Република Македонија.

  • Честитка од Димитриев по повод Божик

    Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до православните верници по повод големиот христијански празник Рождество Христово - Божик.

  • Нов кабинет за дерматовенерологија во Поликлинката Ченто

    Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети новоотворениот специјалистички кабинет за дерматовенерологија во Поликлинката Ченто што почна да функционира кон крајот на минатата година со преземање на лекар од приватна во јавна здравствена установа.

  • Тодоров очекува наскоро да почне реализацијата на новиот клинички центар во Скопје

    Министерот за здравство Никола Тодоров очекува евалуацијата на вчера завршениот тендер за новиот клинички центар во Скопје да трае пократко од предвидените 90 дена и наскоро да започне неговата изградба.

Pages