Визна либерализација

Во периодот кога Европа ја одбележуваше 20-годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид, Европската унија го урна Шенгенскиот ѕид за македонските граѓани. Со стапувањето во сила на Одлуката на Министерскиот совет за правда и внатрешни работи за либерализација на визниот режим, граѓаните на Република Македонија веќе можат да патуваат без визи ширум Европа.
Почнувајќи од 19 декември 2009 година на граѓаните на Република Македонија повеќе не им треба виза за да патуваат во 25 земји-членки на ЕУ и три земји кои не се членки на ЕУ, но се дел од Шенген-зоната.
Со ова, Република Македонија отвори едно ново поглавје од својата историја, поглавје на перспективи, достигнувања и шанса за поголеми успеси за сите граѓани. Тоа е одличен знак дека продолжуваме да чекориме напред, дека нашата татковина постигнува прогрес, дека одиме по вистинскиот пат. Со овој чекор граѓаните на Република Македонија се приближуваат до придобивките на европската идеја. Ова е голем успех за граѓаните и институциите на Република Македонија. Ова е успех на европската идеја во Република Македонија.
Во исто време, визната либерализација претставува и сатисфакција и валоризација на сите наши досегашни напори како Влада, признание за целиот вложен труд, за посветеноста на граѓаните и нивната издржливост и силната волја да се поддржи и придвижи својата земја кон обединетото семејство на европските народи.
Од европските држави и метрополи, од европските принципи и вредности, ќе има многу што да се види, ќе произлезат многу нови идеи, ќе можеме да се споредуваме, многу полесно ќе можеме да ги имплементираме позитивните европски карактеристики. Македонија покажа дека знае да победува, дека треба да верува во себе и во своите потенцијали.
Република Македонија, врти нов лист во своето европско поглавје. Покажавме дека со силна посветеност и работа можеме да успееме. Македонија покажа дека знае да победува, дека треба да верува во себе и во своите потенцијали.

Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
Министерот Попоски се сретна со турскиот претседател Ѓул
Турска поддршка за Македонија пред самитот во Чикаго
Планот ист и по Чикаго - сакаме членство - тоа е заслужено
Бизнис форум Полска-Централна Европа-Кина во Варшава
Карлос Слим во посета на Македонија
Иднината на здрав темел
Изградба на Коридорот 10: Демир Капија - Смоквица
Реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи
Изградба на 145 училишни спортски сали
Купи куќа, купи стан
Субвенции во земјоделството
Визна либерализација
Модернизација на аеродромите и обновување на возниот парк на ЈСП Скопје
Набавка на најсовремена медицинска опрема за јавното здравство
Намалени даноци, зголемени плати и надомест за социјална помош
Компјутер за секое дете
Ден на дрвото