Министерства

Tриесет мали општини и осумте Центри за развој на планските региони со средства од Европската Унија ќе подготвуваат интегрирани развојни планови, за што се обезбедени вкупно еден милион евра.       Ова финансиска поддршка е дел од проектот на Европската Унија  вреден 2,4 милиони евра, во имплементација на УНДП.

-Министерството за локална самоуправа работи на создавање на инструменти за следење на функционалноста и подигнување на развојниот капацитет на општините и подобра испорака на локалните услуги. Еден милион евра, средства од Унијата, се насочени кон 30 рурални и помали општини и кон осумте Центри за развој на планските региони. Целтта е да се поддржат  најслабо развиените општини преку подготовка на интегрирани и инклузивни развојни планови и грантови за имплементација на по еден приоритетен проект во секоја општина, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

-Капацитетите на локално ниво за обезбедување и управување со средства се сеуште ограничени, особено во малите и руралните општини. Постојат големи јазови во стандардите на живеење и можностите кои се нудат на граѓаните во урбаните и руралните области. Справувањето со овие предизвици е еден од главните приоритети на УНДП”, изјави пoстојаната претставничка на УНДП Луиза Винтон.

-Четириесет насто од средствата од ЕУ за државата, се насочуваат кон општините. Мора да продолжи дијалогот за да ги разбереме сите добро проблемите. Потребно е поголемо вклучување на младите затоа што тие полесно ги прифаќаат предизвиците, а ние сме тука да ви помогнеме, изјави Никола Бертолини, претставник од Делегацијата на Европската Унија

Грантовите ќе бидат имплементирани во општините Ранковце, Липково, Старо Нагоричане, Реарце, Боговиње, Врапчиште, Маврово и Ростуше, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Долнени, Лозово, Росоман, Свети Николе, Дебарца, Вевчани, Центар Жупа, Василево, Ново Село, Босилово, Богданци, Конче, Студеничани, Зелениково, Чучер Сандево, Зрновци, Чешиново Облешево, Виница, Пехчево и Берово, како и во осумте Центри за развој на планските региони.

Општините се избрани врз основа на реално поставени критериуми, до 20 000 жители, или пак општина со седиште во село, но и врз основа на подготвеноста на општината да преземе обврски за подготовка на стратешки план, да располага со соодветни административни капацитети и пред се да демонстрира интерес и подготвеност да работи на остварување на поставените цели.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев  учествуваше на трибина „Перспективите на македонската економија преку членство во НАТО и ЕУ“, во организација на Стопанската комора на Македонија, што денеска се одржа во Штип.

На трибината претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, иницираше дискусија за прашања врзани за темата, а вицепремиерот зборуваше за предностите и придобивките за економијата со преку евро-атланските интеграции. Тој потенцираше и издвои неколку точки каде што ефектите ќе бидат воочливи.

„Со приближувањето до НАТО и ЕУ, државата ќе има пристап до многу работи, пред сè се отвораат набавките на НАТО. Јасно е дека ние не можеме да продаваме лансирни рампи и хеликоптери, затоа што немаме производство на оружје, но можеме да продаваме други работи што ги користи НАТО во логистичките услуги, како облека, храна и слично. Тука се отвора едно поле каде што сериозно би можело да се партиципира и би имале еден сериозен ефект“, издвои потпретседателот Анѓушев.

Вицепремиерот покрај тоа што сподели конкретни позитивни примери од земји од нашата околина коишто имале придобивкиж со влегувањето во НАТО и ЕУ, со стопанствениците и бизнис заедницата ги сподели и очекувањата од европските фондови и веќе пристигнати предлози и иницијативи додека земјата се уште е во оваа фаза.

„Со присоединување во Европската Унија, може да добиеме многу. На пример кога Словенија влезе во НАТО, градоначалникот односно градот Љубљана доби 200 милиони евра помош. Доколку таква сума помош влезе во некои од нашите градови, тоа ќе значи решавање на многу проблеми. Факт е дека со самата желба да се припоиме до НАТО и ЕУ, веќе се разговара за сериозни финансиски средства од страна на Светска Банка и ЕБРД. Исто така при посетата на канцеларката Меркел беше истакната желбата од страна на Германија за сериозно да ја помогне економијата на Република Македонија, посебно со формирање на управувачки одбор од членови на двете влади и на тој начин Германија директно преку свои грантови и преку кредитирање од сопствените финансиски институции, да даде сериозен импакт кон развојот на македонската инфраструктура“, информираше Анѓушев.

Поаѓајќи од личните определби, да ја унапреди македонската економија и потребите на бизнисот во насока на побрз раст и развој, преку зголемување на инвестиционите активности, проширување на соработката на внатрешен и на меѓународен план, од присуството на трибината Анѓушев беше охрабрен што економската заедница и стопанството стои позади овој референдум.

„Пред нас се отвора една голема шанса. Охрабрува тоа што економската заедница и стопанството стои позади овој референдум. Јас и лично го поддржувам овој референдум, затоа што нема друга опција ниту решение. Мора да го направи ова и за државата, за перспективите и на економијата и на нашите деца“, заклучи вицепремиерот.

На трибината организирана од Стопанската комора на Македонија, покрај голем број стопанственици и претставници на бизнис сектор, беа присутни и претставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот на Штип, Благој Бочварски

Младите земјоделци до 40 години од денеска  ќе можат да конкурираат за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинско потекло, и  отворање на сопствен агробизнис, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој што денеска е на средби со граѓани во кавадаречкиот регион.

Министерот Николовски посочи дека мерката е преку Програмата за рурален развој за 2018, и оваа година има промени во критериумите, се со цел да им се даде шанса на невработените млади земјоделци. Конкретно, најмногу бодови при аплицирањето ќе добијат оние млади луѓе кои се невработени повеќе од две години, како и млади членови на земјоделски задруги. Исто така, за прв пат оваа година, приоритет се дава на младите луѓе кои имаат интерес да започнат или се занимаваат со сточарство, поради што во новиот повик ќе се поддржи и набавка на добиток од увоз или од признати организации, и инвестиции во опрема. Приоритет при одобрување на апликациите ќе имаат невработените, регистрираните земјоделци и оние кои имаат уредна апликација.

„Огласот е објавен денеска и ќе трае во следните 30 дена. Оваа година согласно критериумите, се фокусираме на младите луѓе кои ќе ги поддржиме со неповратни 10.000 евра. Предност имаат лицата невработени повеќе од две години, членови на земјоделски задруги, оние кои што сакаат да инвестираат во сточарството, и младите кои се занимаваат со органско производство. Токму со оваа мерка ќе придонесеме кон зголемување на добиточниот фонд, инвестиции во набавка на опрема за постбербени активности, инвестиции во опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинско потекло.Очекувам голем интерес од младите земјоделци, кои секогаш ќе ја имаат поддршката од Владата“,изјави Николовски.

Минатата година се склучија 424 договори со млади земјоделци кои добија неповратни 10.000 евра. Парите доделени беа во најголем дел беа наменети за набавка на земјоделска механизација и за инвестиции во производствени капацитети. Николовски посочи дека парарелно преку МЗШВ и Платежната агенција е започнат процесот на акредитација на Мерката за рурална јавна инфраструктура преку ИПАРД програмата, а која што е наменета за општините.

“Тоа се дополнителни 10 милиони евра за кои ќе можат да конкурираат општините на почетокот на следната година. Општината Кавадарци веќе користи финансиски средтсва од европските фондови, досега во износ од околу 4 милиони евра. Членството во НАТО и ЕУ е важно, бидејќи ќе се зголеми финансиска поддршка за преку европските фондови, за општините, што ќе придонесе за подобрување на животниот стандард и задржување на младите во нашата земја“, порача Николовски.

Во рамки на посетата на овој регион, Николовски ги посети откупните пунктови за грозје, а во текот на денот ќе има средби со лозари на кои што ќе се разговара за актуелнаа берба и откуп на грозјето, за мерките кои ги презема Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанството за развој на агро секторот, како и за придобивките што земјоделците ќе ги имаат од членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Денеска, 19.09.2018 година (среда), во 13:30 часот,  министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски ќе го отворат Дневниот центар за церебрална парализа во Прилеп. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на СР Германија Томас Герберих денеска во Скопје ја потпишаа заедничката декларација меѓу македонското МВР и германското сојузно министерство за транспорт и дигитална инфраструктура,за олеснување на постапките за меѓусебна замена  на возачките дозволи на граѓаните од Република Македонија и Сојузна Република Германија.

- Денешниот ден е многу значаен затоа што потпишуваме долгоочекуван договор, договор за кој најдовме начин да ги завршиме преговорите и да го потпишеме. Знаете дека овој процес на разговори трае многу долго и навистина сум среќен што успеавме за една година да ги отстраниме сите пречки кои што беа за да се склучи еден ваков договор- рече министерот Оливер Спасовски денеска одговарајќи на новинарско прашање за овој договор.

Овој процес со години беше заглавен во лавиринтите на меѓусебното нормативно усогласување помеѓу  надлежните служби на Република Македонија и СР Германија, без надеж за успешно решавање на отворените прашања. Граѓаните со право беа нестрпливи, затоа што со години  им беа давани празни ветувања, рече Спасовски, но од денес, со потпишувањето на Декларацијата,  ќе им  овозможиме на нашите граѓани, од двете пријателски земји, да ги користат бенефитите од меѓусебното признавање на возачките дозволи.

Такви и слични договори веќе имаме со повеќе европски земји како  Италија, Шпанија, Белгија, Романија, Чешка, Унгарија, Австрија, со  земјите од регионот - Србија, БИХ, Албанија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, а во завршна фаза се договарањата со Турција, Велика Британија, соседно Косово, како и Австралија и Нов Зеланд.

 
 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на СР Германија Томас Герберих денеска во 14:45 часот во зградата на Министерството за надворешни работи ќе ја потпишат заедничката декларација меѓу македонското МВР и германското сојузно министерство за транспорт и дигитална инфраструктура,за олеснување на   постапките за меѓусебна замена  на возачките дозволи на граѓаните од Република Македонија и Сојузна Република Германија.

„Денешниот ден е многу значаен затоа што потпишуваме долгоочекуван договор, договор за кој најдовме начин да ги завршиме преговорите и да го потпишеме. Знаете дека овој процес на разговори трае многу долго и навистина сум среќен што успеавме за една година да ги отстраниме сите пречки кои што беа за да се склучи еден ваков договор“, рече министерот Оливер Спасовски денеска одговарајќи на новинарско прашање за овој договор.

Овој процес со години беше заглавен во лавиринтите на меѓусебното нормативно усогласување помеѓу  надлежните служби на Република Македонија и СР Германија, без надеж за успешно решавање на отворените прашања. Граѓаните со право беа нестрпливи, затоа што со години  им беа давани празни ветувања, рече Спасовски, но од денес, со потпишувањето на Декларацијата, ќе им овозможиме на нашите граѓани, од двете пријателски земји, да ги користат бенефитите од меѓусебното признавање на возачките дозволи.

Од практичен аспект ова значи дека на територијата на двете земји граѓаните кои ги исполнуваат условите според Декларацијата (законски престојуваат подолго од 180-185 дена во другата земја во текот на годината, имаат важечки национални возачки дозволи и кои наполниле 18 години) ќе можат да извршат замена на националните возачки  дозволи, со валидни возачки дозволи од земјата во која престојуваат, без да бидат изложени на дополнителни  трошоци за повторно полагање на возачките испити или пак обезбедување лекарски потврди и слично. Такви и слични договори веќе имаме со повеќе европски земји како Италија, Шпанија, Белгија, Романија, Чешка, Унгарија, Австрија, со земјите од регионот - Србија, БиХ, Албанија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, а во завршна фаза се договарањата со Турција, Велика Британија, соседно Косово, како и Австралија и Нов Зеланд.

Министерот Спасовски истакна дека оваа заедничка декларација е само дел од низата билатерални и партнерски активности што од самиот почеток на македонската самостојност во континуитет ги реализираме заедно со пријателска Германија и дека е убеден дека тоа ниво и интензитет на меѓусебно уважување, заедништво и поддршка не само што ќе продолжи во наредниот период туку и дека уште повеќе ќе се интензивира, особено сега кога се направени клучните исчекори за македонско полноправно асоцирање во евро-атлантските интеграции.

Отворањето на Канцеларијата за превенција во рамки на Полициската станица Гази Баба, овде во населбата Синѓелиќ, всушност значи уште еден доказ за практичното спроведување на принципите на тесна полициска соработка со граѓаните, а во насока на заедничко и поквалитетно превенирање и решавање на проблемите во локалната заедница, рече министерот Оливер Спасовски на денешното отворање на канцеларијата за превенција заедно со градоначалникот на Гази Баба, Борис  Георгиевски.

Министерот Спасовски потенцира дека кога минатата година новото раководство на МВР јасно ги дефинира приоритетите за реформа и развој на македонската полиција, јасно беше ставено до знаење дека покрај професионалното, стручното и техничко-материјалното унапредување на Министерството за внатрешни работи, клучно ќе биде и реалното воспоставување на концептот на работа на полицијата како вистински сервис на граѓаните. Односно заживување на т.н. “Community policing“, концепт на соработка на полицијата со заедницата.

 

 

Сега граѓаните од овој дел на главниот град, преку Канцеларијата за превенција, ќе имаат можност подиректно и поефикасно да комуницираат со полициските служби, да бидат подетално информирани, но и едуцирани за разните аспекти, не само од доменот на полициското работење туку и од аспект на зголемување на степенот на личната сигурност и сигурноста на нивните материјални добра. Независно дали станува збор за заштита од тешки кражби, малолетничка деликвенција, сообраќајна безбедност или која е и да е друга проблематика. Полицијата е максимално отворена и кооперативна за се она што ги мачи граѓаните, да излезе во пресрет на сите нивни барања во надлежност на полицијата, воспоставувајќи така партнерство кое што во основа има само една цел: подобар, сигурен, безбеден и квалитетен живот на локалната заедница.

Министерот Спасовски им се заблагодари на локалните власти од општина Гази Баба, за соработката околу отварањето на оваа канцеларија, како и на мисијата на ОБСЕ за заедничките напори во целосна имплементација на концептот на “соработка на полицијата во заедницата“.

Владата на Република Македонија, со поддршка на УНДП, денеска го собра бизнис секторот на информативна бизнис средба, за да ги слушне нивните потреби за креирање на нови мерки за намалување на невработеноста и зголемување на развојот на бизнисот.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која што ја отвори дебатата истакна дека идејата на настанот е преку дијалог со бизнис заедницата да се креираат соодветни мерки со кои ќе се избалансира понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

„Во 2019 година да дадеме шанса за сите оние кои имаат образование, а се без работа, да ги прилагодиме на фактичката состојба и да ги активираме на пазарот на трудот. Дебатата е што понатаму, а за тоа можете да ни кажете најдобро вие. Оперативниот план за вработување даде одлични резултатит. Десетина мерки и програми досега се 100 процентно реализирани. Постојано се зголемуваат и парите наменети за оперативниот план. Годинава буџетот за вработување е  речиси двојно поголем од 2016 година“, истакна Царовска.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев истакна дека само мерки кои не се креирани во кабинети туку директно со бизнисите, може да дадат резултати и да се помогне на сите. Со тоа ќе се надминат два проблеми: ќе се намали невработеноста и ќе се развие стопанството, дополни Анѓушев.

„Да ги детектираме сите невработени лица, прецизно по општини, а од друга страна да се забележат потребите на стопанството, на самите компании, во истите места. Шанса за сите, мерката која сега ја дискутираме како идеја би сакале да ја моделираме на тој начин да обезбедиме ссодветна преквалификација на кадри во одредени општини, кои реално, со оглед на образованието, во догледно време, не би можеле да најдат соодветно вработување. Во некои општини, има по едно училиште, каде реално се потребни по еден до два наставника за одреден предмет, а има десетици други со исто образование, кои чекаат вработување и има компании кои имаат потреба од обучени вработени. Владата би ја поддржала преквалификацијата на овие лица, треба да бидеме оперативни и брзо да делуваме“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.

Луиза Винтон, постојана преставничка на Програмата за развој на Обединетоте нации (УНДП), потенцираше дека УНДП, преку своите проекти со националните партнери, се фокусира како најбрзо и најефикасно да се пополни недостатокот од квалификувана работна сила.

„Заедно со другите меѓународни партнери активни на ова поле, пред се Швајцарската агенција за развој и соработка, УСАИД и амбасадата на Обединетото Кралство, работиме во неколку сегменти, во правец на реформирање на стручното образование и директно инволвирање на приватниот сектор во креирање на најадекватни тренинг програми“, истакна во своето обраќање Винтон.

Билјана Јовановска, директорка на Агенцијата за вработување рече дека АВРМ и понатау ќе ја продолжи активната комуникација со бизнис секторот и ќе се залага за постојано унапредување на соработката.

„Досегашното искуство ни говори дека најефикасните мерки за бизнис секторот се креираат преку проактивни информативни средби, директна комуникација и дефинирање на клучните приоритети на долг, на краток и на среден рок. Таа пракса ќе ја следиме и понатаму“, рече Јовановска.

На денешниот настан активно се вклучија и преставници на бизнис секторот. Претседателите на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија, Бранко Азески и Неби Хоџа, дадоа поддршка за идејата за воведување на оваа нова мерка, при што ги афирмираа ставовите дека паралелно со процесот на реформи во образованието треба итно да се интервенира во процесот на неформално образование, односно во преобуки и преквалификации на невработените лица.

Општините од денеска ќе можат да аплицираат со нови капитални проекти за 8 милиони евра средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги. Министерството за финансии објави јавен повик за доделување на нова транша од проектот кој го спроведува со поддршка на Светската банка.

Со овие 8 милиони евра општините ќе можат да финансираат проекти како изградба и реконструкција на систем за водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, локална патна инфраструктура, енергетска ефикасност, изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриски зони и слични проекти. Преку Проектот за подобрување на општинските услуги, се настојува прво граѓаните да добијат подобри општински услуги и второ да се развие локалната економија.

- Илјадници граѓани во Македонија добиваат подобри услуги од својата општина благодарение на овој проект. Годишно, тоа се десетици километри нови или реконструирани локални улици, изградена или реконструирана водоводна мрежа, реконструирани речни корита, градинки, домови на култура, општински згради итн. Ова се реални проекти, со реални вредности за граѓаните - истакна неодамна министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишувањето на договори за капитални инвестиции со шест општини во рамки на овој проект.

Само преку овој проект, на годишно ниво, од јуни 2017 до јуни 2018 година, реализирани се 72 капитални проекта во 41 општина.

Проектот за подобрување на општинските услуги го спрoведува Министерството за финансии. Тој е поддржан од Светска банка со вкупен фонд од 81,1 милион евра и ИПА грант средства за рурален развој од ЕУ во износ од 14,6 милиони евра. Целта на проектот покрај подобрување на општинските услуги е  и зајакнување на капацитетите на општинската администрација за имплементирање на проектите.

Од 12 до 13 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се одржува меѓународна Конференција на тема „Стабилизирачки ефекти од процесот на евроатланска интеграција: Работиме заедно против хибридните закани“ на која ќе учествуваат претставници на НАТО, дипломатскиот кор во земјата, академската заедница и граѓанскиот сектор.

Конференцијата во својство на претседавач ја отвори Националниот координатор за НАТО интеграции, Стево Пендаровски, а свои воведни излагања имаа заменикот Претседател на Владата на Република Македонија и министер за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и Државниот секретар во Министерство за надворешни работи Виктор Димовски.

„Хибридните закани се присутни преку влијание на информациите со црна пропаганда, слабеење на логистиката на државата во важни политички процеси, оцрнување на институциите, но убедена сум дека успешно ќе се справиме со нив бидејќи граѓаните знаат добро што е вистината. Македонија е за првпат присутна на меѓународната сцена, а причина за тоа да не се криза или внатрешен или регионален судир, туку како позитивен пример кој произлезе од новиот политички курс што го одбраа граѓаните на изборите.

Хибридните закани имаат шанса кога постојат слабости во државата. Затоа ние се определивме да ставиме акцент на три важни столба: демократијата, меѓуетничките односи и членството во НАТО. Овие три цели се стратешки приоритет на државата. Нивното јакнење ги слабее сите закани па и хибридните.

На референдумот граѓаните треба да донесат одлука со која ќе се отстрани и последната пречка за членство во НАТО и забрзување на евроинтеграцијата. Станува збор за историска шанса која нема долго време да се повтори. Шанса веќе идната година да станеме полноправна членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ.

„Во тоа име како Влада испраќаме повик дека сега на Македонија и треба единство, но не само декларативно, со кое треба да покажеме дека како граѓани и лидери точно знаеме каде треба да се движи Македонија”, истакна заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и министер за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска.

На Конференцијата, свое обраќање имаше и амбасадорот Антонио Мисироли, помошник Генерален секретар на НАТО во Одделот за справување со новите безбедносни предизвици, кој говореше за сеопфатниот модел во справувањето со мултидимензионалната природа на хибридните закани, кој претпоставува користење на соодветни ресурси и координација на активностите помеѓу инволвираните страни.

Конференцијата е можност да се разменат мислења и да се пренесат искуствата на НАТО во однос на справувањето со овие предизвици на модерното време во сајбер просторот. Беа презентирани компаративните искуства на земјите од централна и источна Европа и можностите кои што стојат на располагање на државите во градењето на капацитетите за справувањето со овој феномен на модерното време.

На настанот беа разгледани и можностите за воспоставување на регионален модел со цел негова примена во справувањето со хибридните закани, имајќи ги предвид последиците од хибридно делување врз Евратланските интегративни процеси на земјите од Западен Балкан.