• „Џонсон контролс“ отвора нова фабрика во Штип, инвестиција од 20 милиони евра

    „Џонсон контролс“ почнува со реализација на втората инвестиција во земјата од околу 20 милиони евра. Договорите треба да се потпишат за две до три недели, а изградбата на фабриката лоцирана во Технолошко индустриската зона кај Штип да почне со изградба на средината на наредниот месец. Според премиерот Никола Груевски, кој денеска имаше средба со менаџерот на проектот во Македонија Стивен Мејлеманс, ова е потврда за добрите услови за бизнис со оглед на тоа што компанијата „Џонсон контролс“ одлучува да инвестира по вторпат во земјава.

  • Индиската „Мадерсон груп“ влегува на македонскиот пазар

    Индиската компанија „Мадерсон груп“ денеска со поставување камен-темелник во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 го официјализираше влезот на македонскиот пазар. Станува збор за инвестиција вредна 12 милиони евра со која треба да се обезбедат нови 140 вработувања. Планирано е на површина од 2,7 хектари да бидат изградени два производствени погона во кои ќе се произведуваат делови за ретровизори, односно во еден од објектите лимени делови за ретровизори, а во другиот стакло за ретровизори.

  • Состанок на Комитетот за странски инвестиции

    Во Владата на Република Македонија денеска се одржа состанок на Комитетот за странски инвестиции со кој претседаваше претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски.

  • Пуштена во употреба училишна спортска сала во Трубарево

    Основното училиште „Крум Тошев“ во скопско Трубарево по 52 години постоење доби нова училишна спортска сала, која е дел од владиниот проект за изградба на 180 спортски сали во земјава. Ќе ја користат 327-те ученици на училиштето, како и жителите од ова населено место. Во употреба ја пуштија премиерот Никола Груевски, министерот за образование и наука Панче Кралев, градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски.

  • Прва седница на Комитетот за туризам

    Со цел да се зајакне фокусот и поддршката на Владата за развој на туризмот во Република Македонија, како и да се обезбеди навремена реализација за Стратегијата за развој на туризмот и на проектите од програмата на Владата од оваа област...

  • Прва седница на владиниот Економски совет

    Во Владата на Република Македонија денеска се одржува првиот состанок на Економскиот совет со кој претседава премиерот Никола Груевски.
    Економскиот совет е новоформирано тело во рамки на Владата во кое постојано ќе членуваат нејзиниот претседател кој воедно ќе биде и негов претседавач, министрите од економските ресори, гувернерот на Народната банка, како и претставници на други државни институции со одредени надлежности во сферата на економските прашања.

  • Пуштено во употреба тениско игралиште во Вевчани

    Општина Вевчани денеска доби ново тениско игралиште, кое е дел од владиниот проект за изградба на 100 тениски терени во државата.
    Вредноста на инвестицијуата е пет милиони денари, а игралиштето ги има сите карактеристики потребни за одржување меѓународни тениски натпревари - осветлување, пристапни патеки, жичана ограда, целосна инфраструктурна приклученост и најсовремена подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација.

  • Груевски: Владините мерки во туризмот ги даваат ефектите, во најава и нови странски инвестиции

    Владините субвенции за тур-операторите и рекламните кампањи на светските ТВ - канали почнаа да ги даваат ефектите преку зголемениот број странски туристи во земјата. Владата во следниот период посебно ќе се фокусира на развој на туризмот, изјави премиерот Никола Груевски по денешната посета на Вевчани.
    - Туризмот добива една нова димензија затоа што е зголемен бројот на странски туристи. Според проекцијата и според реализацијата досега над 20.000 странски туристи ќе го посетат Охрид и пошироко, Македонија. Покрај посетата на Охрид, новитет е тоа што туристите што доаѓаат во Македонија сакаат да посетат и многу други места...

  • Руската фармацевтска групација „Протек“ гради фабрика во Бунарџик

    Со поставување камен-темелник денеска во слободната економска зона Бунарџик почна да се гради нова фабрика на компанијата „Продис“ дел од рускиот фармацевтски холдинг „Протек Груп“, во која ќе се произведуваат природни и здрави производи.
    Станува збор за инвестиција во вредност од пет милиони евра која ќе се одвива во две фази при што ќе обезбеди вкупно 300 нови вработувања, најави сопственикот на „Протек Груп“ Вадим Сергејевич Јакунин на поставувањето камен-темелник во присуство на премиерот Никола Груевски, вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски и претставници на други институции.

  • Премиерот Груевски оствари средба со заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Рикер

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, одговорен за Јужна и Централна Европа, г-дин Филип Рикер.
    На средбата стана збор за политички односи помеѓу двете земји кои се базирани на взаемна соработка, доверба и пријателство, а се потврдени и со Договорот за стратешко партнерство.

Pages