Отворена седница на Владата

Владата на Република Македонија денеска одржува отворена седница, на која ќе расправа за повеќе теми од внатрешната и надворешната политика.

Министерите ќе информираат за сработеното во изминатиот период и за натамошното спроведување на проектите.

На дневниот ред на седницата има 142 точки. На почетокот, шефот на дипломатијата Никола Поповски информира дека по објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, Владата работи на изработка на Акциски план за отстранување на нотираните забелешки.

Акцискиот план, што треба да биде завршен и усвоен до крајот на ноември, како што посочи Поповски, ќе биде добра база за продолжување на Националната програма за прифаќање и имплементација на европското законодавство.

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери, истакна дека на десетгодишнината од потпишувањето на документот е направен биланс на направеното и е оценето оти има добар напредок во спроведувањето. Како значаен прогрес во тој правец, според него, беше амнестијата за хашките случаи. Во иднина фокусот ќе биде насочен кон зајакнување и подобрување на меѓетничките односи, како и подобрување на условите за употреба на јазиците.

Министерот за здравство Никола Тодоров реферира за спроведувањето на проектите во неговиот ресор, меѓу кои и за „Патот на пациентите“, што треба да почне од јануари 2012 година. Целта е, рече Тодоров, примарниот лекар да не може директно да ги упатува пациентите на терциерно ниво односно матичниот лекар да не може да ги препраќа во Клиничкиот центар во Скопје посебно за итните случаи, за хронични болни, за децата или за гинеколошки прегледи, бидејќи педијатрите и гинеколозите и другите лекари од примарното здравство се специјалисти во својата област. 

Министерот Иво Ивановски информираше за реформите во јавната админситрација. Посочи дека е регистриран напредок повеќе од планираното, донесени се сите закони и подзаконски акти. Посебно се осврна на проектот за молчењето на администрацијата за барањата на граѓаните. Пректот предвидува ако некој граѓанин не добие одговор во законски утврдениот рок, да има право да поведе постапка пред Управниот иснпекторат кој може да ги казни одговорниот службеник или раководители. Паричните казни достигнуваат и до 15 илјади евра, а предвидена е и кривична одговорност. Ивановски рече дека веќе пристигнуваат такви поплаки од граѓани до Управниот иснпекторат.

Добро, спроед минисетрот за информатичко општество и јавна админситрација, напредуваат и проектот за интеоперабилност меѓу државните институции во кој засега се вклучени МВР, Централниот регистар, УЈП, Царината, Агенцијата за катастер, како и проектот електронски документи, односно сите услуги кои граѓаните ги добиваат на шалтер да можат ги добиваат електронски.

Ивановски ги соопшти и резултатите за „семафорно оценување“ на админстрацијата за првата половина во октомври, кои покажуваат оти 75 отсто од граѓаните биле задоволни од услугите на институциите во кои се спроведува проектот - МВР, Катастарот, УЈП, ФЗОМ, ПИОМ.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески информира дека од поднесените на 350 илјади барања за легализација на бесправно изградените објекти, досега се решени 10 илјади предмети. Најави дека ќе одржи состанок со градоначалниците и со ЗЕЛС за тоа како тече процесот и за надминување на проблемите.

Отворената седница на Владата директно се пренесува на Собранискиот канал.