Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Република Македонија е најатрактивната даночна дестинација во Европа! Даночната политика е одраз на вредносниот систем на државата.
Намалените даноци, зголемените плати и надоместок за социјална помош се пример за реформскиот капацитет и даночниот концепт на Владата на Република Македонија.
- Намалувањето на даноците го стимулира бизнисот, ја намалува сивата економија и позитивно влијае на конкурентноста на македонското стопанство.
Ниските даноци се основа за развој на приватниот сектор. За успех во бизнисот најзначајни се две работи: ниски даноци и предвидлива даночна политика. Затоа ги намаливме даноците за 10%.
Данокот на нераспределената добивка е 0%, така што остануваат повеќе средства за компаниите да го користат профитот во унапредување на своето работење, повеќе средства за инвестиции, нови работни места и економски раст.
Ќе се овозможи избор на даночен режим за малите трговски друштва со вкупен годишен приход меѓу три и шест милиони денари.
Го намаливме ДДВ за туристички услуги од 18% на 5%.
Го намаливме ДДВ на суровото масло за јадење од 18% на 5%.
Ќе продолжиме решително да се справуваме со неплаќачите на данок и да обезбедиме еднакви услови и фер конкуренција во нашето стопанство. Политиката на ниски даноци ќе продолжи и во иднина...
- Зголемени се платите на вработените во јавниот сектор.
Просечната нето-плата во Република Македонија е зголемена за 61%! Нето-платата во 2006 година изнесуваше 12 600 денари, а во 2010 година таа достигна сума од 20 303 денари. Платите во јавниот сектор во 2007 и 2008 година беа зголемени за по 10%. Исто така ќе продолжи зголемувањето на платите за: просветните работници, културните работници, социјалните и здравствените, за вработените во судството, полицијата и војската, како и за вработените во државната администрација.
Во периодот 2012-2015 година за вработените во јавниот сектор ќе има зголемување на платите од вкупно 21.3%
5% на 1.12.2012
5% на 1.12.2013
10% на 1.12.2014 година.
Со ова уште еднаш ја докажуваме грижата на Владата за вработените.
Владата продолжи со издвојување на буџетски средства за зголемување на социјалната помош и зголемување на сите други надоместоци, за најранливите категории на граѓани. Исто така, Владата ја зголеми буџетската поддршка за носителите за право на помош и нега од друго лице, помош за деца без родители и родителска грижа и другите категории на социјално ранливо население.
Порастот на социјалната помош и надоместоците е идентичен со зголемувањето на платите во јавниот сектор и во периодот 2012-2015 година тие ќе бидат зголемени за 21,3% што е најдобар показател дека Владата се грижи за оваа категорија на граѓани.

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Министерот Попоски се сретна со турскиот претседател Ѓул
Турска поддршка за Македонија пред самитот во Чикаго
Планот ист и по Чикаго - сакаме членство - тоа е заслужено
Бизнис форум Полска-Централна Европа-Кина во Варшава
Карлос Слим во посета на Македонија
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото