Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија



Одбележување на Меѓународниот ден
на лицата со попреченост (3 декември)
[02.12.2019]

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Северна Македонија е формирано со одлука на Владата на седница одржана на 17 април 2018 година (Сл. весник бр. 69/2018 од 19.04.2018).

Националното координативно тело е составено од вкупно 14 членови и нивни заменици, претставници од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, министерства и организации на лица со попреченост. 

 

 


Министерски координативен состанок
15 ноември 2019

Формирањето на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата претставува обврска на државата согласно член 33 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост. Како национален механизам за имплементација на Конвенцијата, врши координација на министерствата и институциите под нивна надлежност за активностите кои треба да ги преземат и да ги почитуваат начелата и принципите од Конвенцијата на ООН. Исто така, Националното координативно тело соработува со лицата со попреченост и со нивните репрезентативни организации.

Воедно,  Национално координативно тело предлага и доставува мислења за законски и подзаконски акти во склад со начелата на Конвенцијата на ООН. Со својот делокруг на делување, телото директно придонесува за унапредување на човековите права на лицата со попреченост.
 

Законска рамка:

  1. Convention on the Rights of Persons with Disabilities and Optional Protocol (EN)
  2. Конвенција на ОН за правата на лицата со попреченост, 2006 (Македонски)
  3. Закон за ратификација на Конвенцијата за правата на лица со инвалидност и факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на лица со инвалидност, 2011
  4. Општи коментари на Комитетот за правата на лицата со попреченост:
  5. Заклучни согледувања од Иницијалниот извештај на Комитетот за правата на лицата со попреченост, 2018
  6. Concluding observations on the Initial report of the Committee on the rights of Persons with Disabilities, 2018 (EN)

Документи

  1. Акциски план за 2022 година за имплементација на Конвенцијата
  2. Акциски план за 2021 година за имплементација на Конвенцијата
  3. Акциски план за 2019 година за имплементација на Конвенцијата
  4. Водич за соодветно приспособување, 2014
  5. Толкувач на Меѓународната Конвенција за правата на лицата со попреченост на ООН, 2018

Годишни извештаи