Петта седница на Владата

Точка Наслов
1 Предлог до Собранието на Република Македонија за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија, врз основа на член 67 од Законот за јавното обвинителство
2 Кадровски прашања /5/
3 Прашања и предлози /5/
4 Информација за настанат климатски неповолен настан – пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град и причинети штети на земјоделски култури на 14 Јуни 2017 година во Скопскиот, Тетовскиот, Велешко – Светиниколскиот, Кумановскиот, Штипскиот и Гевгелискиот регион
5 Предлог - одлука за утврдување на дополнителна помош за исплата на загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани
6 Информација за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2017 година, со предлог одлука
7 Информација за именување на членови на Економско-социјалниот совет од страна на Владата на Република Македонија
8 Информација за разгледување на можноста за давање на трајно користење на недвижна ствар – објект на детско одморалиште „Мајски цвет“ – Струга на Министерството труд и социјална политика
9 Информација со Предлог за бројот на студенти за запишување во прва година - прв циклус на студии на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во учебната 2017/2018 година
10 Предлог – Одлука за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во учебната 2017/2018 година