• Промовирани новите електронски учебници за 5-то и 6-то одделение

    Сите учебници за кои Министерството за образование и наука има авторски права, Министерството за информатичко општество и администрација ги дигитализира и ги поставува на веб порталот e-ucebnici.mk, да бидат достапни за сите ученици.
    Нови 53 учебници за петто и шесто одделение се дигитализирани и поставени на веб страницата e-ucebnici.mk. Со тоа вкупниот број учебници кои учениците можат да ги најдат и користат во електронска форма изнесува 103.

  • Делегацијата на ЕП на средба со премиерот Груевски пред состанокот на Мешовитиот комитет

    Премиерот Никола Груевски денеска во Владата имаше средба со пратеници од Делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија - ЕУ.

  • Обраќање на премиерот Груeвски по повод 100 дена Влада

    Како претседател на Владата сметам дека во изминатиот период Владата ги постигна зацртаните краткорочни цели кои се утврдени во Програмата за работа, и кои се резултат на нашите ветувања на изборите за кои народот ни ја даде довербата.

  • Република Македонија стана членка на Извршниот одбор на УНЕСКО

    Република Македонија е избрана за членка на Извршниот одбор на УНЕСКО за периодот 2011-2015 година на изборите што денеска се одржаа во рамките на 36-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз.

  • Предлог буџетот за 2012 година: Зголемени капитални расходи за 28 отсто, повеќе средства за образованието, здравството, инфраструктурата и одбраната

    Буџетот за наредната година е проектиран на 169 милијади денари, приходите се предвидени на 159 милијарди денари, а буџетскиот дефицит е 2,5 проценти од БДП. Растот на БДП е проектиран на 4,5 проценти, а инфлацијата на 2,5 отсто. Предвидено е зголемување на капиталните расходи за 28 отсто.

  • Отворена Неделата на претприемништвото во Македонија

    Во Македонија од денеска до 10-ти овој месец ќе се промовираат претприемништвото, креативноста, иновативноста, соработката и вложувањето во знаењето на младите.
    Тоа го овозможуваат „Европски ден на претприемачот“ и 3-та „Европска недела на малите и средни претпријатија 2011“ во организација на Европската бизнис асоцијација (ЕБА) и Министерството за економија што денеска официјано беа отворени.

  • Тодоров: Секој случај на лекарска негрижа или несовесно лекување мора да има правно регулиран крај

    Во врска со случајот со родилката на Клиниката за гинекологија и акушерство која имаше тешка инфекција, министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција рече дека поднел кривична пријава против непознат сторител за сторено кривично дело по член 207 од Кривичниот законик на Македонија за несовесно лекување.

  • Индустриски форум за спречување и контрола на загадувањето на животната средина

    Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска го отвори индустрискиот форум на тема „Финансирање на оперативните планови за интегрирано спречување и контрола на загадувањето“.
    Форумот, организиран од ресорното Министерство, Стопанската комора на Македонија, помогнат од Центарот за климатски промени „Норт Енерџи“ од Норвешка и Владата на Кралството во рамки на проектот за зајакнување на капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање

  • Флуктуирачкиот курс е интерес само на неколку извозни компании

    Во изминатиот период имавте повеќе средби со македонските бизнисмени на кои тие побараа и конкретни мерки за по динамичен развој на економијата? Што од тие барања можат реално да се реализираат?
    Со македонските бизнисмени имаме изградено континуирана комуникација. Сметаме дека комуникацијата меѓу Владата и бизнис-сектор е од големо значење за развојот на македонската економија и затоа во наредниот период планираме да го интензивираме оваа партнерство. Низа мерки и проекти потекнуваат токму од дијалогот меѓу овие сектори.

  • Повеќе од 4.000 советувања во Советувалиштето за сексуално и репродуктивно здравје

    Министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на УНФПА за Македонија Франсоа Фарах денеска го посетија „Советувалиштето за сексуално и репродуктивно здравје“ кое функционира во рамки на Центарот за јавно здравје-Скопје.

Pages