7-ма седница на Владата

Седницата се одржа на: 
19.06.2017 - 02:00
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (1.57 MB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
1  Информација за реконструкција/изградба на трибини на градскиот стадион во општина Струмица
2  Информација во врска со одржување на Годишно Собрание на акционерите на ЕВН Македонија АД, Скопје, закажано за 29.06.2017 година
3  Информација за Работен Аранжман помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Агенцијата на Европската Унија за обуки за спроведување на законот (ЦЕПОЛ)
4  Информација за формирање на совет за следење на состојбите во пензискиот систем и Предлог Одлука за формирање на Совет за следење на пензискиот систем
5  Информација со препораки до општините во Република Македонија да ги разгледаат можностите за предвидување локации за нови детски градинки, како и за изградба на нови детски градинки во рамките на иста парцела до постојните градинки
6  Предлог-одлука за утврдување на градби од посебен интерес заради изработка на урбанистичко планска документација
7  Иницијатива поднесена од Тони Нанчовски - адвокат од Ресен, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.33/2017, за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 84 ставовите 1, 2 и 3, став 7 во делот:„(3)“ и став 8 во делот: „(1)“, од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016 и 142/2016)
8  Прашања и предлози (7)
9  Информација за преземени мерки во делот на заштита на права од интелектуална сопственост за периодот од 01 јануари до 31 март 2017 година
10  Информација за можноста за посебен софтвер за внесување на податоците за сообраќајните незгоди и поврзување со базата на податоци со осигурителните компании и Националното биро за осигурување
11  Информација за регистрирани инциденти на насилство во училиштата и преземени мерки во периодот од 01 јануари до 31 март 2017 година
12  Информација за активностите на Министерството за внатрешни работи за откриени случаи на криумчарење на земјоделско-прехранбени производи и жив добиток на граничните премини и илегалните премини во периодот од 01.01.2017 до 31.03.2017 година
13  Информација за активности на Министерството за внатрешни работи за спроведување на Законот за јавна чистота во периодот од 01.01.2017 до 31.03.2017 година
14  Информација за активностите на Министерството за внатрешни работи за спречување на бесправната сеча на шуми во периодот од 01.01.2017 до 31.03.2017 година