Иднината на здрав темел

Проектот „Иднината на здрав темел“, беше осмислен да се легализираат бесправно изградените објекти, по едно евро квадрат, кои имаат значење за државата и објектите наменети за производство, дистрибуција и сервис (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија), како и индивидуални градби со висина до 10,2 метра. Исто така можеа да се легализираат и дивоизградените делови на објектите.
Легализирањето може да се плаќа на 12 рати, а откако дивоизградениот објект ќе биде правно регулиран, ќе може да се откупи и дворното место, доколку земјиштето е во државна сопственост.
Владата се одлучи на ваков чекор, откако на трибините што се одржуваа во општините кога се презентираше текстот на прелдожениот закон, било констатирано дека дури 95 проценти од дивоградбите се на граѓани кои се или социјално загрозени, или, пак, се корисници на социјална помош.
За успешноста на проектот се целеше кон едноставност за започнување на целокупната постапка за легализација. Доволно беше да се поднесе барање до надлежната општина кое е едноставно за пополнување. Во прилог требаше да се достават само три документа: уверение за државјанство или копија од лична карта, доказ за приклучок на комунална инфраструктура, односно сметки за јавни услуги и геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект. Доколку граѓаните немаа некој од овие документи, можеше да се поднесе само барање до општината, а потоа подносителот имаше можност за надополнување на документацијата.
До законскиот рок, 3 септември 2011 година, за пријавување на нелегално изградените објекти, биле доставени над 342.000 барања за легализација. Со тоа заврши првата фаза од проектот за легализација на нелегално изградените објекти, која започна во март со донесувањето на Законот за третман на бесправно изградени објекти.
Со овој проект граѓаните на Република Македонија си ја обезбедија својата иднина и иднината на нивните поколенија, воедно овој историски проект треба да овозможи создавање јасна урбанистичка слика.

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Министерот Попоски се сретна со турскиот претседател Ѓул
Турска поддршка за Македонија пред самитот во Чикаго
Планот ист и по Чикаго - сакаме членство - тоа е заслужено
Бизнис форум Полска-Централна Европа-Кина во Варшава
Карлос Слим во посета на Македонија
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото