Соопштенија

  • Ердоган: Македонија има природно право да го користи своето име, грчкиот став е неразбирлив и неправеден

    Македонија има природно право да го користи своето уставно име под кое стана независна држава. Грчкиот став за нас е неразбирвлив и неправеден. Ние немаме разбирање за никаква додавка како горна, долна северна.Живееме во голбален свет во кој треба да преовладува мирот и разбирањето, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со претседателот на македонската Влада Никола Груевски.

  • Состанок на Меѓународниот управен комитет на Декадата на Ромите

    Во организација на Владата на Република Македонија денеска во Скопје започна 21. Меѓународен управен комитет - Декада за вклучување на Ромите 2005-2015“, на кој се разговара за можностите за унапредување на состојбата на Ромите, за декадните национални планови и стратегии и досега преземените активности. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски истакна дека вкклучувањето на Македонија во меѓународната иницијатива Декада за вклучување на Ромите е израз на нејзината волја и подготвеност ...

  • Честитка од премиерот Никола Груевски до припадниците на Еврејската верска заедница во Република Македонија

    Почитувани,
    Имам чест и особено задоволство, од името на Владата на Република Македонија и од свое лично име, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот Еврејски празник Рош Хашана и одбележувањето на почетокот на 5772 година според Вашиот календар, истовремено посакувајќи Ви претстојната година за сите претставници на Еврејската заедница да биде исполнета со радост, среќа, здравје и благосостојба.

  • Честитка од премиерот Никола Груевски по повод Денот на Бошњаците

    Почитувани припадници на бошњачката етничка заедница,
    Дозволете ми од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија да Ви ги упатам моите искрени честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците и да Ви посакам добро и празнично расположение, исполнето со многу здравје, успех, благосостојба и просперитет.

  • Премиерот Никола Груевски и владина делегација го посетија Јохан Тарчуловски

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г. Владимир Пешевски и шефот на Канцеларијата на претседателот на Владата, г. Мартин Протоѓер, денеска ( вторник, 27.09.2011 година), на враќање од престојот во Соединетите Американски Држави, го посетија Јохан Тарчуловски во затворот Диез во СР Германија.

  • Премиерот Груевски повика на обединување за решавање на проблемот со името

    Премиерот Никола Груевски денеска од Детроит повика на обединување околу проблемот со името и повтори дека не може да дојде до решение на штета на интересите на македонскиот народ.
    - Не прифаќаме никакво решение без тоа да биде одобрено на референдум од мнозинството од народот. Ниту едно или какво било решение не може да биде решение кое што ќе го загрози идентитетот на македонскиот народ, неговиот јазик - македонскиот јазик и македонската нација.

  • Попоски: Имаме можност да ги надминеме преостанатите пречки за членство во НАТО и ЕУ

    Премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Никола Попоски синоќа во Њујорк се сретнаа со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун. Министерот Попоски информира дека во разговорите Бан Ки-Мун бил запознаен со приоритетите на Владата на Република Македонија во тековниот период, за реформските напори што се прават, а станало збор и за спорот со името.

  • Во Њујорк бизнис форум „Македонија – Најконкурентна европска бизнис дестинација“

    Македонската Влада вчера во Харвард клубот во Њујорк организираше Бизнис форум за презентација на инвестициските можности на нашата земја „Македонија – Најконкурентна европска бизнис дестинација“, на кој учествуваа претставници на околу 100 американски компании.
    Премиерот Никола Груевски на форумот говореше за економската состојба во Македонија, а свое обраќање имаше и заменик премирот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски кој зборуваше за ...

  • Груевски на Генерално собрание на ОН: Ние знаеме кои сме

    Ние знаеме кои сме и како ќе живееме. Ние сме Македонци, зборуваме македонски, а нашата држава се вика Република Македонија, истакна премиерот Никола Груевски во денешниот говор на 66. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации. Премиерот подвлече дека „ние не сакаме да сме во позиција нашето име и идентитет да бидат оспорувани од една земја и секако дека ние самите тоа го немаме побарано“. Но, според него, реалноста е често пати ладна, тешка и брутална.

  • Ставрески: Светска банка на Македонија ќе и додели финансиска помош од најмалку 155 милиони долари

    Светска банка ќе и даде на Македонија финансиска поддршка оваа и следните две години во износ од 155 милиони долари за реализација на неколку крупни проекти. ММФ и Светска банка ја оценија Македонија како земја со здрави економски политики. Остварените резултати во однос на порастот на БДП, степенот на зголемување на странските директни инвестиции и високиот пораст на извозот се клучните три работи позитивно оценети.

Pages