Отворени два нови универзитета и диспензирани студии

Отворање на нови универзитети и диспензирани студии е еден од многуте јасно  и прецизно наведени проекти, со рокови за нивно исполнување, од страна на Владата на Република Македонија што беше  успешно реализиран.

Се отворија нови универзитети, се проширија постојните, со активната кампања за образованието и спроведените реформи на образовниот процес, се обезбедија  услови за приближување кон целта една четвртина од граѓаните на Република Македонија да се стекнат со високо образование.

Во периодот од 2008 до 2010 година е основан Универзитетот „Гоце Делчев“ со седиште во Штип, основан е и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ со настава на англиски јазик и со комбинација на домашни и странски професори (претежно од САД). Универзитетот има седиште во Охрид и во неговиот состав се формирани пет факултети: Факултет за компјутерски науки и инженерство; Факултет за комуникациски мрежи и безбедност; Факултет за машинска интелигенција и роботика; Факултет за податочно рударење и визуализација; Факултет за информациски теории и анализи.

Извршено е проширување на универзитетите и на факултетите при сите државни универзитети.

Проширување на факултетите при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип: Филолошки факултет во Штип, Медицински факултет со седиште во Штип, Факултет за туризам и угостителство со седиште во Гевгелија, Технолошко-технички факултет во Пробиштип, Машински факултет со седиште во Виница, Електротехнички факултет со седиште во Радовиш. Основање на Факултетот за администрација и менаџмент на информациските системи, во состав на Универзитетот во Битола. Основање на Технолошко-техничкиот факултет, Ветеринарниот факултет и Правниот факултет во состав на универзитетот „Св. Климент Охридски“, Битола. Основање на Факултетот за безбедност во Скопје во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. Основани се Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки, како приватно-јавни непрофитни високообразовни установи, со што студентите запишани на овие факултети имаат исти права и обврски, како и студентите запишани на јавните факултети. Основан е Факултетот за бизнис-администрација со седиште во Куманово. Основан е Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во состав на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Отворени се нови дисперзирани студиски програми на сите државни универзитети низ сите поголеми населени места во Република Македонија,  со што образованието стана подостапно за македонските граѓани.

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје: Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје, дисперзирани студии по тутун во Прилеп и дисперзирани студии по градинароцвеќарство во Струмица; Економски факултет - Скопје, дисперзирани студии по финансиски менаџмент и сметководство и ревизија во Струга; Правен факултет - Скопје, дисперзирани правни студии во Велес; Природноматематички факултет - Скопје, дисперзирани студии по информатика во Крива Паланка; Градежен факултет - Скопје, дисперзирани студии по градежништво во Крива Паланка; Технолошко-металуршки факултет - Скопје, дисперзирани студии по металургија и метални материјали во Кавадарци.

Универзитет „Св.Климент Охридски“ во Битола: Правен факултет - Кичево, дисперзирани правни студии во Битола и во Струга; Технолошко-технички факултет - Велес, дисперзирани студии по прехранбена технологија и биотехнологија и процесно инженерство и прехранбена индустрија во Кичево, дисперзирана студиска програма по нутриционизам во Битола; Технички факултет - Битола, дисперзирани студии по информатика и компјутерска техника во Прилеп и во Велес; Факултет за туризам и угостителство - Охрид, дисперзирани студии по туризам, осигурување, гастрономија и хотелско-ресторанска насока во Велес, дисперзирана студиска програма за безбедност и финансиска контрола во Охрид (заедничка студиска програма со Факултетот за безбедност - Скопје).

Државен универзитет Тетово во Тетово: Правен факултет-Тетово, дисперзирани студии по правосудна насока во Скопје и Кичево, дисперзирани студии по новинарство и дисперзирана програма по политички студии во Скопје; Економски факултет - Тетово, дисперзирани студии по маркетинг и менаџмент во Струга; Факултет за бизнис и администрација - Куманово, дисперзирани студии по бизнис-администрација во Скопје и во Кичево; Филолошки факултет - Тетово, дисперзирани студии по англиски јазик и литература во Дебар и во Скопје, дисперзирани студии по германски јазик во Дебар и во Скопје, дисперзирани студии по француски јазик и литература во Дебар; Факултет за медицински науки - Тетово, дисперзирани студии по физиотерапија во Дебар.

Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип: Правен факултет - Кочани, дисперзирани студии по применета политика и дипломатија и новинарство во Штип; Педагошки факултет - Штип, дисперзирани студии по одделенска настава во Струмица; Економски факултет - Штип, дисперзирани студии по финансиски менаџмент во Струмица; Земјоделски факултет - Струмица, дисперзирани студии по енологија и лозарство во Кавадарци, дисперзирани студии по општа насока во Струмица, Свети Николе и во Штип; Факултетот по информатика - Штип, дисперзирани студии по информатика во Струмица и Берово; Факултет за природни и технички науки - Штип, дисперзирани студии по рударство во Прилеп и Скопје, дисперзирани студии по геологија во Скопје и Прилеп, логистика и компјутерски дизајн во Кавадарци; Факултет за туризам и бизнис-логистика - Гевгелија, дисперзирани студии по бизнис-логистика во Скопје и гастрономија, исхрана и диететика во Скопје и Штип; Машински факултет - Виница, дисперзирани студии по транспорт, организација и логистика во Струмица.

Донесена е одлука за вршење високообразовна дејност на странската високообразовна установа Универзитетот Френклин, Охајо, САД и остварена е соработка со Универзитетот Бостон од САД.

Грижата за еднаков и олеснет пристап до образование за сите е врвен приоритет на Владата, затоа што од процентот на квалитетни и високо-образовани кадри зависи економскиот раст, развој и стабилноста на општеството. Намалувањето на сиромаштијата и високиот процент на невработеност преку создавање на образовани индивидуи е најсигурната инвестиција во иднината на државата. Долгорочниот економски раст директно влијае за намалување на сиромаштијата  преку креирање нови работни места и преку зголемување на реалниот домашен приход.