Изградба на 145 училишни спортски сали

Проектот на Владата на Република Македонија, изградба на 145 училишни спортски сали има за цел да ги унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците.

Овој проект опфаќа изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и тоа  30 во средните училишта и 115 спортски сали во основните училишта.

Досега се пуштени во употреба девет сали, а до крајот на 2011 година се очекува да бидат пуштени во употреба уште 13 сали. Планирано е до крајот на 2011 година да бидат пуштени во употреба или отпочнати со градба 68 сали во основните и во средните училишта. До крајот на 2014 година е предвидено да се завршат сите 145 спортски сали во основното и во средното образование.

Со проектот Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали, придобивка во смисла на обезбедени услови за спорт ќе имаат вкупно 110.000 ученици. Средствата ќе се обезбедат од буџетски извори и од меѓународни финансиски институции. 

Носители на проектот 145 училишни спортски сали се Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука. Буџетските средства кои ги обезбеди Владата за овој проект изнесуваат 4,2 милијарди денари.