Соопштенија

  • Премиерот Груевски оствари средба со играчите и членовите на стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Македонија

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (вторник, 20.09.2011 година) оствари средба со играчите и членовите на стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Македонија.
    На средбата соговорниците разменија мислења и впечатоци за текот на европското првенство во кошарка и за позитивната атмосфера во Македонија која беше создадена како резултат на спортскиот успех.

  • Премиерот Груевски се сретна со претставници на Делегацијата Се-кинескиот Народен конгрес

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со претставници на Делегацијата на Се-кинескиот Народен Конгрес, предводена од потпретседателот на Постојаниот комитет на Се-кинескиот Народен Конгрес, г-дин Санг Гуовеи.
    На средбата беше изразено задоволството од постигнатото високо ниво на севкупните односи меѓу Република Македонија и НР Кина што ги карактеризира дух на пријателство, меѓусебно разбирање и успешна соработка...

  • Премиерот Никола Груевски се сретна се амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (среда, 14.09.2011 година), оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, г-дин Пол Волерс. Соговорниците ги афирмираа одличните односи кои владеат помеѓу двете земји, базирани на стратешкото партнерство и верувањето во исти вредности.
    Премиерот Груевски ги истакна реформите кои ги спроведува Владата, нивната динамика и определбите за нивно интензивирање. Акцентирани беа активностите за реформа на јавната администрација, судството и развој на економијата.

  • Нова инвестиција на Стил Кон во Младо Нагоричане, вредна 3.5 милиони евра

    Македонската компанија Стил Кон заедно со холандскиот партнер Герлико Груп денеска во кумановско Младо Нагоричане отвори нов современ погон за преработка на арматурно железо.
    Инвестицијата е вредна 3,5 милиони евра и со неа се очекува да се отворат околу 100 нови работни места. За нејзината реализација се обезбедени и 750.000 евра грант од Владата на Кралството Холандија. Фабриката се простира на површина од 2.600 метри квадратни, а пласманот на арматурното железо е обезбеден...

  • Конференција по повод 20 години независност на Република Македонија

    Постигнувањата на македонската држава во изминатите 20 години независност и предизвиците со кои се соочуваше, како и нејзините перспективи се теми на кои денеска дискутираат учесниците на конференцијата„20 години независна Република Македонија – постигнувања и перспективи на современата македонска држава“, што во Скопје се одржува во организација на Министерството за надворешни работи.

  • Пуштен во употреба автопатот Табановце - Куманово

    Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска по повод Денот на независноста, во придружба на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го пушти во употреба автопатот Табановце – Куманово долг 7,6 километри.

    Делницата, која е дел од Коридорот 10, се градеше во изминатите четири години. Вкупната вредност на проектот изнесува 15,5 милиони евра, а го спроведе Агенцијата за државни патишта во соработка со Светска банка.

  • Едицијата „130 тома македонска книжевност“ преведена на англиски јазик

    Изданијата од едицијата „130 тома македонска книжевност“ од денеска се достапни и на англиски јазик. Со преведените дела од капиталниот проект на светот му е овозможено да го прочита македонскиот пишан збор. Премиерот Никола Груевски на промоцијата во МАНУ рече дека капиталниот проект на Владата и Министерството за култура е панорама на македонската литература и репрезент и ризница на книжевните вредности.

  • Пуштен во употреба проширениот бул. „Св. Климент Охридски“ во центарот на Скопје

    Реконструираниот бул. „Св. Климент Охридски“ денеска беше свечено пуштен во употреба. По тримесечни градежни работи, булеварот е проширен со трета коловозна лента во двете насоки, со што значајно ќе се растовари сообраќајниот метеж во центарот на Скопје. Реконструиран е во должина од 524 метри - од крстосницата со бул. „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ до крстосницата со бул. „Партизански одреди“. Изведувач на оваа делница е ГП „Гранит“, а инвестицијата на Град Скопје е вредна 37 милиони денари.

  • Поставен камен-темелник на новата катна гаража кај „Работнички дом“

    Почна изградбата на катната гаража „Работнички дом“ во центарот на Скопје, која е петта од седумте предвидени во централното градско подрачје со Програмата на Владата. Камен-темелникот го постави премиерот Никола Груевски. Објектот е вреден осум милиони евра, со вкупна површина од 23.000 метри квадратни, од кои 20.000 метри квадратни паркинг простор за 516 возила распространет на девет надземни и еден подземен кат и деловен простор од 3.000 метри квадратни на пет нивоа. Треба да биде готов за две години.

  • Конститутивен состанок за претприемништво и иновации

    Во Владата на Република Македонија денеска се одржа конститутивниот состанок на Комитетот за претприемништво и иновации со кој претседаваше претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски. Покрај претседателот на Владата, во работата на Комитетот за претприемништво и иновации учествуваат и заменик претседателот на Владата и министер за финансии, г-дин Зоран Ставрески, заменикот претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски ...

Pages