• Промоција на македонски вина во кинескиот град Ченгду

    Владината делегација предводена од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски, во која се и министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, г-дин Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, г-дин Висар Фида, денеска(вторник 15.05.2012 година), во рамките на економската турнеја за промоција на македонските производи на странски пазари и промоција на инвестициските можности и поволностите кои Република Македонија ги нуди на странските инвеститори, организираше промоција на македонски вина од девет македонски винарии во кинескиот град Ченгду. Владината делегација во Ченгду присуствуваше и на бизнис форум на кој имаше обраќање пред присутните.

  • Три економски проекти во фокусот на средбата Груевски-Џиабао

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска во Пекинг, оствари работна средба со премиерот на Народна Република Кина, г-дин Вен Џиабао, која е втора средба во рок од две седмици, и трета во последните две години.

  • Премиерот Груевски се сретна со претседателот на Кинескиот совет за промоција меѓународната трговија

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски и владината делегација денеска (понеделник, 14 мај 2012 година) остварија средба со г-дин Фанг Џи Феи, претседател на државниот Кинески совет за промоција на меѓународната трговија.

  • Груевски на средба во кинеската „Синохидро“ - интерес пројавен за енергетиката и инфраструктурни проекти

    Владината делегација, предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, започнувајќи ја работната посета на Народна Република Кина, денеска оствари средба со делегација на кинеската државна компанија Синохидро, предводена од Џанг Јунли, претседател на компанијата.

  • Седница на Комитетот за туризам

    Комитетот за туризам при Владата на Република Македонија, вчера (четврток, 10.05.2012 година) ја одржа осмата седница со кој претседаваше заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски.

  • Писмо од премиерот Груевски до лидерите на државите членки на НАТО

    Ви се обраќам во предвечерието на Самитот на НАТО во Чикаго, на чија агенда се наоѓаат повеќе теми од значењето за колективната безбедност, како што е арапската пролет и состојбите на средниот исток, односите со Русија и транзицијата на НАТО силите во Авганистан...

  • Премиерот Груевски се сретна со управната директорка на Светска банка, Шри Мулјани Индравати

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (9 мај 2012 година) оствари средба со г-ѓа Шри Мулјани Индравати, управен директор и втор човек во Светската банка.

  • Честитка од Груевски до Баросо по повод Денот на Европа

    Почитуван Претседателе Баросо,

    Дозволете ми да Ви го честитам 9 Мај, Денот на Европа, денот кој го симболизира европското обединување и стремежот за траен мир и просперитет на нашиот континент.

  • Заклучоци од вториот Пристапен дијалог на високо ниво Република Македонија - ЕУ

    Премиерот Груевски и Комесарот Филе претседаваа со вториот Пристапен дијалог на високо ниво (ПДВН) одржан на 7 мај 2012 година. За време на разговорите беше заклучено дека Пристапниот дијалог дава значајна поддршка за пристапниот процес на земјата фокусирајќи се на реформите во клучните приоритетни области...

  • Редовна седница на владиниот Комитет за претприемништво и иновации

    Во Владата на Република Македонија денеска (четврток, 3 мај 2012 година) се одржа редовна седница на Комитетот за претприемништво и иновации со која претседаваше претседателот на Владата, г-дин Никола Груевски.

Pages