Компјутер за секое дете
Владата на Република Македонија заради зголемување на ефикасноста на образовниот процес го реализира проектот Компјутер за секое дете. Станува збор за најголемата инвестиција во образованието во изминатите 17 години. Со овој проект се обезбедени 17.818 персонални компјутери, 98.710 ЛЦД-монитори, 98.710 тастатури и глувчиња и 80.892 тин-клиенти за основните и средните училишта во Македонија.
Целта на овој проект е зголемување на степенот на користење на компјутери и интернет со што ќе се подобрат информатичко-технолошките вештини на учениците, како и на нивните професори. Овој проект им овозможува на учениците да ја совладаат наставната материја во средина и начин кој одговара на стандардите на современото информатичко општество. Целта е олеснување на можноста за побрз пристап до образовните дигитални содржини и информациите што се наоѓаат на глобалната интернет мрежа. Проектот постојано ќе се надоградува, со цел учениците и наставните програми да бидат во тек со новите технологии.
Како надополнување на овој проект, односно поефикасно спроведување на компјутеризацијата на училиштата, е овозможено и спроведување на Интернет-поврзување во сите училишта во Македонија и обезбедување на Интернет-конекција до сите средни и основни училишта.
На овој начин Владата се обидува да ги приближи информатичките технологии и да го зголеми бројот на компјутери во употреба меѓу помладата генерација, која со овој проект е во чекор со своите врсници од останатите високо технолошко развиени земји.
Во насока на своите заложби за развој на образованието, Владата на Република Македонија не се фокусира единствено на основното и средното образование, туку ја согледа потребата и од високообразовни институции кои ќе нудат студиски програми усогласени со модерните текови на информатичките општества. За таа цел е основан Универзитет за информатички технологии со што се создаваат услови за зголемување на бројот на студенти по информатички технологии, како и имплементирање на стимулативни програми за намалување на одливот на оформен кадар во странство. Во рамките на овој универзитет има седум факултети и два института: Факултет за компјутерски науки и инженерство, Факултет за мрежни и комуникациски технологии, Факултет за технологии на информатичко општество, Факултет за медиумски технологии, Факултет за информациски системи и сервиси, Факултет за биомедицинско инженерство, Факултет за роботика, Институт за применети науки и технологии и Институт за базични истражувања.
Развојот на образованието во сферата на информатичките технологии, како во основното така и во високото образование ќе овозможи создавање на квалитетен кадар кој со својата научна и стручна дејност ќе даде придонес во подобрување на квалитетот на живеењето во Македонија. Дополнително тоа ќе овозможи создавање услови за привлекување на инвестиции и создавање на поволна клима за формирање на нови високотехнолошки компании, а со тоа и отворање на нови работни места.

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Министерот Попоски се сретна со турскиот претседател Ѓул
Турска поддршка за Македонија пред самитот во Чикаго
Планот ист и по Чикаго - сакаме членство - тоа е заслужено
Бизнис форум Полска-Централна Европа-Кина во Варшава
Карлос Слим во посета на Македонија
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото