Башким Хасани – заменик-министер за одбрана

Башким Хасани е роден на 28 ноември 1980 година во с.Пирок, Тетовско.  

Основното и средното гимназиско завршува во Гостивар. 

Дипломира на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Професионалната кариера ја започнува во 2002 година како професор по физичко образование, спорт и здравје, ангажман што го извршува до 2008 година.

Во периодот од 2008 до 2013 година е директор на Националната установа „Центар за Култура – АСНОМ“ - Гостивар.

Од 2013 до 2019 година е раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот при Општина Гостивар.

Во периодот од 2019 до 2020 година е заменик-директор на Управата за финансиска полиција.

Од септември 2020 година ја извршува функцијата заменик- министер за одбрана.

Говори албански, македонски и англиски јазик.