48-ма седница на Владата

Напомена: Сè до почетокот на седницата, дневниот ред е подложен на промени.
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
1 Информација за прогресот и реализација на Проектот - Антенски систем за контрола и мониторинг на радиофрекфенции на територијата на РМ
2 Информација за потреба на прием во редовен работен однос на пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија и нивна обука
3 Информација во врска со проверка на сите приматели на пензии со евиденција на починати лица со цел да се утврди дали има исплата на пензии на починати лица без основ
4 Предлог-одлука за запишување на право на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Македонија во Kатастарот на недвижности.ДП.Бр.03-489/17
5 Информација во врска со Предлог-Годишен акциски план за спроведување на Националната стратегија за развој на интегрираното гранично управување 2018 година
6 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи по скратена постапка
7 Предлог-закон за ратификација на Дополнителниот Протокол 5 на Договорот за изменување и пристапување на Централно Европскиот Договор за слободна трговија
8 Предлог-закон за ратификација на Конвенцијата за трудови статистики, 1985 (С 160)
9 Информација за реализација на препораките на ГРЕКО (Група на држави против корупција) на Советот на Европа дадени со Извештајот за евалуација на Република Македонија - Четврт круг на тема: “Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите“- Втор ситуациски извештај на Република Македонија
10 Барање на Акхмет Кесер, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија
11 Барање на Ичоз Севеџен, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија
12 Барање на Халил Ирфан Бумин, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија
13 Барање на Вели Кујуџи, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија
14 Предлог-одлука за престанок на користење на недвижна ствар на Општина Крушево и Предлог-одлука за пренесување во сопственост недвижна ствар на Општина Крушево
15 Решение на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.7/2017 донесено на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 2 од Правилникот за полагање на испит за медијатори („Службен весник на Република Македонија“ бр.223/2015 и 67/2016)
16 Понуда од нотар Нерџиван Идризи од Скопје, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.2798 за КО Сингилиќ 2 на КП бр.2223 викано/место Р. Каскалиевиќ
17 Повик за свикување на Собрание на Македонски Телеком АД - Скопје
18 Кадровски прашања /48/
19 Прашања и предлози /48/
20 Информација за зголемување на придонесот на Република Македонија во мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“ во 2018 година
21 Информација со акциски план за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Кампања во општина Прилеп за рано спречување на рак на матка и дојка“
22 Информација во врска со иницијативата за измени и дополнувања за Законот за здравствена заштита и на Програмата за едукација на лекари во насока на тоа медицинската едукација да важи и за здравствени работници од приватните здравствени установи
23 Информација за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Стипендии на средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада" на јавниот повик за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни олимпијади (за периодот од септември 2017 до декември 2017 година)