64-та Седница на Владата

Седницата се одржа на: 
17.04.2018 - 10:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (471.46 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
1 Информација, со Правилници за мерките од Планот за економски раст на Владата - столб 3, со Предлог-одлуки
2 Годишна пресметка за 2017 година на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Годишен извештај за работа за 2017 година на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, со Предлог-одлука
3 Информација за Правилник за посебните барања за безбедност и барањата за составот и начинот на означувањето на збогатената храна, односно на храната на која и се додадени витамини и минерали, дополнителни задолжителни информации поврзани со особеностите на збогатената храна, како и количеството, формата и видот на витамини и минерали кои можат да се додаваат на храната, со Предлог-одлука
4 Информација за Правилник за општите и посебните барања за безбедност на храната во однос на максимално дозволените нивоа на резидуи од пестициди во или врз храната и храната за животни од растително и од животинско потекло, со Предлог-одлука
5 Конечен извештај за извршена ревизија на успешност-Ефективност на единиците на локална самоуправа во годишното планирање и реализација на годишниот план за јавни набавки
6 Информација од одржаниот состанок на Работната група формирана со Решение на Министерот за транспорт и врски со број 02 – 12001/1 од 19.12.2017 година.П.Бр.1110/15
7 Предлог-иницијатива за формирање „Национално координативно тело за изедначување на правата на лицата со попреченост во Република Македонија“ при Владата на Република Македонија, со Предлог-одлука и Предлог-решение (Предлагач: Канцеларија на претседателот на Владата)
8 Информација за измена и дополнување на намената на одобрени, а неискористени средства од Буџетот на Република Македонија, со Предлог-одлука
9 Информација за потребата од подготовка на Детална длабинска анализа на компании во државна сопственост
10 Информација за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија
11 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објект со намена А1-домување во станбени куќи КО Г Соње, општина Сопиште
12 Информација за давање на согласност за распишување на Jавен оглас бр.03/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
13 Информација во врска со постапките за доделување на концесии за експлоатација на минерална суровина – термоминерална вода на локалитетот “Банско“ општина Струмица, со предлог-одлуки
14 Информација за обесштетување на поплавените правни лица во Скопскиот регион
15 Предлог-закон за ратификација на изменувањата на Протоколот 2 кон Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција, изменет со Одлуката број 1/2018 на Мешовитиот Комитет воспоставен со Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција
16 Предлог-закон за ратификација на Спогодбата за соработка во случај на катастрофи помеѓу Република Македонија и Република Бугарија
17 Предлог-закон за поддршка на млади при купување на музички инструменти
18 Информација за добивање на одобрение за отпочнување на постапки за јавна набавка за склучување на повеќегодишни договори за изградба и надзор над изградба на ново училиште во место викано Љубош, КО Долно Количане, с.Батинци, Општина Студеничани
19 „Информација со акциски план за Проектот Реконструкција на ЈЗУ Општа болница - Струмица“
20 Информација со акциски план за Проектот за изградба на Регионална клиничка болница Штип
21 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на општина Демир Хисар
22 Барање на Билал Кара, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија
23 Предлог-одлука за престанок и давање на трајно користење на недвижни ствари на ЈЗУ УК за пулмологија Скопје
24 Предлог-одлука за престанок и давање на трајно користење на недвижни ствари на УК за детска хирургија
25 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема
26 Предлог-закон за изменување и дополнување на Закон за шумарска и ловна инспекција
27 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање
28 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија
29 Барање за давање на автентично толкување на член 11 од Законот за основното образование, („Службен весник на РМ бр. 103/08, 33/10, 44/14, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/1410/15, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016 и 67/17“), поднесено од Народниот правобранител Иџет Мемети
30 Иницијатива поднесена од Дарко Јаневски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.16/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 16 став 1 од Законот за инспекцијата на трудот („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ бр.31/1985, 51/1988, 23/1990, 17/1991 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.32/1993), член 19 став 1 во делот на зборот „осум“ и член 19 став 3 во делот на зборот „не“ од Законот за инспекцијата на трудот („Службен весник на Република Македонија“ бр.35/1997, 29/2002, 36/2011, 164/2013, 44/2014, 33/2015 и 147/2015)
31 Иницијатива поднесена од адвокат Димитар Петровски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.133/2017 за поведување на постапка за оценување на уставноста на повеќе одредби од Законот за минимална плата во Република Македонија и Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија и Решение У.бр.133/2017 донесено од Уставниот суд на Република Македонија, на седницата одржана на ден 21.02.2018 година
32 Иницијатива поднесена од Кристијан Трајковски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.12/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста на зборовите: „со правосилна пресуда“ од членот 1 став 1 алинеи 1 и 2 и зборовите: „изречена со правосилна пресуда“ од членот 2 став 2 од Законот за амнестија („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2018)
33 Понуда од нотар Ирфан Јонузовски, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.5414, Имотен лист бр.4321, Имотен лист 5413, Имотен лист бр.4318 и Имотен лист бр. 7518 за КО Бутел на КП бр.2024/1, КП бр. 2026/1 КП бр.2025, КП2027/1 и КП бр.2024/2
34 Известување од извршител Зоран Петрески од Скопје за Налог за извршување врз недвижност под И. бр.141/18 за КО Бутел
35 Кадровски прашања /64/
36 Прашања и предлози /64/
37 Извештај за финансиско работење на Јавното претпријатие за државни патишта за периодот октомври - декември 2017 година
38 Информација за 2017 год. за реализација на проектите: - „Бесплатен викенд за млади лица до 27 години за превоз во железнички сообраќај“ - „50% попуст за ученици и студенти“ - „Бесплатен четврток за студенти во железнички патнички сообраќај“ - „Средношколска среда“ - „Бесплатен викенд за стари лица во железнички патнички сообраќај“
39 Извештај за работата на Државниот завод за индустриска сопственост за 2017 година
40 Информација за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација и запишани во јавната книга на недвижности кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежното земјиште согласно поднесеното барање заведено во општина Илинден под бр.08-1131/1 од 26.05.2016 година од ОКТА АД-Скопје
41 Извештај за спроведени анализи за степенот на остварување на правата на заедниците за 2017 година
42 Завршна сметка за 2017 година на Центарот за стручно образование и обука
43 Информација од Работната група за прогресот на активностите околу решавање на проблемите на општина Пласница
44 Информација во врска со полугодишниот финансиски и оперативен Извештај за периодот јули-декември 2017 година за аеродромите „Меѓународен Аеродром Скопје“ и „Св. Апостол Павле“ - Охрид на ТАВ Македонија
45 Информација во врска со реализација на Твининг проектот:,,Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis-от во областа на квалитетот на водата“
46 Информација за укинување на Заклучокот од Владата на Република Макединија, донесен на седница одржана на 10.03.2015 година
47 Информација за постапување по предметите за надомест на штета на лица неоправдано осудени и неосновано лишени од слобода за 2017 година
48 Информација за постапување по предметите за помилување во 2017 година
49 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за кредитно биро по скратена постапка
50 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија по скратена постапка
51 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност по скратена постапка
52 Информација за статусот на реализација на мерките за подобрување на деловното окружување согласно препораките на извештајот „Doing Business 2018“ на Светска банка
53 Информација со анализа и предлог мерки за подобрување на состојбите кај индикаторот Плаќање даноци од извештајот Doing Business 2018 на Светска банка
54 Информација за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот “с.Иловица“, општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот “Иловица“, општина Босилово и општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, со Предлог–одлука
55 Информација за исполнетоста на условите за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина-бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, општина Босилово и општина Ново Село
56 Информација за досегашните активности на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и интензивирање на активностите поврзани со проектот за Универзитетскиот клинички центар на локација во општина Карпош
57 Информација за измени на Листата на медицинска опрема која претставува Анекс 3 од Договорот за заем, потпишан помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија, за спроведување на втората фаза од „ Програмата за рационализација на системот за управување и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор“.
58 Информација за утврдување на геодетски работи за посебни намени за изработка на ажурирани геодетски подлоги за плански опфат за изработка на архитектонско урбанистички проект од Урбанистичко планска документација за градби од посебен интерес со основна класа на намена В2 – здравство и социјална заштита, компатибилни класи на намена на основната и градби со класа на намена Е2 – катни гаражи
59 Информација за поведување постапка за склучување Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Република Албанија за основање Културно-информативен центар на Република Македонија во Тирана и Културно-информативен центар на Република Албанија во Скопје
60 Информација за изнајмување на облак (cloud) платформа за хостирање на системите на Министерството за информатичко општество и администрација
61 Информација за објавување на службените трошења на именуваниуте директори и заменици на директори на ЈП,самостојните органи на државната управа, правните лица со јавни овластувања, АД во државна сопственост и органите во состав на Министерствата, на официјалните веб-страници
62 Информација за отворање на Канцаларија за соработка со дијаспората во општина Штип, со Предлог-одлука
63 Информација за предлог договор за доделување на државна помош на Друштвото за производство и трговија КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Охрид
64 Информација со предлог опции за набавка на моторни возила од страна на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија
65

Предлог-годишна програма за дополнување на годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектни документации за 2018 година

66 Информација во врска со можност за започнување на нова постапка за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници