Агим Нухиу – заменик министер за правда

Агим Нухиу е роден во 1977г. во с. Слатино – Тетово. Дипломирал на Правниот факултет  на Универзитетот во Тетово, а магистрирал граѓанско право на Правниот факултет на Универзитетот во Тирана и на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина. 

Работел како вонреден професор на Правниот факултет на „Државниот универзитет“ во Тетово. Во 2015 г. станува продекан на науки на „Државниот универзитет“ во Тетово. 

Бил член на Советот за акредитација на високообразовни институции. 

Во 2011 г. е член на советодавниот комитет за спроведување на „Охридскиот рамковен договор“. Во периодот од 2011- 2015 г. член е и на Комисијата за заштита од дискриминација.

Зад себе има повеќе професионални и научни ангажмани кои се однесуваат на судскиот систем, меѓународното право и човековите права.

Во рамки на неговата политичка кариера во 2016 г. станува заменик министер за внатрешни работи,  а во 2017 година е назначен за министер за внатрешни работи во Пржинската влада.

Во периодот од 2017 – 2020 г. ја презема должноста заменик министер за внатрешни работи, а во 2020 г. ја вршеше должноста министер за внатрешни работи во Пржинската влада.