Џабир Доко - заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците

Џабир Доко роден е на 14 Април 1989 година во Охрид.

Во 2012 година завршил студии во Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА-Скопје како Дипломиран режисер

Во 2015 година завршил студии на втор циклус во Универзитет Евро Балкан – Скопје како Магистер по студии на културата.

Во период од 2007-2009 година работел како кординатор во British Council.

Во 2011 година работел во Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА-Скопје во својство на директор на ESRAfest.

Во 2011 година работел како Асистент на режија на претставата “И јас сум Орхан“ работена според делата на Орхан каде е вработен во својство на режисер.

Во период од 2017 година до 2019 година бил ангажиран со работа во Влада во позиција Надворешен соработник.

Доко учествувал во многу конференции и семинари, и тоа: 

  • Конгрес на новинари на туркофонските земји – 2015, Јалова, Р. Турција
  • Конгрес на турскиот свет – 2014, Истанбул, Р. Турција
  • Конгрес на Евроазиска Конфедерација на Синдикати – 2017, Анкара, Р. Турција
  • Меѓународна конференција „Иднината на медиумите на туркофонскиот свет“ – 2016, Гирне, С. Кипар
  • Меѓународна конференција „Независноста на Р. Македонија и билатералните односи меѓу Р. Македонија и Р. Турција“ – 2018, Истанбул, Р. Турција
  • Политичка Академија – 2014, Институт Фридрих Еберт
  • Платформа за мултикултурализам, 2014-2018, Прогрес Институт за социјалдемократија
  • Младински Парламент, Охрид Институт за економски стратегии и меѓународни односи, 2016-2018.

Зборува турски јасик како мајчин, како и македонски јазик, англиски и српски.