Образование

Унапредувањето на квалитетот на воспитно-образованиот процес во сите степени (предучилишно образование, основно образование, средно образование и високо образование) е врвен приоритет за Владата на Република Македонија со цел да се обезбедат еднакви услови за сите ученици во Република Македонија. Ќе се залагаме за зголемување на квалитетот на образованието преку осовременување на наставните програми, континуирана обука на наставниот кадар, воведување на современи методи на настава и учење, градење на јасни стандарди при следењето и вреднувањето на сите субјекти вклучени во образовниот процес, како и овозможување на личен и професионален (кариерен) развој на секој поединец во образованието.

Основно и средно образование

Во основното и средно образование особено ќе се посвети внимание на развивање и имплементирање на програми што се однесуваат на воспитната компонента на училиштата, личниот и социјалниот развој на учениците.

Клучните политики во основното образовани ќе бидат поврзани со: подигање на квалитетот на воспитно-образовниот процес преку систем на евалуација, подобрување на наставата преку подобрување на условите за работа во училиштата, континуирана обука на наставниците, подобрување на безбедноста во училиштата, обезбедување на поголема достапност на стручни лица до наставниците, учениците и родителите и зајакнување на релацијата наставник- ученик-родител, преку поактивно вклучување на родителите во работата на училиштата и нивно советување од страна на стручните служби во училиштата. Исто така, во иднина ќе се продолжи со креирање електронски образовни содржини, зајакнувањето на еколошката свест и политиките на откривање, стимулирање и работа со талентираните ученици. Во наредниот четиригодишен период ќе се промовира рана социјализација на децата преку спроведување на политика во која предучилишното воспитание и образование ќе стане дел од образовниот систем.

Клучните политики во средното образование ќе бидат поврзани со реформирање на гимназиско образование преку осовременување и растоварување на наставните планови, воведување на програма за животни вештини во средното образование, зголемување на часовите по практична настава и креирање на струки и профили во согласност со потребите на пазарот на трудот и инвестирање во унапредувањето на образовната инфрастуктура. Во наредниот четиригодишен период ќе се посвети особено внимание на инклузија на децата со посебни потреби во средното училиште, реформа на уметничкото образование преку подобрување на условите за работа и промовирање политики на рано изучување на странските јазици согласно препораките на Советот на Европа. Особено внимание ќе се посвети на промоцијата на моделот на доживотно учење и образование на возрасни како еден од методите ќе се посвети за намалување на невработеноста и сиромаштијата.

Во областа на основното и средно образование во периодот 2011-2015 година ќе се спроведат следните проекти:

  • Проект: „Е-матура‘‘, со кој ќе се обезбеди полагање на дел од матурата по електронски пат и дознавање на резултатите од полагањето веднаш (декември 2012- 2013)
  • Проект: „Советување на родители – родителска школа“, со кој ќе се овозможи зајакнување на воспитната компонента преку активно вклучување на родителите во образованието и образовниот процес. Советувањето ќе се реализира под строго определен протокол и ќе биде во правец на советување на родителот за тоа каков пристап треба да има во едукацијата и воспитувањето на своето дете (септември 2011)
  • Проект: „Информиран родител (Е-Дневник)‘‘, со цел подобрување на комуникацијата помеѓу наставниците и родителите и овозможување секојдневен и едноставен увид во дневникот на интернет. На родителите електронски ќе им бидат достапни оценките, поведението и отсуствата на децата, наставните содржини и други информации. (септември 2011)
  • Проект: „Рана социјализација‘‘, кој ќе придонесе за стекнување на клучни предучилишни знаења и подигнување на квалитетот на програмите за предучилишно воспитание (септември 2014) · Проект: „Центри за образование на возрасни‘‘, со кој ќе се овозможи возрасните да го дооформат своето образование и да се стекнат со знаења и вештини конкурентни на пазарот на трудот. Ќе се организира формално образование на возрасните во местата каде има најмногу необразовани лица, како што се: Прилеп, Штип, Куманово, Гази Баба, Струмица, Струга, Шуто Оризари, Чаир и други места каде им потреба (2012-2015)
  • Проект: „Меѓународно основно училиште‘‘, кое ќе биде основано од скопската општина во која ќе биде лоцирано, Градот Скопје и Владата на Република Македонија. Наставните планови и програми ќе се остваруваат на некој од светските странски јазици: англиски, германски и француски (септември 2014)
  • Проект: „Ја градиме образовната инфраструктура‘‘, со кој се предвидува инвестирање во опремувањето на кабинетите за стручните предмети во сите средни стручни училишта. Во гимназиите ќе се опремат кабинетите по предметите: биологија, хемија, физика, географија и математика (2011-2015)
  • Проект: „Градиме и реконструираме училишта‘‘, со кој ќе се подобрат условите за настава за околу 140.000 ученици. Во 2011 предвидена е санација на кровови во 49 училишта, санација на системите за греење во 30 училишта, замена на прозорци во 41 училиште, санација на подови во 19 училишта и санација на санитарни јазли во 53 училишта. Ќе се набават и 20.000 нови клупи и 40.000 столчиња.
  • До јуни 2012 ќе се изградат нови основни училишта во општините: Дојран, Центар Жупа Општина и дозавршување на училиште во Арачиново; а до јуни 2013 ќе се изградат нови училишта во општините: Аеродром, Општина Гази Баба и Чаир. До крајот на 2013 ќе се изгради училишта во општините Карпош и Општина Шуто Оризари, а до крајот на 2014 нови средни училишта во Арачиново и Сарај. (2012-2015)
  • Проект: „Градиме 145 училишни спортски сали‘‘, со кој се предвидува изградба 115 спортски сали во основните училишта и 30 во средни училиштата со цел да се унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците. Со реализацијата на проектот ќе се обезбедат услови за спорт за 110.000 ученици (2011-2014)
  • Проект: „Електронска проверка на знаењата на учениците“ – Секоја учебна година ќе се прави евалуација на успехот на сите ученици по електронски пат, при што резултатите нема да влијаат врз оцените на учениците, но ќе претставуваат дополнителен критериум за запишување во средно и високо образование. Целта е да се мотивираат учениците да стекнат знаења и вештини, а на наставниците услови за непристрасно и објективно оценување, без притисоци, согласно поставените стандарди за оценување (2011-2015);
  • Проект: „Енергетски ефикасни училишта‘‘, со кој при реконструкциите и градбите, ќе се стави акцент на квалитетот на термо изолацијата на објектите (2012-2015)
  • Проект: „Вешти и компетентни“ - за зголемување на применливите знаења, вештини и компетенции кои се добиваат во образовниот процес, ќе се реализираат следните активности: воведување на претприемништво во програмите на сите нивоа, зголемување на компетенциите и ефективноста на наставниот кадар, следење на излезните резултати од образованието преку ОЕЦД индикатори, вложувања за стимулирање подобри излезни резултати, партнерски однос со стопанството при стекнувањето со високи компетенции на учениците и студентите, и донесување на национална рамка на квалификации (2011-2015)
  • Проект: „Безбедни училишта“, со кој ќе се постават камери и физичко обезбедување во средните училишта. Исто така, во основните и средни училишта ќе се обучуваат наставниците и учениците за препознавање и справување со насилството (2011-2015)
  • Проект: „Формирање на Центри за обука‘‘- во состав на Бирото за развој на образованието во Скопје, Битола, Штип, Тетово и Струмица. На тој начин ќе се обезбеди поголема достапност на стручни лица до наставниците, учениците и родителите, преку овозможување стручни услуги (2012-2014)
  • Проект: „Македонски таленти‘‘, со кој ќе се детектираат надарени ученици од страна на експерти од различни области. Нивниот талент ќе се унапредува преку програми за следење на нивната работа и напредување. За учениците кои имаат музички талент во постојните основни училишта ќе се овозможи отворање на музички паралелки (2011-2015)
  • Проект: „Учиме со помош на компјутери‘‘, со кој ќе се создадат мултимедијални образовни содржини за електронско учење за определени предмети во основното и средно образование. Ќе се организираат натпревари и ќе се мотивираат наставниците и учениците да креираат електронски содржини за помасовно користење на информатичката технологија во наставата и учењето. Ќе се обезбедат 4.000 интерактивни табли за основните и 400 за средните училишта за изведувањето на наставата (2011-2015)
  • Проект: „Веб портал‘‘, со кој ќе се создаде веб портал за едукативни видео материјали кој ќе овозможи класифицирање, споделување и прилагодување на веќе постоечки едукативни видео содржини. Ќе се создаде библиотека со снимени најуспешни предавања на најдобрите наставници во Македонија и примери на добра практика од наставата, која наставниците ќе може да ја користат и разменуваат при предавањата (2011-2013)
  • Проект: „Учење преку игра‘‘, со кој ќе се развијат од 10 до 12 сериозни видео игри годишно по наставните предмети: мајчин јазик, математика, историја, биологија, хемија, географија, физика и странски јазик (2012-2015)
  • Проект: „Систем за следење на ОЕЦД индикаторите“ - ќе бидат следени индикаторите за: резултатите на образовните институции и влијанието на учењето, финансиските и човечки ресурси инвестирани во образованието, пристапот до образованието, учеството и напредокот, како и условите за учење и организација на училиштата. Анализата на овие индикатори ќе овозможи подготовка на извештаи кои ќе дадат непристрасна и објективна основа за носење на одлуките во образованието, планирање на реформите, финансирањето и евалуацијата на постигнатите резултати (2011-2015)
  • Проект: „Македонски јазик за децата на иселениците“, со кој ќе се креира посебен веб портал за учење на македонскиот јазик, со над 1.400.000 зборовни форми од македонскиот литературен јазик и апликативни вежби по граматика, морфологија и синтакса. Порталот ќе овозможи зголемување на познавањето на јазикот кај нашите иселеници и поширока популаризација на македонскиот литературен јазик (декември 2011-2015)
  • Проект: „Македонија на Wikipedia‘‘, со кој во рамките на средните училишта ќе се организира акција за формирање на секции за преведување на содржини од Wikipedia, на македонски јазик (2012-2015)
  • Проект: „Математика со логика“, во рамки на кој ќе се реализираат следните активности: 1/ Обуки на наставниците како да ја предаваат математиката на поефикасен начин со користење на стратегии и надгледни средства, а учениците ќе се поттикнуваат да размислуваат логично (2011-2015); и 2/ во гимназиското образование ќе се зголеми неделниот фонд на изучување на математиката во првите 2 години, а во средните стручни училишта наставниот предмет Математика ќе стане задолжителен во првите години за сите струки, а во трета и четврта година ќе биде изборен предмет со зголемен фонд на часови за струките што водат кон техничките и природните науки (септември 2014)
  • Проект: „Нови стипендии‘‘, со кој ќе се продолжи континуирано да се наградуваат и мотивираат учениците од јавните и приватните средни училишта (2011- 2015)

Високо образование

Високото образование е двигател на општествен развој, а иновативен високообразовен систем е предуслов за истиот. Правичниот пристап до квалитетно високо образование, во рамките на способностите на поединецот е право кое мора да биде гарантирано од јавниот сектор. Образовната политика ќе се темели на приближување на знаењата на студентите до барањата на пазарот на трудот, како и на воедначување на квалитетот на високото образование на ниво на високообразовни установи и на ниво на студиски програми, преку примената на меѓународните и европските стандарди за евалуација и самоевалуација. Политиките во високотото образование ќе бидат поврзани со целосна имплементација на европските директиви за регулираните професии особено во делот на здравството, архитектурата и ветеринарната медицина, осовременување и развивање на системот за вонредно студирање, високото образование за возрасни, зачленување на Одборот за акредитација и евалуација во Европскиот регистар за обезбедување на квалитет во високото образование (EQAR) и Европската асоцијација за квалитет во високото образование (ENQA), промоција на интердисциплинарноста во студиските програми и воспоставување и развивање на постдокторски студии во Република Македонија.

Интернационализацијата на високото образование, со цел препознавање на Република Македонија како атрактивна дестинација за странски наставници, истражувачи и студенти, како и поттикнување на мобилноста на студентите и наставниот кадар со интензивирање на активностите во програмите CEEPUS (ЦЕПУС), ERAZMUS MUNDUS и слично, со цел стекнувањето на интернационално искуство, исто така претставува значајна цел за наредниот четиригодишен период за Владата на Република Македонија. Затоа, ќе продолжи соработката со престижната академија за филм и телевизија FAMU од Прага, а во истиот контекст, ќе се обезбедат стипендии за студирање на престижни странски универзитети за сите циклуси на студии во научните полиња од особен интерес за социјалниот и економскиот развој на Македонија, како што се земјоделски науки, генетика, информатички науки и комуникациски технологии и технички науки на некој од првите 100 универзитетни на шангајската листа.

Понатаму, ќе се пристапи кон промена на моделот на стипендии за студентите и ќе се доделуваат стипендии од три типа:

  • Тип А - стипендија на министерот за образование и наука за најталентирани студенти кои имаат просечен успех над 9,00 за општествените науки, односно над 8,50 за техничките и медицинските науки (200 стипендии, во висина од 4.000 денари месечно);
  • Тип Б - студентски стипендии за студенти кои имаат просечен успех над 8,50 за општествените науки односно над 8,00 за техничките и медицинските науки, во висина од 3.000 денари;
  • Тип В –стипендии за студенти од социјални категории (1.600 стипендии во висина од 2.500 денари и
  • Доделување на 125 стипендии во висина од 5.500 денари месечно за студентите по информатика.

Во областа на високото образование во периодот 2011-2015 година ќе се спроведат следните проекти:

  • Проект: „Комерцијализација на знаењето и науката“, со кој ќе се охрабрат јавните и приватните универзитетите да го интензивираат отворањето на компании заради продажба на своите научни резултати, откритија или патенти, услуги од јавни овластувања, експертско знаење, уметнички творби и др. (декември 2013)
  • Проект: „Воведување на државна квота за II и III циклус на студии“, со кој за постдипломските студиските програми за II и III циклус на студии, односно магистарските и докторските студии кои се посебно значајни за социјалниот и економскиот напредок на земјата, ќе биде обезбедена и државна квота (септември 2012)
  • Проект: „Стипендии за студирање во странство“, со кој за сите студенти кои ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на првите 100 универзитети во светот ќе се обезбеди стипендии за студирање и престој (2011)
  • Финансиска поддршка на сите државни универзитети: Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Државниот Универзитет во Тетово, Универзитетот Гоце Делчев во Штип и Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле во Охрид.
  • Обезбедување на услови за сместување на студентите на државните универзитети преку моделот на јавно-приватно партнерство Наука, истражување и развој Истражувањата и иновациите се основа за постоење на технолошки базиран економски раст. Клучните стратешки цели за периодот 2011-2015 година се поддршка на истражувањата во сферата на информациските технологии, биотехнологиите и технологиите на материјалите кои забрзано се развиваат и ја зголемуваат продуктивноста во најзначајните сектори. Политиките ќе се темелат на нова Стратегија за научно-истражувачката дејност со која ќе се стимулира на развојот на клучните технологии, поефикасното организирање на истражувањата, зајкнување и зголемувањето на иновативните капацитети и усвојување на политики за долгорочен развој, поддршка на истражувачите во нивната интеракција со стопанството, понатамошно зајакнување на научно-истражувачката инфраструктура, прогласување на центри на извонредност, привлекување на врвни светски истражувачи, засилена промоција на концептот за трансфер на технологии од универзитетите кон стопанството, воспоставување на бази за истражувачите, финансирање на проекти за младите истражувачи, обезбедување на стипендии за II и III циклус на студии за студирање на врвни странски универзитети и обезбедување на стипендии за специјалистички студии во странство.

Во областа на наука, истражување и развој во периодот 2011-2015 година ќе се спроведат следните проекти:

  • Проект: „Лаборатории 2010/2020“, со кој ќе се обезбеди неоходната техничка инфраструктура-опрема за 190 лаборатории. На тој начин ќе се создадат услови за интензивирање на научните истражувања, публикација и размена на добиените резултати, како и овозможување на поинтензивен пристап на јавните научни и високообразовни установи до соодветните фондови на ЕУ за поддршка на научно – истражувачката работа. Истовремено, набавените лаборатории ќе обезбедат и поддршка за стопанството преку реализација на истражувачки проекти за зголемување на конкурентноста (2012-2015)
  • Проект: „Наука.мк“ - воспоставување веб портал на кој ќе се промовираат достигнувањата од научно−истражувачката работа на истражувачите од високообразованите и научни установи. Преку посебни форуми ќе се поттикнува научната расправа потреба за евалуација и конфирмација на извршените истражувања, одбрана на резултатите и генерирање на идеи за нови научни истражувања (декември 2011)
  • Проект: „Научни субвенции“, со кој сите научни работници кои ќе објават научни трудови во списание со импакт фактор (фактор на влијание) ќе им се даде еднократен надоместок (2012-2015)
  • Проект: „Творечки субвенции“, со кој за творечките активности од областите на музиката, драматургијата, сликарството, вајарството, глумата, филмот, режијата и лингвистиката ќе бидат обезбедени субвенции (2012-2015)
  • Проект: „Специјализации за лекари во странство“ - за лекарите кои ќе бидат примени на специјалистички студии на универзитетските клиники на првите 100 универзитети во светот ќе бидат обезбедени стипендии за специјализација и престој (2012-2015)
  • Проект: „Техностартери и спинаути“ - комерцијализира знаењето на универзитетите преку основање на фирми засновани на наука и технологија и давање поддршка за нивно основање од страна на студенти и наставно-научниот кадар со изразена дарба за преземање иницијативи, одговорност и ризик - техностартери (2013-2015)
  • Проект: „Патент.мк“ - преку кој ќе се стимулира заштитата и регистрацијата на патентите, координацијата и зајакнувањето на линковите помеѓу стопанството и истражувачите, како и стимулација на иновативната работа (2012)
  • Проект: „Со наука до нови фабрики“, со кој ќе се стимулираат компаниите во Република Македонија, во соработка со научните работници од високообразовните установи да аплицираат со проекти за развој на нови технологии и трансфер на знаење и искуства од технолошки понапредни земји. Основите за ваквата соработка се поставени со Законот за поттикнување и помагање на технолошкиот развој. Со отворањето на можноста за кофинансирање на проекти за развој на сопствени и нови технологии и примена на иновациите, ќе се поттикне отворањето на нови производствени капацитети и развој на економија базирана на знаење и технологија (2012-2015)

Симнете ја програмата во PDF