Дваесет и шеста седница на Владата

Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
1 Предлог-одлука за запишување на право на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Македонија во Kатастарот на недвижности.У.Бр.202/17
2 Предлог-одлука за запишување на право на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Македонија во Kатастарот на недвижности.У.Бр.201/17
3 Предлог-одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Македонија во Катастарот на недвижности.У.Бр.638/16
4 Информација за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Турција во областа на воспитно-образовниот процес и продолжување на истата преку испраќање на македонски студенти на Полицискиот Кампус во Аниттепе во Анкара, Република Турција.
5 Информација за можностите и условите за спогодбено решавање на еден предмет пред Европскиот суд за човекови права Николоски против РМ, а.бр.33874/14
6 Информација за подготовка на Седмиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација, во Скопје на 20 септември 2017 година, со Предлог заклучоци
7 Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за трансплантација во Република Македонија за 2017 година
8 Информација за исполнетост на условите на „ОАЗА АЛКАЛОИДИ“ ДОО, Штип за вршење на дејност одгледување на Cannabis во медицински цели, со Предлог-одлука
9 Информација за исполнетост на условите на „КАБА ХЕРБАЛ“ ДООЕЛ, Скопје за вршење на дејност одгледување на Cannabis во медицински цели, со Предлог-одлука
10 Информација за воспоставување одржливост на националниот одговор на ХИВ во Република Македонија во рамките на буџетот на Министерството за здравство
11 Информација согласно задолжение од Дваесет и втората седница на Владата на Република Македонија,одржана на 09.08.2017 година,а во врска со подготовка на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции
12 Информација за ревидиран Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, со ревидиран текст на Оперативен план
13 Информација за проблемот на затекнатите лица „под Кале“
14 Информација за спроведена проверка на законитоста на процесот на вработување од денот на распишување на предвремените парламентарни избори до денот на изборот на Владата на Република Македонија
15 Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на правни лица кои се должни да имаат приватно обезбедување
16 Предлог-одлука за престанок и за давање на времено користење на движна ствар на Државната изборна комисија
17 Предлог - одлука за начинот на наплата на износот за "Детска недела" во времето од 2 до 8.10.2017 година
18 Предлог-закон за изменување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, по скратена постапка
19 Информација за состојбата со пожарите кои ја зафатија Република Македонија
20 Иницијатива за измена и дополнување на Законот за вонпарнична постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 9/2008), доставенa од Народниот правобранител на Република Македонија под број 1585/15 од 29.06.2017 година, преку Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија
21  Кадровски прашања/ 26
22  Прашања и предлози/ 26
23 Информација за овозможување бесплатен пристап на новинарите до јавните исправи кои ги издаваат Централниот регистар на Република Македонија и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија (Роберт Поповски, министер без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност)
24 Декларативни заложби за слободни и фер избори
25 Предлог-програма за изменување на Програмата за превенција на кардиоваскуларните болести (КВБ) во Република Македонија за 2017 година
26 Предлог–одлука за продолжување на концесијата за експлоатација на минерална суровина – мермер на Друштвото за градежништво и трговија ГРАДБА ПРОМЕТ ДОО Кавадарци на локалитетот “Јаребички камен“, општина Кавадарци
27 Информација за реализација на манифестацијата „НОВ КУЛТУРЕН БРАН“
28 Информација со предлог-мерки за унапредување на состојбата на македонскиот јазик
29 Одлука за престанок и давање на времено користење на движна ствар на Влада на Република Македонија – Генерален секретаријат
30 Предлог-уредба за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за средното образование по општини и Градот Скопје за 2018 година
31 Предлог-уредба за методологија за утврдување на критериуми за распределба на наменски дотации за основното образование по општини за 2018 година
32 Предлог-уредба за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за основното образование по општини за 2018 година