35-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
29.12.2020 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (710.57 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Усвојување на Записникот од 26-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 7 декември 2020 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 30-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 15 декември 2020 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 33-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 23 декември 2020 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 34-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 25 декември 2020 година
1 Записник од Седумнаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 28 декември 2020 година
2 Одлука за давање согласност на Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на две фотонапонски електроцентрали
3 Информација за донесување на Одлука за намалување на основната главнина на Трговското друштво Нафтовод ДООЕЛ Скопје, Одлука за изменување на Изјавата за основање и Одлука за покривање на загубите на „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје за 2018 година, со предлог-одлуки
4 Информација со предлог одлуки за усвојување на Годишната сметка, Годишниот извештај и Финансискиот извештај за работата на Трговско друштво Нафтовод ДООЕЛ Скопје за 2019 година и Предлог одлука за поведување на постапка за надомест на материјална штета, со Извештај од независен ревизор
5 Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2020 година
6 Информација за согласност за продажба на акциите сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот, со предлог-одлуки
7 Известување од Општина Тетово за објавен јавен повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Тетово за навака и монтажа на инвертер клима уреди за 2020 година за 1500 домаќинства
8 Предлог на Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор
9 Предлог на Закон за дополнување на Законот за јавните набавки
10 Предлог - Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2021 година
11 Информација за Барањето за склучување на Анекс кон Договорот за концесија на ТАВ Македонија
12 Информнација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објект со основна класа на намена Е2-комунална супратструктура (станица за технички преглед со пратечки содржини) КО Куманово, Општина Куманово, со Предлог-одлука
13 Предлог - одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година
14 Предлог одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година (средства во износ од 61.000.000 денари на АД Електрани на Северна Македонија)
15 Информација за одржување на платформата за електронско давање на услуги (eSDP)
16 Барање на Мазен Хаммоур, за прием на државјанство во Република Северна Македонија по член 11 од Закон за државјанство
17 Информација за одржаниот Шеснаесетти состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионална политика, во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, кој се одржа на 17 март 2020 година, преку видео конференција
18 Предлог - решение за назначување на претседател, заменик - претседател и членови на Оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот и Предлог-решение за назначување на претседател, заменик - претседател, членови, заменици - членови и секретари на Координативното тело за изготвување и следење на имплементација на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам
19 Стратегија за реформа на даночниот систем (2021-2025)
20 Предлог-уредба за изменување и дополнување на Уредбата за критериумите, начинот на давање и примање на дарови, пријавување на даровите, начинот на процена на даровите, начинот на доплата за личен дар, како и користењето, чувањето и евиденцијата на стварите што станале државна сопственост по пат на дар
21 Предлог-одлука за утврдување на максималниот износ на нето - задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2021 година
22 Предлог Одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност
23 Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година
24 Информација за подготвителниот состанок со Делегацијата на Европската унија за Програмата на економски реформи 2021-2023
25 Информација за доставено Барање број 11-8988/1 од 22.12.2020 година за регулирање на долг со воспоставување на нови кредитни услови на Јавното претпријатие за државни патишта кон Експорт-Импорт банка на Кина поради неможност за отплата на доспеаните обврски
26 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичкa планска документација за изградба на објект со намена Г4-стовариште КО Долно Седларце, Општина Брвеница, со Предлог-одлука
27 Информација за добивање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Друштво за производсво, коорпорација и трговија со земјоделски производи Врв- Златен лист-Агрохемикал ДООЕЛ Неготино, со седиште на ул.Киро Крстев бр.55, Неготино, со Предлог-одлука
28 Информација во врска со Јавниот повик за доделување на концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини и Тендерска документација за спроведување на постапката за доделување на концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини
29 Предлог – одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија (моторни возила)
30 Предлог - одлука за пренесување на право на сопственост на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија наменето за изградба на објекти на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје
31 Информација за потребата од ослободување од вишокот движни ствари - службени кучиња на Министерството за одбрана
32 Предлог-одлука за определување на објектите и зоните од значење на одбраната и зоните во кои се ограничува слободата на движењето, престојот или населувањето
33 Предлог-Одлука за отворање Почесен конзулат на Република Унгарија во Република Северна Македонија со седиште во Штип
34 Предлог-одлука за давање согласност за именување Почесен конзул на Република Унгарија во Република Северна Македонија со седиште во Штип
35 Предлог-одлука за отворање на Почесен конзулат на Република Северна Македонија во Република Косово со седиште во Гњилане
36 Предлог-решение за именување на Почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Косово со седиште во Гњилане
37 Информација за постапување по обраќањата и препораките на Народниот правобранител упатени до Владата на Република Северна Македонија, органите на државната управа и други органи и организации што имаат јавни овластувања, во периодот јули-септември 2020 година
38 Предлог-програма за изменување на програмата за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и едукација за третман и контрола на дијабетесот за 2020 година
39 Предлог-програма за изменување на Програмата за систематски прегледи на учениците и студентите во Република Северна Македонија за 2020 година
40 Предлог-програма за изменување на Програмата за партиципација при користењето на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Северна Македонија за 2020 година
41 Информација за учество на Република Северна Македонија во Транснационална Програма на Европската Унија ЕУРО-МЕД 2021-2027
42 Информација за спојување на здравствени домови со општи болници во општините каде е потребно - Прилеп
43 Информација за прогресот на имплементација на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за Интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции бр. 17-461/14 од 16.05.2019 и утврдување на обврските на Јавните Здравствени Установи за целосна реализација на договорот.
44 Предлог на закон за дополнување на Законот за научно-истражувачката дејност
45 Прашања и предлози
46 Информација за финансиските резултати и извештаи за Тутунски комбинат АД Прилеп за временски период од 1 јануари 2019 година до 31 декември 2019 година, од 1 јануари 2020 до 30 јуни 2020 година, од 1 јануари 2020г до 30 септември 2020 година и очекувани финансиски резултати за деловната 2020 година, Информација за реализација на откуп и продажба на тутун од реколта 2019 година, Информација за план за реализација на откуп на тутун од реколта 2020 година и План за откуп на тутун од реколта 2021 година и Извештај за работењето на Погон Цигари - Тутунски комбинат АД Прилеп во период јануари-октомври 2020 година
47 Извештај за финансиското работење на АД „МИА„-Скопје, за периодот од 1 јули 2020-30 септември 2020 година
48 Извештај за финансиското работење на АД „МИА„-Скопје, за периодот од 1 април 2020-30 јуни 2020 година
49 Финансиски извештај на АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје за период од 1 април 2020 година до 30 јуни 2020 година
50 Финансиски извештај на АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје за период од 1 јули 2020 година до 30 септември 2020 година
51 Информација со акциски план со точно дефинирани активности, рокови и носители за имплементација на дадените препораки од конечните извештаи на Овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи, заедно со ревизија на усогласеност за 2018 година во ЈЗУ Клиника за неврохирургија - Скопје
52 Информација за квалитет на воздухот во Република Северна Македонија за Ноември 2020 година
53 Информација за примена на Законот за правда за децата во постапувањето на овластените службени лица на Министерството за внатрешни работи во периодот од 01 јануари до 30 јуни 2020 година
54 Предлог – Програма за изменување и дополнување на програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година
55 Програма за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2020 година
56 Програма за изменување на програмата за научно-истражувачката дејност за 2020 година
57 Програма за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година
58 Информација за спроведени Јавни повици за издавање грантови за центри за странски јазици и едукативни центри за деца
59 ЦРИСТОПХЕР ХЕНСХАВВ, барање за прием во државјанство на Република Северна Македонија
60 Предлог - Одлука за давање согласност на Решението за определување на бројот на наставници во основните училишта кои можат да се стекнат со звања наставник-ментор, за фискалната 2021 година
61 Одлука за отстапување на нафтени деривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на државниот студентски дом „Никола Карев“ – Охрид
62 Предлог - Уредба за изменување и дополнување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година
63 Информација за Ревидиран Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година
64 ИНФОРМАЦИЈА од Претседавачот на Координативното тело за следење на арбитражни постапки произлезени од меѓународни договори поради потребата од именување на арбитер во ад хок арбитражната постапка поведена од Gokul das Binani и Madhu Binani против Република Северна Македонија, на ден 03.11.2020 година
65 Информација на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони за извршени градежни работи од Договорот за Јавно приватно партнерство бр. 03-68/22 од 05.04.2013 година, со ОДУ бр. 69/13 од 05.04.2013 година
66 Информација за решавање на проблемот на исплата на додатокот на степенот на кариера на административни службеници при унапредување
67 Информација за прераспределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за развој на ТИРЗ Гевгелија
68 Информација на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, со предлог заклучоци во насока на зачувување на работни места во индустриските зони
69 Програма за изменување на програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2020 година
70 Програма за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2020 година
71 Предлог – Одлука за финансиска поддршка самостојни уметници
72 Информација за Вториот годишен извештај за спроведување на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година
73 Предлог на Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година