Соопштенија

  • Oд седницата на Владата одржана на 15.11.2011 година

    Владата на Република Македонија на вчерашната редовна седница расправаше за информации, предлози за законски измени и одлуки поврзани со реформските процеси во повеќе области. Во делот на реформата на јавната администрација, Владата на вчерашната седница ја разгледуваше информацијата за воведување на систем на управување заснован на компетенции во државната служба во Република Македонија, базиран на моделот кој што се применува во Велика Британија, при што беше заклучено во наредниот период Министерство за информатичко општество и администрација да пристапи кон подготовка на оперативен план за транспонирање и адаптирање на најдобрите практики од овој модел во процесот на реформа на јавната администрација во Република Македонија.

  • Средба на премиерот Груевски со туроператорите и хотелиерите

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со претставници на хотелиерите и туристичките агенции од Република Македонија.

  • Презентирана програмата на ЕУ за мобилност и истражување „Марија Кири“

    Министерот за образование и наука Панче Кралев рече дека Република Македонија во регионални рамки успешно ги користи средствата од европските фондови.
    - Но, далеку е од нивото кое може да го искористи и од кое ние како МОН и Влада би биле задоволни. Од јануари 2007 до јануари 2011 претставници од Македонија партиципирале во 350 предлог-проекти, од кои 54 биле успешни.

  • Потпишан договор за изработка на третиот национален извештај за климатски промени

    Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Дијадре Бојд денеска потпишаа договори за изработка на третиот национален извештај за климатски промени и за користење на бугарското искуство за мониторинг, рапортирање и верификација на емисиите на стакленички гасови потребно за учество во шемата за трговија со емисии на ЕУ.

  • Целосно либерализирана трговијата на земјоделско-прехранбени производи со Албанија

    Земјоделско-прехранбените производи од Македонија и Албанија ќе се разменуваат без плаќање царина, соопшти Министерството за економија.

  • Македонија и Кина потпишаа петгодишна програма за културна соработка

    Министрите за култура на Македонија и Кина Елизабета Канческа-Милевска и Чаи Ву денеска во Пекинг потпишаа Програма за културна соработка за 2012-2017 година. Тие на средбата ги реафирмирале добрите културни врски меѓу двете земји и ги истакнале заедничките заложби за нивно интензивирање, соопшти Министерството за култура.

  • Министерот Димовски свечено го отвори 61. издание на Агрофуд 2011

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, синоќа ја отвори традиционалната саемска манифестација посветена на земјоделско-прехранбениот сектор - Агрофуд 2011.

  • Отворен Регионалниот самит на систем-оператори за пренос на електрична енергија

    Претставници на 12 систем-оператори за пренос на електрична енергија од Југоисточна Европа учествуваат на првиот регионален самит кој во организација на Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО) попладнево беше отворен во Скопје.

  • Министерот за здравство Тодоров во посета на Општа болница и Здравствен дом Кочани

    Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ги посети Општата болница и Здравствениот дом во Кочани каде што се сретна со менаџерскиот тим и направи обиколока на одделението и амбулантите.

  • Премиерот Никола Груевски оствари средба со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ, Џулијан Пил-Јејтс

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска(вторник, 15 ноември 2011 година) оствари средба со делегацијата на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), предводена од г-дин Џулијан Пил-Јејтс, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ за предвремените парламентарни избори одржани на 5 јуни 2011 година.

Pages