Фатмире Исаки - заменик на министерот за надворешни работи

Фатмире Исаки  е родена во 1982 г. Во Тетово.  Во 2005 г. дипломирала англиски јазик и литература  наФакултетот за педагошка и методолошка обука на „Универзитетот на Југоисточна Европа“ (ЈИЕ). Во 2011 г.  магистрирала англиска книжевност  на  Филолошкиот факултет на „Државен универзитет“ во Тетово.  

Докторанд е на„Филолошки факултет Блаже Конески“ на „Универзитетот Кирил и Методиј- Скопје“.

Во периодот од 2005 -2007 г. работела како професор по англиски јазик  во неколку основни училишта во Тетово.Од 2007-2014г. работела во приватно училиште за јазици “Нетинг“.

 Од 2007 г. работела како професор по англиски јазик и книжевност  на Универзитетот во Тетово.  

Исаки учествувалa на повеќе конференции, семинари и други стручни и научни собири од меѓународен и национален карактер. Таа е автор и коавтор на повеќе стручни трудови објавени во научни списанија.

Во 2005 г. станува портпарол на ДПА, а во 2006 г. почнува да работи како претседател на форумот на жени во огранокот на  Демократска партија на Албанците, во Теарце.  Во 2017 г. е назначена за советник во советот на Општина Теарце. Во 2020 г. е назначена за претседател на „Унија на Жените на ДПА“. Истата година  ја презема должноста потпретседател на Демократската партија на Албанците, и  кандидат за пратеник на ДПА.

Фатмире Исаки збори албански, македонски, англиски и турски јазик.