Триесет и втора седница на Влада

Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
1 Информација за постапување по предмети за настанатите штети на движен и недвижен имот на подрачја на Скопскиот и Тетовскиот регион заради зголемен обем на врнежи и поплави (Комисија за процена и утврдување на висината на штетата на недвижниот и движен имот на подрачјата на Скопскиот и Тетовскиот регион заради зголемен обем на врнежи и поплави)
2 Информација за склучен Протокол помеѓу Царинската управа на Република Македонија и Федералната царинска служба (Руската федерација) за размена на документи и информации поврзани со царинска вредност на стока која се разменува меѓу Република Македонија и Руската Федерација и Работен план за соработка помеѓу Царинската управа на Република Македонија и Федералната царинска служба (Руска Федерација) за спречување на царински прекршоци (Царинска управа)
3 Информација за донесување на Финансиски план за изменување и дополнување на Финансискиот план на Централниот регистар на Република Македонија за 2017 година
4 Извештај за шест месеци за работата на Агенцијата за филм на Република Македонија за период од 01.01.2017 година до 30.06.2017 година
5 Извештај за работа на Институтот за стандардизација на Република Македонија за 2016 година
6 Информација со предлог-одлуки за давање на согласност на Спогодби за регулирање на меѓусебните права и обврски со вршители на дејност во заштитено подрачје - Прошетка на посетители во националниот парк Галичица, со превозно средство - пловен објект - чамец без мотор во Св. Наум
7 Инфромација во врска со склучување на договор за вработување по однос на превземената обврска од Договорот за уредување на односите меѓу АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје и извршниот член на Одбор на Директори
8 Предлог-одлука за давање согласност на Одлука за продажба на станбен простор и предлог-одлука за давање согласност на Одлука за утврдување продажнa ценa на стан наменет за продажба на ул „Партизански одреди“ бр. 153/1-11 во Скопје
9

Информација за месец ЈУЛИ, 2017 год. за реализација на проектите:
- „Бесплатен викенд за млади лица до 27 години за превоз во железнички сообраќај“
- „50% попуст за ученици и студенти“
- „Бесплатен четврток за студенти во железнички патнички сообраќај“
- „Средношколска среда“
- „Бесплатен викенд за стари лица во железнички патнички сообраќај“

10 Барање за донесување на одлука за отстапување на 500.000 литри Еуродизел БС гориво, 650,000 килограми мазут М-1 и 30,000 литри екстра лесно гориво (нафта за домаќинство) од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на Македонски Железници Транспорт АД - Скопје
11 Годишен извештај за работата на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање на услуги во воздухопловната навигација за 2016 година, со Извештај од независниот ревизор
12 Информација во врска со можностите и активностите што треба да се преземат на Агенцијата за храна и ветеринарство за воведување на 24/7 функционирање на инспекциските служби на сите граничните премини
13 Информација со ажуриран План за категоризација на одгледувалишта на молзни грла според ризик со унапредување на квалитетот на сирово млеко
14 Предлог-програма за изменување на програмата за статистички истражувања
15 Предлог-одлуки за престанок на важење на Одлуките за давање согласност на Решенијата за отстапување на привремено одземени предмети
16 Информација за спорот помеѓу компанијата НДИ од Полска со АД Гранит Скопје со најава за спор против Република Македонија
17 Информација за давање согласност за физичка делба на идеален дел од движен имот стекнат во стечајната постапка над АД за Полјоделство 14 Септември - Свети Николе, со сопственост на Република Македонија, корисник Министерство за финансии
18 Информација со Предлог за именување на Претседател на македонскиот дел на мешовитите комисии по спогодбите/договорите за економска/ трговска соработка со владите на одделни земји, со предлог-решенија
19 Информација во врска со поднесенaта иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - варовник на локалитетот „Остреж“ општина Македонски Брод и општина Долнени, со предлог-одлуки
20 Информација во врска со постапката за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - варовник на локалитетот „Долна Краста“ општина Дебарца, со предлог-одлуки
21 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објект со намена Г2-лесна индустрија КО Мислешево-вон. г.р., општина Струга
22 Информација во врска со спроведувањето на електронскиот испит по ловство, рибарство и процена на тутун
23 Информација за реализација на ИПА проектот „Изработка на студии (FS, CBA), проектна документација и волум 3, 4 и 5 од тендерската документација за инвестициски проект за собирање на отпадните води во Општина Кичево
24 Информација за измена на одобрение за повеќегодишна јавна набавка за Финансирање на активности за реализација на Проектот Третман на отпадни води во Кочани
25 Информација за потпишување на Спогодба за финансирање помеѓу Европската комисија и Владите на Република Македонија и Република Албанија за Акциската програма за преку - гранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија за 2015 - 2017 година, за алокацијата за 2017 година - ИПА 2017/038-164
26 Информација за одржан тринаесеттиот состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Македонија, што се одржа на 25.04.2017 година во Брисел
27 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката за спроведување (ЗНБП) 2016/1897 на Советот од 27 октомври 2016 година за спроведување на Одлука 2013/255/ЗНБП во врска со рестриктивни мерки против Сирија, со предлог-одлука
28 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката за спроведување (ЗНБП) 2016/1985 на Советот од 14 ноември 2016 година за спроведување на Одлука 2013/255/ЗНБП во врска со рестриктивни мерки против Сирија, со предлог-одлука
29 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2017/496 на Советот од 21 март 2017 година за изменување на Одлука 2011/172/ЗНБП за рестриктивни мерки насочени против одредени лица, субјекти и тела во однос на состојбата во Египет, со предлог-одлука
30 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката за спроведување (ЗНБП) 2017/1341 на Советот од 17 јули 2017 година за спроведување на Одлука 2013/255/ЗНБП во врска со рестриктивни мерки против Сирија, со предлог-одлука
31 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Oдлуката (ЗНБП) 2015/1333 на Советот од 31 јули 2015 година за рестриктивни мерки во однос на состојбата во Либија и за укинување на Одлука 2011/137/ЗНБП, со предлог-одлука
32 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката за спроведување (ЗНБП) 2017/1245 на Советот од 10 јули 2017 година за спроведување на Одлука 2013/255/ЗНБП во врска со рестриктивни мерки против Сирија, со предлог-одлука
33 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Oдлуката (ЗНБП) 2017/621 на Советот од 31 март 2017 година за изменување на Одлука (ЗНБП) 2015/1333 за рестриктивни мерки во однос на состојбата во Либија, со предлог-одлука
34 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2017/607 на Советот од 29 март 2017 година за изменување на Одлука 2011/173/ЗНБП за рестриктивни мерки во однос на состојбата во Босна и Херцеговина, со предлог-одлука
35 Предлог за поведување постапка за водење преговори за склучување на Протокол помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе
36 Информација за КП 5310/1 КО Центар 1 - со предлог заклучок
37 Информација за ИПА 2012 Рамковен договор Проект „Изработка на физибилити студија и техничка спецификација за набавка на опрема за институциите од областа на правда и внатрешни работи“
38 Информација за одржан тринаесетти состанок на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика помеѓу РМ и ЕУ во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација, на 14 март 2017 година, во Брисел
39 Информација со Предлог-одлука за повлекување на барања за извршување спрема припадници на Армијата на Република Македонија
40 Информација за постапување по обраќањата и препораките на Народниот правобранител упатени до Владата на република Македонија, органите на државната управа, други органи и организации што имаат јавни овластувања, во периодот мај-јуни 2017 година
41 Предлог-уредба за методологија за утврдување на критериумите за распределба на блок дотации од областа на културата во 2018 година
42 Предлог-програма за изменување на програмата за научно-истражувачката дејност за 2017 година
43 Информација за активностите во насока на имплементација на клучните мерки под димензијата Антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020
44 Информација за потпишаниот Протокол од петтото заседаниe на македонско-кинеска комисија за научна и технолошка соработка
45 Предлог-oдлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација на минерална суровина - мермер на локалитетот „Галабовец-Бела Пола” општина Прилеп
46 Предлог-одлука за давање согласност за пренос на концесија за експлоатација на минералната суровина - мермер на локалитетот „Галабовец-Нови Присад”, општина Прилеп од Трговското друштво за производство, трговија и услуги ОРТО МЕРМЕРИ ДОО увоз-извоз Скопје на Акционерското друштво за производство и преработка на мермер ФИМАР БАЛКАН АД Скопје
47 Предлог-одлука за одбивање на барањето за издавање на лиценца за приредување на игри на среќа во обложувалница на Друштвото за трговија, производство, услуги и угостителство „ТУРНИ“ увоз-извоз ДООЕЛ Кичево за деловната просторија на ул. „Булевар Ослободување“ бр.1, Кичево
48 Предлог-лиценца за приредување на игри на среќа во обложувалница на Друштвото за приредување на игри на среќа „ПУБЛИК БЕТ СПОРТ“ ДОО Скопје за деловната просторија на ул.„Наум Наумовски Борче“ бр.50/1, Скопје-Центар
49 Предлог-лиценца за приредување на игри на среќа во обложувалница на Друштвото за приредување игри на среќа „ДЕЛТА БЕТ“ ДООЕЛ Скопје за деловната просторија на ул. „Бул. Партизански Одреди“ бр.111/1-2 во Скопје
50 Одлука за остварување на право на користење на службено возило на претседателот на Владата на Република Македонија на кој му престанала функцијата
51 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во вежбовната активност „MILEX-2017”, во Обединетото Кралство
52 Предлог-одлуки за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Јавните здравствени установи: Општа болница ГЕВГЕЛИЈА, Општа болница КАВАДАРЦИ, Здравствен дом РАДОВИШ, Здравствен дом СКОПЈЕ и Здравствен дом ДЕЛЧЕВО
53 Предлог-одлука за давање во закуп на недвижна ствар со непосредна спогодба на Здружението - Национален комитет на Меѓународниот Совет за споменици и локалитети - ИКОМОС во Македонија - Скопје
54 Предлог-закон за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, по скратена постапка
55 Предлог-закон за изменување на Законот за заштита од пушењето, по скратена постапка
56 Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (I- Фаза)
57 Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ - Охрид (прва фаза)
58 Барање за давање на автентично толкување на член 8 став 1 од Законот за финансиска дисциплина, поднесено од пратеникот Хари Локвенец
59 Иницијатива поднесена од Стамен Филипов од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.68/2017, за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 4 точка 9 потточка 2, член 18 став 2 точка 1, поднасловот „Законски застапник, ортак и привремен старател на оставина“, член 21, поднасловот „Постапка за утврдување на даночна гаранција“ и член 83 од Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 105/2009, 133/2009, 145/2010, 171/2010, 53/2011, 39/2012, 84/2012, 187/2013, 15/2015 и 23/2016)
60 Иницијатива поднесена од Адвокатско друштво Тошиќ и Јефтиќ од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.75/2017, за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 230 став 2 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015 и 27/2016)
61 Понуда од нотар Симон Зафировски од Скопје за купопродажба на недвижен имот во Скопје со Имотен лист бр.10140 за КО Сарај на КП бр.13139
62 Понуда од нотар Лазар Козаровски од Скопје за купопродажба на недвижен имот во Скопје со Имотен лист бр.143 за КО Бардовци на КП бр.2126
63 Понуда од нотар Фатмир Ајрули од Град Скопје за продажба на недвижен имот, со Имотен лист бр.9868 за КО Сарај на КП бр.11801 викано место улица Сарај
64 Понуда од нотар Симон Зафироски од Скопје за купопродажба на недвижен имот во Скопје со Имотен лист бр.44607 за Ко Кисела Вода 2 на КП бр.6760
65 Понуда доставена од нотар Иво Серафимоски од Тетово за купопродажба на недвижен имот во Скопје со Имотен лист бр.35134 за КО Тетово на КП бр.13542
66 Понуда од нотар Искра Кировска од Штип за продажба на недвижен имот, со Имотен лист бр.6996 за КО Штип 1 на КП бр.1354/2 и КП бр. 1354/3 в.м. Дерман Чифлик
67 Понуда од нотар Махир Зибери Скопје за продажба на недвижен имот, со имотен лист бр.6489 КО Волково на КП бр.1894
68 Известување од извршител Антончо Коштанов именуван за подрачјето на Основниот суд Скопје 1 и Скопје 2 за заклучок за усна јавна продажба (врз основа на членовите 179 став (1), 181 став (1) и 182 став (1) од Законот за извршување), доставен под И.бр.489/16
69 Известување од извршител Игор Ромевски од Скопје за налог за извршување врз недвижност (врз основа на член 166 од Законот за извршување) под И бр.206/16
70 Кадровски прашања /32/
71 Прашања и предлози /32/
72 Информација за пројавен интерес за користење стручна помош од странски експерти на третиот Јавен повик на проектот „Странски експерти за домашни компании“
73 Информација за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Евтини летови за македонските граѓани“
74 Информација за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот за иницијативи за склучување на билатерални спогодби, меморандуми за разбирање и соработка во воздушниот транспорт со воздухопловните власти на земјите од ЕУ и светот
75 Информација за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот Изградба на карго аеродром во Штип
76 Информација за реализација на проектот Спортска академија (јануари - август 2017)
77 Информација за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Стипендии на средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада“ на јавниот повик за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни олимпијади (од 23.09.2016 до 31.08.2017 година)